Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Нема средба на децата-бегалци во Лерин


Во Здружението на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија велат дека нема планирано никакво организирано патување за Грција: од една од средбите на Егејците во Трново

Грчкиот печат шпекулира дека Скопје прави нова провокација преку средба на Егејците во Грција

Димитар Чулев

Никаква средба на деца-бегалци, кои годинава одбележуваат 60 години од прогонот од Егејска Македонија, нема да биде одржана годинава во Грција. Грчкиот печат вчера нашироко шпекулираше на оваа тема, информираше дека, наводно, „на тајно советување од пред еден месец" била потврдена намерата на Скопје за организирање средба“. Грчката страна, како што пишува весникот „Та неа“, знаејќи за овој план се одлучила на овој настан да му даде мало значење.

Извори на „Утрински весник“ од Лерин велат дека тамошните националисти преку весникот "Стохос" веќе обвинија дека платеници од Скопје со сепаратистички намери имаат за цел да дојдат и да испровоцираат немири. И "Та неа" пишува дека "ситуацијата во северна Грција е таква што можело да дојде до инциденти", а од политички причини Министерството за надворешни работи на Грција стои на ставот да не и' дава никакво значење на средбата за да не им се прави реклама.

Во Здружението на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кое денес треба да има официјална прес-конференција на кој и официјално ќе биде соопштен начинот и содржината на средбата што ќе се одржи од 18 до 21 јули во Скопје, велат дека нема планирано никакво организирано патување за Грција. Имало намера да се посети селото Овчарани, каде што традиционално се одржува панаѓур во чест на Илинден (кој по новиот календар во Грција се слави 13 дена порано). Меѓутоа, поради актуелната ситуација и затегнатите ��дноси заинтересирани, особено од прекуокеанските земји кои ќе допатуваат на средбата на децата-бегалци, се откажале од оваа намера.

Според Ѓоко Доневски од Здружението, тридневната прослава на средбата во Скопје, инаку четврта по ред по онаа во 1988, 1998 и 2003 година, ќе почне на 18 јули во новата Спортска сала "Борис Трајковски" каде што на децата-бегалци, кои денеска живеат во Македонија, во поранешните земји од источниот блок и во прекуокеанските земји, ќе им се обрати претседателот на Собранието, Трајко Велјановски. Првпат оваа манифестација ќе има и политичка содржина и извесна поддршка од владата, со оглед на тоа што е поставено прашањето за државјанствата на некогашните протерани деца, а сега луѓе во длабока трета доба, и за прашањето за имотите.

Од МНР вчера не сакаа на никој начин да ги коментираат шпекулациите на пишувањето на грчките весници, меѓу кои "То вима" и "Та неа". "Та неа" пишува дека "барањето на Скопје е да се признае постоење на македонско малцинство во Грција и потоа да им бидат вратени имотите". Од министерството (за надворешни работи) забележуваат дека станува збор за деца-бегалци од Граѓанската војна по потекло од грчка Македонија кои се сместија во тогашната југословенска република Македонија, и станаа Југословени, потоа "Македонци" и се распрскаа по други држави низ светот, како Канада и Австралија. Според овој весник, македонската влада потрошила големи суми за да може "егејските Македонци" да дојдат во Лерин со цел, како што коментира весникот, прашањето за малцинствата да се вклучи во преговорите за спорот со името.

Од Виножито вчера категорично отфрлуваат каква било организација или намера за организирање манифестација поврзана со децата-бегалци која се одржува во Скопје. "Тоа се злонамерни провокации од грчките весници, но и дел погрешно информирање на некои македонски гласила", вели Воскопулос. Она што е вистина е дека на традиционалниот панаѓур по повод Илинден во село Овчарани годинава по покана на Културното друштво од ова село ќе гостува македонскиот национален ансамбл "Танец". Манифестацијата во Овчарани, објаснува Воскопулос, има особено значење зашто на крајот на 80-тите години тука првпат беше обновена традицијата да се пеат и да се играат македонски песни и ора и покрај строгата забрана од грчките власти. По пробивот што го направи ова село, по истиот пат тргнаа и селата Забрдани, Карпешина, кои исто така сега организираат слични манифестации на кои се собираат припадниците на македонското малцинство од Грција. На 21 мај беше одржан панаѓур во Забрдани, на 20 јули ќе се одржи во Овчарани, кога специјален гостин ќе биде КУД "Танец", а на 6 август во Карпешина. Вчера, на пример, панаѓур со македонски песни и ора и во амбиент што го одразува македонскиот културен идентитет во Грција се одржа во малото село Битуша во близина на Лерин.

Во врска со вчерашното писмо на премиерот Никола Груевски упатено до неговиот грчки колега Костас Караманлис, од Виножито сметаат дека "...не само на Караманлис туку писмо со таква содржина треба да се напише до сите европски претседатели и до претседателот на Европската унија во кое ќе бидат информирани дека една земја-членка на Унијата се' уште толерира легислатива која не признава постоење на јазично и на национално малцинство, а поддржува расистички закони слични на оние од Јужна Африка кон крајот на минатиот век".


Статијата е прочитана 1758 пати.

Испрати коментар

Од: Gospod
Датум: 15.07.2008 00:39:15
Ce im dojde krajot na grckite tirani koi so godini teroriziraat MAKEDONCI. Pa ne moze Evropa da prodava pamet vo cel svet za tolerancija i sozivot koga vo samata Evropa se razviva teror protiv ugnetenite starosedelci. Ist teror vo EU e vo razvoj i protiv novodojdenite - novonaselenite - begalci.
Од: so gospod napred
Датум: 15.07.2008 03:31:51
Kakva provokacia,Narodot saka da si se vidi,da si meni idej,za grko e provokacia a ne za nashiot narod samo napred Makedonijo .
Од: spase - australias
Датум: 15.07.2008 05:16:18
vaskopulos od vinozito ili nekoj partiski aktivist treba da e sovetnik na gruevski licno mislam ke ima golem pridones za mnogu raboti,toa deka pismoto treba da im se pusti na site relevantni faktori vo svetot kako informacija apsolutno e vo pravo taka treba da se prezentirame za nepravdite za site nepravdi pismeno i usno potoa.
Од: Snezana Todorovska
Датум: 15.07.2008 11:46:07
sekoj problem, ako na vreme ne se resi ostanuva da tlee i se zgolemuva se dodeka na se razresi.Grcite ne moze sami da ja krojat kartata kako tie sto sakaat i da izbrisat cel narod so pogolemo i podlaboko minato od niv.
Од: Veronika
Датум: 15.07.2008 13:05:47
To`no znaeme za tiraninot-Grcija, jas sum makedonka koja zivee vo Solun i dobro na svojata koza sum go osetila maltretiranjeto na grcite, so toa sto mi se frlase pasos vo banka, vo koja imam smetka, bidejki ne sakaa da usluzat makedonka, poradi sto na pasosot pisuvase RM. Isto takakoga vadev dokumenti bidejki maz mi e grk-makedonec dojde vo konflikt bidejki cekavme cel den, vecerta dojdoa dvajca policajci i od doma go odnesoa vo pritvor kade sto odsedi cela nok, bidejki navodno po niv imal ne platena kazna za parking, a veke 4 godini nemavme kola. Pozdrav do site makedonci-Zaedno ke uspeeme....PS. Inaku sum 12 godini tuka so dve deca i seuste ne mi davaat grcko drzavjanstvo.....
Од: Gligor
Датум: 15.07.2008 13:15:52
Лагите на грчките официјални(владини) претставници во очите на незаинтересираните европејци изгледаат како вистина. Или, се прават на удредни, па си гледаат сеир? Најверојатно е второво. Ако е така - да престанеме да ги молиме за прием во НАТИ и ЕУ. Да си се фатиме за економијата - најсилното оружје на светот. Ако станеме атрактивна дестинација за инвестирање и правење пари, сите ќе посакаат да ни помагаат, па дури и грците.
Од: makedonec vo london
Датум: 15.07.2008 13:43:21
Vo London vo blizina na cerciloviot e podignat spomenik na nelzon mendela. dali vo Solun ke bide podignat spomenik na nekoi od velikanite na "nepostoeckoto malcinstvo" Koga Evropa ke ja demokratizira "lulkata na demokratijata". Aj da vidime maskite neka paednata dosta so dvojni arsini merea meracite svetski i nivnite "Olesnuvaci" belosvetski. Makedonsko ime nema da zagine.
Од: Halkidiki
Датум: 15.07.2008 20:12:42
Makedonski Mandela e Pavle Voskopulos.Se javuvam od Halkidiki.Jas sum za borba so teroristichki akcii da se svrti vnimanieto na svetot.jasno e deka ne moze so politika.Imame struchnjak vo Vladata(Ali Ahmeti)koj moze da ni pomogne so soveti za dejstvuvanje. Treba da padne Grcka krv!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Грујовлада
ДУИ останува на барањето албанскиот да биде службен јазик
Матурантите подобро знаат англиски од македонски јазик
Зденко
Драмата на Егејците (14)
Груевски со писмо бара од Караманлис да се реши македонското прашање
Нови повредени од падната гранка на „Егзит“, Македонката се бори за живот
Интернет плукачи
„Недофатливиот“ генерал
Слабата опозиција овозможува апсолутна власт и популизам
Уапсен кумановецот што ја уби сопругата
Ќе дува ветер со брзина од над 70 км на час
Хунза-македонски односи
Verbatim
Промакедонски натписи на грчки плакати во Италија