Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

ДУИ останува на барањето албанскиот да биде службен јазик

Во владината програма за јазикот нема ниту збор. Освен една реченица дека ќе се спроведе Рамковниот документ

Оливера Војновска

Демократската унија за интеграции останува на своите барања за издигнување на албанскиот како службен јазик во Македонија, решавање на статусот на борците на поранешната ОНА, како и корекции на Законот за полиција. Наспроти ваквиот став на ДУИ, во владината програма за ова нема нема ниту збор. Освен една реченица дека ќе доврши имплементацијата на Рамковниот документ. Сепак, ДУИ смета дека новата влада ќе биде влада на стабилност, а ВМРО-ДПМНЕ е уверена дека ќе има капацитет да ги реализира зацртаните програмски приоритети. Опозиската СДСМ, пак, вчера немаше никаков коментар ниту за програмата што ја достави мандатарот Никола Груевски изминатиот викенд во Собранието, ниту за составот на Владата.

Портпаролката на ДУИ, пратеничката Ермира Мехмети, вчера во парламентот изјави дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ ќе биде влада на стабилност, ќе ужива двоен легитимитет и ќе претставува одраз на победата на најголемите партии во двата најголеми етнички блока. „Влада која има легитимитет е влада која има капацитет да ги спроведе сите тешки политички прашања и одлуки. Рамковниот договор во корен го измени политичкиот систем во Република Македонија. Тој процес трае, а за ДУИ е клучно тоа што на новата влада нема да и' недостига посветеност за спроведување на Охридскиот договор“, нагласи таа. Мехмети подвлече дека ДУИ и како опозиција активно преговарала со ВМРО-ДПМНЕ во обид за хармонизирање на ставовите за чувствителните прашања. „Преговорите продолжуваат, но сега во нов формат на владини партнери. И ние немаме сомнение дека ќе се изнајде решени�� кое ќе биде одраз на потребите на граѓаните. Нашите забелешки за Законот за полиција остануваат и ние и натаму ќе работиме за хармонизација на разликите и усогласување на ставовите за спроведување на законот“, рече таа. На новинарско прашање што не е завршено, односно имплементирано од Рамковниот договор и што договориле конкретно Груевски и Ахмети, Мехмети рече: „Постигнување целосна правична застапеност во јавната администрација, прашањето на употреба на јазиците како едно од клучните столбови на Рамковниот документ, довршување на процесот на децентарализацијата и изнаоѓање решение за жртвите од конфликтот во 2001 година“. Прашана дали ДУИ останува на барањето албанскиот да биде службен јазик во Македонија, Мехмети одговори: „И во Рамковниот договор постои рамка и се дава можност за службена употреба на албанскиот јазик. Тоа е сосема легитимно прашање и не се коси со одредбите. Имаме проект, предлог-решение како треба да биде уредена службената употреба на албанскиот, кој уште во јануари е доставено до ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на тој предлог, преговаравме десет месец и нашите партнери ги знаат нашите ставови за тоа како треба да биде решено прашањето за јазикот“.

Во врска со ваквите тврдења на Мехмети, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Илија Димовски, само кусо рече дека „Владата на Република Македонија ќе го има целокупниот капацитет да ги преземе обврските што стојат во владината програма“. Притоа, тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ јасно го кажала својот став за споменатите прашања пред десет дена кога се објави владината коалиција.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш официјално соопшти дека ќе има мораториум на измените на Законот за полиција и на Законот за симболите, дека донесувањето закон за јазиците ќе биде во согласност со Уставот и Охридскиот договор, а прашањето на жртвите од конфликтот во 2001 година да се реши во рамки на постојните закони без носење нов закон.

За обвинувањата на ДПА, пак, дека новата влада нема да ги реализира албанските барања, Мехмети и' порача на партијата на Тачи да се занимава со себе и да ја напушти арогантната и агресивната политика. „ДПА никогаш не победила на избори, тоа е партија која влезе и излезе од Владата без никакво барање, па нема морално право да се залага за решение на кое било прашање што ги засега Албанците“, додаде таа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува одлуката на ДПА за бојкотирање на парламентот, а за ставот на партијата на Мендух Тачи дека „Владата ќе ја спроведува програмата на ВМРО-ДПМНЕ и дека нема да ги исполни албанските барања“, Димовски рече дека „тоа е нивно мислење“.


Статијата е прочитана 1383 пати.

Испрати коментар

Од: pegasus
Датум: 15.07.2008 00:59:40
ALI AHMETI e lider sto mu donese na albancite pobeda , samodoverba,sreqa , nacionalno edinstvo. pa i jazikot e kluqen element za opstanok na eden narod zatoa bez problemi ke bide donesen zakonot so sto albanskiot jazik ke bide sluzben vo mak. majskiot dog. mora da bide zavrsen ednas za sekogas ako sakame da poqneme da mislime za ekonomija,ako ne ke prodolzi tranzicijata.............pa mislete mu ja.........
Од: jimmy1
Датум: 15.07.2008 01:06:28
Sega koga se vo vladata imate sansa da gi soberite poveketo od DUI i site vo zatvor. Tie se glupavi, kako mozi albanskiot jazik da bide vtor sluzben jazik vo drzavat, i koj status treba da se resi za teroristi i ubijci. Oh treba da se resi, odzemanje na amnestijata i site da se zatvorat, takov plevel ne treba da bide vo vladata.
Од: eden diasporec
Датум: 15.07.2008 03:17:29
Albanskiot jazik e sluzben vo Albania,a Makedonskiot vo Makedonia!Bugarskiot vo Bugaria i taka natamu i taka natamu..
Од: spase - australias
Датум: 15.07.2008 05:08:02
vmro ako voopsto sakate ugledot da vi ostane site baranja na albancite neka gi koordinira so evropski politicari i da bara potvrda od niv ako se davaat prava na takvo malcinstvo vo makedonija istoto neka se napravi na zemjata od kade sto dosle samo toa e ispravna politika drugo sve e djubre politika ili strategija nema davanje sve sto ke posakaat pa ne sme nie zlatna riba i ke ispolnuvame zelbi ili radio programa na zelbi i cestitki sto e so makedoncite vo albanija vo grcija vo bugarija koga ke se otvorat tie prasanja togas ke se vidi vaka evropskite diplomati treba da se direkno vkluceni vo ovoj proces.
Од: Aleksandar
Датум: 15.07.2008 07:07:37
Ali pazete,ne sakaat albanskiot jazik da bide vtor sluzben jazik vo Makedonija,tuku sluzben jazik kako makedonskiot.Toa ti e,im davas prst raka ti secat.Jas licno da procitam vo stranstvo deka albanskiot e sluzben jazik vo Makedonija vednas se otkazuvam od makedonskoto drzavjanstvo,pod hitno.Barem nema da se brukam.
Од: luli
Датум: 15.07.2008 07:23:07
od vmro-dpmne ne trebat poveke zborovi osven da se SPROVEDE RAMKOVNIOT DOGOVOR,DUI toa go bara i nishto poveke
Од: Enver-i
Датум: 15.07.2008 08:42:51
Vistina,qe bide sluzhben ALBANSKIOT JAZIK.Ta golema vistina go kazha ALBANCITE na izborite ALI AHMETI qe bide toj koj qe ja sprovede na dello ovo baranje na ALBANCITE.
Од: Petar
Датум: 15.07.2008 09:34:52
Prvin pocnaa so puski...pa potoa gi amnestiraa... sega se vo Vlada , i seznae deka kedobiat toa sto baraat! inace kako kese unisti Makedonskiot Narod , Kultura i kako kenise odzeme Identitetot! toj e Planot!!!!!!!! neka nie Nazdravje!!!!!!
Од: pogled
Датум: 15.07.2008 11:01:23
1. Во текот на неодамнешната предизборна кампања, во прогласената година на македонскиот јазик, во времето на песната од Влатко Стефановски “Кирилица“, во некои населени места во западна Макединија осамнаа сообраќајни натписи и патокази со ПРЕВЕДЕНИ (!) називи од македонски на албански јазик. 2. Ваквите натписи содаваат забуна кај странските гости незнаејќи во која држава се наоѓаат.3. Тоа може да се толерира само доколку тоа е пракса и во другите соседни земји како етнички мешани средини. 4. Со овие натписи можеби се има амбиција во иднина да се прикажат како изворни топоними!
Од: IGOR
Датум: 15.07.2008 11:06:40
Nikogash ne sum imal posben poriv za nacionalisticki idei nitu pak da se udiram u gradi sho sum makedonec (iskreno duri i mi smeta) ama sega svativ zasho mi smeta!! tokmu zaradi vakvi izjavi!! abe kakov albanski sluzben jazik!! sluzben jazik albanski u albanija!! neka si idat tamu neka si zborat albanski kolku sakaat!!
Од: Nekoj
Датум: 15.07.2008 11:24:24
Pa gospoda,jas sum albanec i za site koi pisuvate protiv albancite ova vazi za vas..... Samo cekajte vremeto ke go pokaze svoeto,ke bide ili ne albanskiot slusben ili ne....samo pocekajte,,,,,nie ne brzame bidejki kako sakame taka i ke bide a vie samo cekajte,,,a za ali ahmeti ne grizete se bidejki toj e covek kogo neme nikoj koj moze da mu napravi nesto ,,,nego go saka cell svet i site albanci vo makedonija,,,,toj (ali ahmeti) samo ednas da go pogledne gruevski vo oci,i sve e kazano nema potreba da zboruva,,covekot e nesto so makedonija nemala dosea,a i ova da vi kazam deka i nie albancite sme del od ova drzava i ja sakame makedonija kako i vie so ja sakate.a so broj sme isto so vas no so tekot na vremeto ke ja prifatete i taa realnost....ok bidete pozdraveni i da ziivee ali ahmeti......pozdrav site vo makedonija bez razlika nacionalnosta zaso taa ne e vazna site sme lugee....
Од: shpati
Датум: 15.07.2008 11:35:57
zamislite vo kosovo zheveat pomalku od 10%serbi a srpskiot jezik e sluzhben spored moe mislenje toa e super,a vo mk 30%albanci i se ushte ima lugje koj sakat edna komunisticka drzhava,ne e cudno shto kaj nas eden akademski covek ima plata od 200eur.
Од: gezim
Датум: 15.07.2008 11:37:09
Pozdrav do site, mislam deka albanicite i makedoncite treba ednas za sekogas da svatat deka ne mozas edni bez drugi, nie treba zaedno da go gradime makedonija,mislam deka ne e vazno koj jazik se zboruva tuku na luketo im trebaat ekonomija,podobri uslovi za ziveenje,novi vrabotuvanje i taka natamu, Jas sum albanec i da vi kazam pravo Ali Ahmeti vo Makedonija donese samo KRV,UBIVSTVO,KRIMINALITET...... toj bese 4 godini i ne storil nisto, i mu poracuvam,da go ostavi Patriotizmot bidejki znaeme site nie kakva diagnoza ima toj od Schweizeirskite doktori... Zatoa vo makedonia ni trebat novi Luke koi ke se sakam megu sebe i zaedno ke ja pratime MAKEDONIA vo EU vi blagodaram
Од: Ekspert
Датум: 15.07.2008 11:59:43
Sluzben albanski jazik - ke znaci vtora vojna! Zosto? Zatoa sto Makedonija pomalce ke izgubi so vojna otkolku so vovdeuvanje na albanski sluzben jazik! Kristalno jasno! Baranjeto e apsurd! Celta na Dui e nesto drugo, baraat mnogu za da go dobijat toa sto go sakaat, najverojatno sluzben jazik ramen na makedonskiot vo site opstini kade sto Albancite se 20%, pa sose viorenjeto na Albanskoto zname da ne svatis dali si vo Albanija ili vo Makedonija. Se nadevam deka Gruevski ke bide pameten vo svojata procenka da go ostavi praseanjeto da tlee 4 godini do krajot na svojot mandat bez da go resi, bidejki e neresliv. Poresliva e nova ustavna reorgnizacija na Makedonija, otkolku ostvaruvanjeto na baranjata na Dui, koj pak do edna opredelena tocka pak ke zavrsat so voen sudir ili ako go odbieme toa, so federalizacija na Makedonija, sto e krajnata cel na Dui i sozdavanje na paradzevbovi na Albanskata drzava na teritorija na Republika Makedonija. Birajete, vtoro poluvreme ili prijatelski dogovor za
Од: caircanec
Датум: 15.07.2008 13:19:51
Komentarot za toa deka ke se dava pravo ili nema,da znaat tie deka mozes da davas nesto sto imas vo dzeb a ne pravo na komunikacija na sopstven jazik,i nese zalazuvajte deka ste zlatna ripka,nie nasite zelbi si gi ispolnuvame sami,a kako i koga si znaeme nie a i vie no izgleda vi treba potsetuvanje.
Од: a-str
Датум: 15.07.2008 13:30:09
Nisto poveke ni pomalce samo do posledna tocka da se sprovede ramkovniot dogovor,toa e alafa i omega za postoenje na nasata zaednicka drzava makedonija.Ako se sprovede ke bide dobro ako ne ...tesko i na albancite i na makedoncite,na kraj pak albancite imaat nekoja drzava ama so ke bide za makedonija ...ne znam.Grujo sigurno znae
Од: Paradoks
Датум: 15.07.2008 14:37:23
Albancite dobivaat sto sakaat ( zasega samo dve drzavi !!!!) pa amnestija i ke dobivaat se sto ke posakaat - po primerot na ostanatite malcinstva pred se vo Grcija , Bugarija , Francija itn. Sto dobi Makedonija ? Ja dobi 2001 , Ramkoven ili jamkoven dogovor po primerot na ostanatite multietnicki drzavi vo svetot . Dobi ustav so edinstvena preambula :Makedonija e drzava na site gragani ................ po primerot na Francuskiot li- Francija e drzava na francuskiot narod itn. Neoficijalno Makedonija e veke dvojazicna , dvonacionalna drzava, drzava na neprimerni apsurdi.
Од: Alban-ce
Датум: 15.07.2008 16:07:42
Mislam deka vladata na RM,bes potrebno gubi vreme za ne realiziranje na ramkovnijot dogovor.Mislam deka nema potreba da se polimnitizira vo vrska so ovoj dorogovor bidejki zad ovoj dogovor figurirat potpisite na site lideri tuka kaj nas i zad koj stojat i megunarodnijot faktor.Albanskijot ke bide sluzben jazik,ke se resi statusot za site ucesnici vo konfliktot,vo kontinutet ke prodolzuva proporcionalnata zastapenost na albancite vo site drzavni i lokalni isnstituci,ke se regulira i simbolite (bes ogled dali saka ili ne (BRANKO,GRUJO ili BRAT LUBE).Mislam deka vo makedonija e vreme da se reformirat nekoj isntituci,kaj sto se upravuvat od luget sto poteknuvat od minatijot sitem,da im se dava prednos na mladite kadri,da se odi na kvalitet.Ednas za sekogas da se penzionirat tie kadri,koj sto den deneska se kontrolirat od BEOGRAD.Da ziveat site gragani na RM

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Грујовлада
Матурантите подобро знаат англиски од македонски јазик
Зденко
Нема средба на децата-бегалци во Лерин
Драмата на Егејците (14)
Груевски со писмо бара од Караманлис да се реши македонското прашање
Нови повредени од падната гранка на „Егзит“, Македонката се бори за живот
Интернет плукачи
„Недофатливиот“ генерал
Слабата опозиција овозможува апсолутна власт и популизам
Уапсен кумановецот што ја уби сопругата
Ќе дува ветер со брзина од над 70 км на час
Хунза-македонски односи
Verbatim
Промакедонски натписи на грчки плакати во Италија