Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Грујовлада

Гордана Дувњак

На старо-новиот премиер Никола Груевски не му се брза. Се однесува комотно, дури и премногу. На предвремените парламентарни избори неговата владина коалиција ги освои посакуваните 63 пратенички мандати. Откако ја разреши дилемата околу тоа кој ќе биде новиот коалициски партнер од албанскиот блок, владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сепак, реши да биде прагматична. Го избра помалото зло и побројната партија на Али Ахмети, која зад себе има 18 пратеници. Со тоа свесно го ризикуваше високиот рејтинг, внесувајќи забуна во своето гласачко тело, кое досега немаше проблем со идентификацијата на „интегративците“.

Математиката е на страната на новата влада, па заедно со гласот на ПЕИ, парламентарното мнозинство сега брои респектабилни 82 места. Повеќе од доволно не само за обезбедување собраниски кворум, туку и за посериозни парламентарни зафати, па и за уставни измени, кои бараат двотретинско мнозинство. Дури и со стара „техничка влада“ и со нов партнер, кој не штеди поддршка, веќе „извози“ шест собраниски седници. Како ли ќе летне новиот владин автобус откако сите патници ќе седнат на предвидените места?

Со стари сили во нови преродбенички победи. Таква е замислата на мандатарот Груевски, кој реши да и' даде нова шанса на половината од старата Влада. Ниеден од вмровските министри не го помести од место (со исклучок на Ташковиќ), успеа да ги пополни само испразнетите места од НСДП и ЛП и да направи мала рокада на ресорите. Единствено изненадување на кадровската листа е унапредувањето на владиниот портпарол Ивица Боцевски во ранг на вицепремиер задолжен за евроинтеграции, како и повторното враќање во игра на поранешниот министер за локална самоуправа Зоран Коњановски. Овие решенија веројатно биле и��ненадување и за самите сопартијци на Груевски, кои веќе навикнаа на стилот на нивниот лидер кадровските листи да ги крои сам или во многу тесен круг од еден до двајца негови најверни соработници. Преголемата агилност на владиниот гласноговорник Боцевски во промовирањето не само на владината, туку и на партиска политика го промовира во човек од доверба на Груевски, па затоа тој доби предност во однос на постарите и докажани вмровски кадри.

Премиерот покажа дека не сака толку лесно да се откаже од своите проверени вмровски кадри, кои му се лојални, до послушност. Но, дали она што го смета за своја предност може во скоро време да се покаже како грешка и хендикеп? Зашто, со избегнувањето поголемо владино проветрување, тој ја презеде на својот грб одговорноста за ефикасноста на своите министри. А, некои од нив не само што не се безгрешни, туку и потфрлија во одделни ресори на планот на реформите.

И покрај тоа што и во новата владина програма еден од главните приоритети на кабинетот на Груевски се економскиот пораст, вработувањето и животниот стандард, сепак, ресорите за економија и за труд и социјална политика и натаму се во рацете на еден од коалициските партнери. Со мала разлика што досега со овие сектори раководеа кадри од НСДП и од ЛП, а сега за нив се задолжени министри од редовите на ДУИ. Затоа, пак, владејачката партија ги зеде целосно под свое образованието и културата. Оваа партија и досега индиректно ја имаше контролната функција во овие ресори и не е случајно тоа што токму двајца државни секретари, иако навидум луѓе од „сенка“, го изборија своето место за министри.

Но, дали Груевски и Ахмети ги чека брачна идила? За почеток, и двете партии не ја кријат својата восхитеност од бројките, за кои веруваат дека ќе им донесат парламентарна стабилност и лесна проодност на законите. Но, прашање е што ќе се случи кога ќе дојдат на дневен ред прашањата од суштинско значење и колку партијата на Ахмети ќе биде подготвена да го проголта наметнувањето на партиската програма на Груевски како владина. Искуството од досегашното функционирање на Владата на Груевски покажа дека не се совпаѓа секогаш неговата агенда со онаа на коалиционите партнери.


Статијата е прочитана 1666 пати.

Испрати коментар

Од: robert
Датум: 15.07.2008 03:04:43
Ne se sekirajte se vie g-gjo Duvnjak za vladata.Da bi bil kako vas povekje bi se zamislil za rejtingot na vasite milenici-koj rapidno pagja.Za vasa zal!
Од: ZSS - Skopje
Датум: 15.07.2008 07:38:43
Mislam deka ovaa Vlada e najslaba po potencijal od site dosegasni, uste Gruevski i Stavrevski da ne se - nisto nema da bide od nea. Ne veruvvam deka nekoi ministri ke ostanat podolgo od edna godina.
Од: Strana Gledano
Датум: 15.07.2008 07:49:54
Vie ste vo samiot tekst kontradiktormi :"На старо-новиот премиер Никола Груевски не му се брза. " - " Дури и со стара „техничка влада“ и со нов партнер, кој не штеди поддршка, веќе „извози“ шест собраниски седници. " Pa odlucete se sto ce napishite za citatelite da prodolzat da vi go docitaat tekstot a ne kako mene samo do vtoriot pasus, pa da svatish deka ste morale nesto protiv vladata da napishite pa sto i da bilo toa!
Од: Marko
Датум: 15.07.2008 09:10:42
Ако Дуи која дојде на политичката сцена во МК со оружје до пред 2 години беше во коалиција со СДСМ а сега гледаме и со ВМРО-Дпмне, тоа е потврда дека нивните барања од 2001 година биле легитимни. Ако е тоа така, тогаш некој треба да сноси вистинска одговорност за погинатите македонски граѓани ( и македонци и албански) во 2001. Во тоа време на власт беше ВМРО и ако сме правна држава тие министри од тоа време треба да сносат кривична и морална одговорност за злосторство спрема сопствениот народ. Не смее ова да се занемари затоа што тие луѓе не направиле добра анализа и процена на оправданоста на барањата на Албанците од 2001. А сега гледаме дека истите на дело ја потврдуваат оправданоста од 2001.
Од: jovan
Датум: 15.07.2008 09:15:49
Vo sekoj slucaj mora da se nadevame na nesto dobro. Druga alternativa, nema. Koj drug mislite deka treba da bide na celo na drzavava? SDSM? Nema, nema koj, Samo ovoj Grujo ostana, se drugo od opozicijata se pokaza za nedorasnato vo novonastanatava situacija. Se dodeka ne se pojavi silna i sposobna opozicija ,edinstvena nadez za drzavava ostanuva podprosecniot Grujo na celo so Zingo i Latas. Toa e toa narode. Bevme vo zabluda koga mislevme deka "ekspertite" gi ima samo vo SDSM. Se pokaza sega deka ni na Grujo ne mu se dorasnati. Pod hitno i e potrebna nova sila na Makedonija. Ako nema, cuvajte si go Grujo i Ahmeti i da se nadevame deka podobro ke bide.
Од: devicanecot
Датум: 15.07.2008 09:57:00
Navistina ovie novinari preteruvaat so ednostrano pisuvanje. Ajde gospogjo Duvljak, napisete za idilata pomegju Crvenkovski kako premier i Ahmeti vo koalicija, ili pak za idilata na Buckovski kako premier vo koalicija so Ahmeti. Tamu e se poznato i na dlanka. Ne mora da se macite i da predviduvate za idilata pomegju Grujovski kako premier i Ahmeti vo koalicija. Napisete za toa edna analiza posle dve godini. Baba Vangja odamna ja nema megju zivite.
Од: emil
Датум: 15.07.2008 10:12:55
ubavo e koga se ima verba vo nesto. Narodot ja izbra partijata na gruevski zatoa sto veruva vo nea. megutoa nemojte da se vljubuvate, zosto vljubenite se slepi. Otvorete si gi ocite za da mozete da ja vidite vistinata. Dali narode vidovte nekoj prosperitet poslednive dve godini? Ne, no mozebi slednite cetiri godini ke se pokaze nesto na videlina? Da se nadevame. Zosto razocaruvanjeto od golemata ljubov vodi kon samôubistva.
Од: A. Nikolov
Датум: 15.07.2008 11:25:26
Ministrite na Nikolaj ke mu sluzat kako maskota.Trgnete od 72 godishniot minister za pravda Manevski pa nakrajot do ovie koi prvo rabotno mesto im e minister.Zoshto ministrite kako maskota,razbira se,Nikolaj se sam si moze.Na choekot shto ke mu se soni na son toa si raboti.ABRE makedonche za kade se spremash.....shto te cheka.....zivi da bideme pa ke vidime.
Од: kolega
Датум: 15.07.2008 12:29:55
Gospogo Goca denovive procitav nesto od tebe i te pofaliv.Ama izgleda kako isklucok od praviloto ili ona KURJAK DLAKU MENJA ALI KUD NIKAKO,sto ti znacat ovie predviduvanja,ti ja sepna li tebe premierot namerata ili si vidovite,mu gi citas mislite.Sram da tie ,ama izgleda ti i takvite na tebe slicni nitu imata sram,nitu strav od boga nitu zal za obicniot covek.Letite u vasioni.Do koga?
Од: Gligor
Датум: 15.07.2008 14:19:54
Eden komentar okolu koalicijata na VMRO so DUI. Mnogumina docna "palat" i duri sega im svetnuva deka e toa koalicija so "teroristi". Od druga strana, nikako da gi se setat deka na 13 septemvri, na plostadod "Makedonija", pretsedatelot na SDSM rece: "Me prasuvaat dali ke koaliciram so DUI. E, pa, na site zagrizeni da im odgovoram: Branko Crvenkovski nema da koalicira so Ali Ahmeti" (zavrsen citat). I, tocno, koalicirale SDSM i DUI, a ne Branko so Ali. Itromanski, neli? I sega, g-gjo Duvnjak, sto ke prokomentirate za togasnata vlasda?
Од: aj sega
Датум: 15.07.2008 17:29:56
Na vladata pocnavte da i sudite uste i ne pocnala da raboti. Tocno e, staro-nova vlada e, pa aj da kritikuvame. Poleka gospodo, narodot si go kaza svoeto, takva vlada saka. Lugjeto za 2 godini mrdnaa raboti sto ne se mrdnale so decenii, a narodecot nas toa go saka. Site raboti ne mozat da se resat, ama barem da pocnat da se resavaat. Grujo si ja znae za sega rabotata, ako ne si ja znaese, ce si odese doma, a ne da bide pak premier. Narodecot nas ja nauci lekcijata za ovie 20-na godini, znae za kogo da glasa, taka da ako Grujo ne go biva povece i ako ima podobri od nego, ce se resava na narednite izbori, do togas ce si gledame politicki filmovi, ce jademe pukanki i pieme CocaCola. Koga ce zavrsi filmot ce ima komentari. So nadez deka ovoj film ce bide dobar, a za naredniot ce kupuvame karti na slednite izbori.
Од: александар
Датум: 15.07.2008 17:57:18
Па каков ли економски просперитет очекуваме кога местото министер за економија секогаш е несериозно сфатено и секогаш е вклучено во коалициски калкулации. А тоа не е случај само со ова министерство. Наголемите незнајци секогаш ги седнуваат во овие фотелји за економија и социјална политика и сл., нормално како услов бракот од интерес да оди „подмачкано“. Господа, ние никогаш не сме имале функционално Министерство за економија и за труд и социјална политика. Уште колку време со нив ќе ги пополнувате вашите меѓупартиски дупки и интереси?
Од: petko
Датум: 15.07.2008 20:56:17
Ovoj narod ne zasluzuva podobra vlada a i podobra idnina zosto kakov narod takva vlast , pocekajte pa ke vidite , veke pocna , ne smeete da se dvizite bez dozvola po planinite , dogodina ke sumiraat deka ima mnogu soobrakajki pa ke zabranat da se vozat avtomobili , isto kako za vrene na enver hodja vo Albanija ako sakase od selo da odis da kupuvas vo gtad trebase da dobies dozvola od Sigurimi , a nie ke barame od vlatko gjorcev posto covekot e po sigurnosta , no Grujo za skoro ke gi izgubi poveke od polovinata simpatiseri zosto se vrati Brat ljube , a Grujo ne e bas mnogu srekjen sto se vrati .
Од: koki
Датум: 15.07.2008 21:11:19
Po se izgleda Makedonija stana zaloznik na Grujoviot rejting???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
ДУИ останува на барањето албанскиот да биде службен јазик
Матурантите подобро знаат англиски од македонски јазик
Зденко
Нема средба на децата-бегалци во Лерин
Драмата на Егејците (14)
Груевски со писмо бара од Караманл��с да се реши македонското прашање
Нови повредени од падната гранка на „Егзит“, Македонката се бори за живот
Интернет плукачи
„Недофатливиот“ генерал
Слабата опозиција овозможува апсолутна власт и популизам
Уапсен кумановецот што ја уби сопругата
Ќе дува ветер со брзина од над 70 км на час
Хунза-македонски односи
Verbatim
Промакедонски натписи на грчки плакати во Италија