Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Битолската зоолошка под клуч?

Ако на градината и' се стави катанец, над триста станари ќе мора да се селат во Скопската зоолошка

Битола - Ќе се затвора ли Зоолошката градина во Битола!? Со вакви стравувања во последниве денови живеат вработените во Зоолошката откако Ветеринарниот инспекторат, наводно, утврдил дека условите за згрижување на животните и на птиците се крајно очајни и надвор од сите стандарди. Главниот проблем е што и по шест децении од отворањето, Зоолошката во Битола, која се протега на 2,2 хектара под Тумбе-кафе, е дивоградба, а во неа досега никој не посакал да инвестира ниту една цигла.

Раководството на паркот тврди дека засега во Битола нема стигнато официјално решение што констатирала инспекцијата и дали на Зоолошката и' се заканува клуч, иако не е исклучена и таа можност доколку во догледно време не се подобрат состојбите.

Зошто по цели 60 години, најмалата зоолошка градина во Европа сместена под Тумбе-кафе не може да ги исполни европските стандарди за згрижување за животните и на птиците? Зошто наместо осовременување и проширување, паркот се донесе на ова дереџе? Зошто Општината не и' подаде рака на оваа институција? Ова се само дел од прашањата на кои вработените во паркот бараат одговор од државата и од Општината.

Ако на градината и' се стави катанец, над триста станари во паркот ќе мора да се селат во скопската Зоолошка градина, а без егзистенција остануваат девет постојано вработени и уште десетина работници на определено време.

Вработени од паркот, кои не сакаат јавно да зборуваат, велат дека решението за затворање на зоолошката ќе следува многу скоро. Според нив, ветеринарни инспектори констатирале дека во градината ги нема потребните услови за престој на животните. Нема решенија за канализација за отпадните води, целата инфраструктура е стара, кафезите се тесни или претесни за сместување на животните и имаат силна реа. Животните се инцидентно сместени, без логичен редослед. Живеалиштата не се безбедни за посетителите, особено за децата. Но, ниту животните не се безбедни од посетителите. Битолчани се сеќаваат дека единствениот алигатор во градината пцовиса откако несовесен посетител со прачка му ги избоде очите. Во зоолошката нема соодветен кадар. Нема вработен ветеринар, тој се повикува по потреба, нема биолог, а нема ни едукативен центар. „Неколку недели сме загрижени и во неизвеснот дали ќе се затвори Зоолошката и што ќе биде со нас. Градината со години е оставена на милост и немилост на државата. Толку години сум на работа, а не паметам нешто посериозно да се вложило во неа. Едвај со донации и наши средства раководството успеа да реконструира неколку кафези, но тоа не е доволно“, велат загрижени работници од Зоолошката.

За да биде ситуацијата подраматична, минатата недела силниот ветер откорна два покрива на живеалишта во паркот што беа од тврда градба. Но, за среќа, немаше повредени животни.

Каква ќе биде судбината на Зоолошката градина во Битола е проблем што го загрижува и раководството на паркот. Директорот Коста Нешковски неделава беше во Скопје за да ги добие сите информации што понатаму со Зоолошката во Битола. „Немаме се' уште документ кој е заклучокот од Ветерниранта инспекција, но се знае дека условите не се онакви какви што треба да бидат. Ова е наследена состојба. Меѓутоа, веруваме дека не' чекаат подобри времиња, бидејќи зоолошката е влезена во ДУП за Тумбе-кафе“, рече Нешковски, кој на чело на оваа инсти��уција е шест месеци.

Според екологистите, постојат причини и за и против затворање на Зоолошката во Битола. Нешат Аземовски од Граѓанската асоцијација „Бисфера“ вели дека оваа зоолошка е значајна, бидејќи е единствена на потегот Скопје - Солун. „Ако не се променат условите за престој и живеење на животните согласно со европските директиви, Македонија ќе биде обврзана да ја затвори зоолошката или да ја пренамени со локални видови животни што би имале соодветни услови за живот. Значи, ќе имаме волк, лисица и мечка, но никако тигар, лав или други егзотични животни. Во тој случај, таа би ја загубила атрактивноста за посетителите“, вели Аземовски.

Единствената атракција што пред неколку години им ја приреди зоолошката градина на битолчани беше трката со магариња. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 860 пати.

Испрати коментар

Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 09.12.2010 12:57:20
Мизерно за читање. Ова е одраз на нашата култура. Менталитет на нехуманост. Комплетна мизерија. Приодот кон животните, е еднаков како приодот и кон човеците. Зошто ги мачите кутрите животни, кога немате елементарни услови за чување на истите?
Од: venera
Датум: 09.12.2010 16:13:13
ITNO ZATVARANJE! ova e nesto najpozitivno sto go imam procitano do sega. Tie kutri zivotni so godini se izmacuvani, sto od prostorot, nehigienata, sto od idioti na posetiteli. Pred izvesno vreme imase snimka kade orel umira, go snimale....nitu veterinar viknaa, nitu nisto. Gospod samo znae kolku vreme se macese dodeka ispusti dusa!
Од: tatjana
Датум: 09.12.2010 16:19:53
nemam komentar propadnata drzava sme stvarno za nesto se grizime a sto raboti pozadi nas propagaat ne e golem problem da nemoze da se resi ama na nikoj ne mu e gajle izgleda vnatre se zivotni i sto ne briga........sramota
Од: JOVAN
Датум: 10.12.2010 00:19:56
VOovoj slucaj moze da bide obratno ZIVOTINITE moze da mislat deka lugeto se ZIVOTINI . Drzavata nemoze da go narani narodot Narodod gladuva a vo bitola ke ranele zivotini

Најди! во Утрински
Македонија
Опасно е да се вози по кањонот на Радика
И нашите се запалија по романтични венчавки
Велешкиот суд доби претседател
Штипските доктори штрајкуваа
Раотинчани ја чистат тињата од домовите
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud