Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија
Велешкиот суд доби претседател

Еден ден пред празникот, а по пет неуспешни обиди, велешкиот суд, конечно, доби нов претседател. На последната седница на Судскиот совет, која се одржа по три месеци пауза, за раководител на велешкиот суд е избран поранешниот претседател Јордан Лазаров.

Струмичкиот суд и по последниот, којзнае по кој ред оглас, и натаму останува со в.д претседател, бидејќи на последните шест конкурси не се јавува ниту еден од судиите. Нов претседател не доби ни радовишкиот Основен суд, бидејќи ниту еден од двајцата пријавени кандидати не го доби потребното двотретинско мнозинство, односно 10 гласа од 15 члена на Советот.

Најголем интерес, сепак, предизвика изборот на двајца судии во скопскиот Апелационен суд. Од 40-ина пријавени кандидати, од кои 11 добија поддршка за втор круг, потребното мнозинство го доби само судијката од Основен суд -Скопје 2, Јованка Никодиновска, која го доби максималниот број гласови од сите петнаесет члена на Советот.

Советот избра и тројца судии во Управниот суд, а тоа се: Едита Насковска, Виолета Богоевска и Радица Василевска. Битолски апелационен судија стана Аце Бакиевски, а четири нови судии доби и Основниот суд во Битола - Хаџо Тариќ, Љупчо Савески, Снежана Дојчиновска и Ристо Сотиров. За судија во струшкиот суд, пак, беше избран кандидатот Севди Каба.

Од шеесетмина пријавени кандидати за Основниот суд во Скопје 1, потребната поддршка ја доби само кандидатот од малцинските заедници Хамди Рефет Бафтијари, за кого беше спроведено двојно гласање. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 518 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 09.12.2010 17:05:12
E....kako ke se javat konkurenti za predsedateli na sudovi vo provincija pa ne se tie budali dosle od provincija da studiraat i gradani da stanat....Ajde da se objavi od tie orda prijaveni kandidati vo skopskite sudovi koje roden e vo Skopje ili nivnite roditeli ..retko koj ..situacija ista vo prenatrupanite butelski grobista tesko da najdes roden vo Skopje umrel vo Skopje...zboram za populacija na seesetgodisnici...samo Stipjani Strumicani Prilepcani Bitolcani...dojde red nie starite Skopjani da se zakopuvame vo nivnite gradovi....ako ne primat taka radosno kako na nas sto ni se protnaa niz prsti....!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Опасно е да се вози по кањонот на Радика
И нашите се запалија по романтични венчавки
Битолската зоолошка под клуч?
Штипските доктори штрајкуваа
Раотинчани ја чистат тињата од домовите
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud