Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Контрапункт

Хунза-македонски односи

Никола Гелевски

Решив неделава да баталам со политичките глупости и да му го отстапам просторот на славниот Пандалф Вулкански

Наоѓајќи целосно себеименување и себеисполнување во глетката на конечно пронајдените принцот и принцезата на моето повеќемилениумско племе, решив неделава да баталам со политичките глупости и да му го отстапам просторот на славниот Пандалф Вулкански. Дополнителна причина овде да се поместат делови од тајниот Речник на Вулкански е што токму во неговиот Речник се испитуваат врските меѓу Хунза јазикот и македонскиот. И не само јазичните врски туку и пошироко: релациите меѓу многуженецот и многубожецот, синхроно со релациите меѓу моногамистот и монотеистот. Впрочем, низ овие четири поврзани фрагменти, почитувани читатели, во тоа можете да се уверите:

ЧУВАРОТ ВОВЛЕ АРБИТРИРА ПРЕД ХУНЗА-МНОГУБОЖЕЦОТ И МАКЕДОНЕЦОТ-МНОГУЖЕНЕЦ



Чуварот Вовле (што на времето и'го вовлече на Ленче; в. Вовлечува) чувал еден мост, всушност мовче преку кое можело да помине само едно вовче, толку било тесно (затоа и бил поставен Вовле да чува, а не да вовлечува, иако Вовле во самотијата си повлекувал, без многу да вовлекува, по некој џоинт).

Еден ден на мовчето (под кое имало мов, патеписецот Вулкански се наведнувал да види:) се судриле, неочекувано, еден многуженец и еден многубожец!

„Ко судир меѓу прериски гну и шумски гном, господ да чува!“, си помислил Вовле, оти видел дека никој не сака да се истави од патот.

И почнале да се навредуваат многуженецот и многубожецот: „Мавни се од мовчево, многубожец, оти може да наиде вовчето...“, рекол многуженецот.

„Какво морално право имаш ти, многуженецу, од мене да бараш да се тргнам кога многукратно во животот си исконсумирал мноштво жени, ебате!“, рекол многубожецот.

„Твоите гревови, многубожецу, се неспоредливо помногубројни од моите... Мое мнение е дека ти попрво треба да се иставиш од мовчево“, рекол многуженецот.

„Потекнувам од многупати многунамачен народ, многуженецу! Ради тоа и станав многубожец! Нешто ко богомил, ако не си знаел...“, рекол многубожецот.

„Ја ко што знам“, рекол многуженецот, „вие многубошците имате многураки и многуглави богови, не?“

Во тој момент почнало да се приближува и вовчето! Затоа Вовле го фрлил џоинтот и фино ги замолил обајцата тврдоглави: „Многупочитувани, фасциниран од вашата многуликост, но пред се' од многуглаголивоста (која неумоливо ме наведува да помислам - може ради џоинтот, додуша - дека сте само многузначни ликови на славниот и многустран патепесец Вулкански:), еве пропафкав малку од зелениот, слушајќи, велам, и уживајќи... Но, време е да се тргаме од мовчево оти момчено во локомотивата нема респект кон многуженци и многубошци!

И тогаш конечно се тргнале од мостот, тројцата, за да помине вовчето, во кое бил Вулкански лично! Оттаму и приказнава...

НАСПРОТИ ТОА, МОНОГАМИСТОТ И МОНОТЕИСТОТ СЕ СКЕПТИЧНИ



За тоа време, седеле еден моногамист и еден монотеист и на монитор (а монотеистот и низ монокл, подобро да види) ја гледале контроверзната екранизирана приказна за судирот меѓу многубожецот и многуженецот (в.).

„Монотоно да умреш“, рекол моногамистот.

„Фали монолитност“, рекол монотеистот.

„Осеќам дека Вулкански и монографија ќе објави по повод настанот“, рекол моногамистот.

„Ко да има монопол на монолог, ебате проклетиот писател“, се нанервирал и монотеистот.

„Право да ти кажам, поинтересно ми е да гледам монокотиледони и монопетали, отколку идиотизмите на многуженецот и многубожецот“, рекол моногамистот.

„И моном да решаваш е поинтересно од моронот Вулкански!“, рекол монотеистот и решиле да го исклучат мониторот.

По повод, па, дополнителниов настан, има испечатено и монотипија (да не претеруваме со монографија!), потпишана со монограмот П. В. :)

МЕИНСТРИМ Е ДА СИ МОНСТРУМ



„Какво време дое, меинстрим е да си монструм!“, му рекол моногамистот на монотеистот.

„Атракција, монтажа, ништо друго... Потажно е денес да си моногамен отколку да си роб на плантажа!“, одговарил моногамистот.

„Можеби можеме и ние да пробаме?“, се прашал монотеистот.

„Дошол монтер и му го стерал на монструмот!“, почнал моногамистот.

„А монструмот возел мопед, оти бил и педофил, проклетиот!“, рекол монотеистот.

„Монтерот прво го срушил монструмот од мопед. И му рекол: Опс! Извини!, фрлајќи го во шепите на кучето мопс!“

„Ха ха ха!“, се насмеал монотеистот. „Ко мониста да редиш е работава, не е монотоно!“

„Комунист да не станеш, со својот монотеизам?!“, прашал моногамистот.

„Ха ха ха! А ти монах да не станеш!? Монарх на монтажата! Тоа сакам да бидам!“, рекол монотеистот.

ОД НИКАДЕ ПОЈАВЕНОТО МОМЕ ЗА МОМЕНТ ГО РАЗРЕШУВА СУДИРОТ



„Момент, доаѓа едно моме“, му рекол моногамистот на монотеистот.

„Мома, момиче или, не дај боже, момиченце? Кој доаѓа?“, прашал монотеистот.

„Од насока на Момин поток доаѓа доток на нешто ко моменце, да речеме“, рекол моногамистот.

„Ако е премногу млада дамла ме удира, ради тоа прашувам...“, се правдал монотеистот.

„Момирок штити од дамла. Уште ако и мома млада ти стави момирок на модрак (ил обична модринка), дамла избегнуеш гарант!“, рекол моногамистот.

„Под дамла подразбираш нешто ко анеуризма, мозочно мозолче што се распрскуе?“, прашал монотеистот.

„А млад еж ако стаиш на младеж добиваш тетоважа, ха!“, се досетил моногамниот.

„Бладаш малку, ко давеж, со ова младеживе и модрациве... А ја, пак, кај Данте сум прочитал дека ако шприцнеш млаз од свежо измолзнета крава врз младеж, губиш надеж, засекогаш...“, се зафркавал монотеистот.

„Ако млазот е млак може мрак на очи да ти падне, т.е. своевидна дамла, од која ни млада дама нема да те разбуди!“, рекол моногамниот.

„Да те прашам интимно, ако веќе треба да се прими млак млаз у уста: би мокал попрво млеко ил кафе?“, прашал монотеистот.

„Од мокање мока многу се моча, така што преферирам млеко“, прецизно одговорил моногамистот.

„Би заклучил лапидарно; добро е да се мока, т.е. цица, како момиче така, богами, и момче!“, рекол монотеистот, а моногамистот западнал во молк.

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 2069 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 15.07.2008 00:37:47
Do pred nekoe vreme Grcite gi ponizuvaa Makedoncite vo sekoja mozna prilika. Sega vreminjata se smenija - novata Makedonska vlada ja prevzema taa zadaca. Rezultatite se odlicni (za Grcite). Pravoslaven vladika doceka musliman so alkohol, na aerodrom so anticko ime i Sloveni obleceni kako klovnovi od falanga....
Од: doktoro
Датум: 15.07.2008 01:13:29
Nekoj da ne e naduvan u prikaznava, a Dzoni, so vikas. Mislam deka na vakva statija ne i e mestoto vo mejnstrim medium, tuku vo nekoj "marginaliziran"
Од: mitko ne nosi na tikvata stiropor
Датум: 15.07.2008 01:26:32
Gledajki bespomosno kako ludiloto ja prevzema ovaa nacija vasata statija mi dava mala troskicka nadez deka toa ludilo na nekoj nacin, ponekogas, vo nekoja merka ke moze da bide pretoceno vo nekoj vid na umetnost. Iako e sosema jasno deka ovoj vid na tvorestvo ke mora redovno da bide proprateno so prekumerno konzumiranje na otrovi i lekovi za teloto i duhot.
Од: redoven citatel
Датум: 15.07.2008 01:51:26
Ke bese golemo cudo "obozavaniot" educiran i Gelevski da ne se javese i na ovaa tema. Za da se smisli ovaa pukanje so teska intelektualna artilerija mu trebase malku vreme. Ubavo e sto ni kaza sto misli, iako nisto novo ne e kazano. Ova e ocekuvano, samo zolcnosta e malku pogolema. Gostite od Himalaite imaat pogolem pocit i ljubov kon Makedonija i Makedoncite i se sto e associrano so ovie dva termina od osto bilo koga ke go ima Gelevski i slicnite nemu. Koga bi imal prilika da biram vecera so Gostite ili Gelevski, ne bi imal dilema, a bi platil vecera za Gelevski. Premnogu trosi mentalna energija...
Од: citatel
Датум: 15.07.2008 07:19:24
Sto bladas "coveku",javi se da ti go smenat cipot.
Од: devicanecot
Датум: 15.07.2008 09:06:44
Ako e ova za dneven vesnik, togas urednikot e za Nobelova nagrada. I toa prva sto ce ja primi nekoj od nasata ni Makedonija. Mozebi dodeka ne e prekrstena.
Од: ginger
Датум: 15.07.2008 11:00:14
aman be gelevski!!! dosle hunzite,bile pokaneti ..veruvaat deka mozebi pripagaat od ova podnebje.ili mozebi imame ista geneza..i primeti celo vreme velam mozebi!daj da ostavime vreme naukata da si kaze dali sme isti gen..tolku. znaes! ti ne si nisto porazlicen od onie sto promoviraat evtin patriotizam, ili sto plukaat potoa.si ja izgubil sredinata.si zavzemal strana!
Од: nnnn
Датум: 15.07.2008 11:09:20
klucni zborovi: moka, coka, vovlece,cica,pizza...vovce :::::na sto me asocira ova, kakva mu e sostojbata na gego?
Од: Piromani
Датум: 15.07.2008 12:04:40
Djabe nikola na ovaa prosta raja i pisuvas alegoriski prikazni. Tie nemaat intelekttualna moc da ja razberat. Tie razbiraat edino ona sto ce im rece maliot " firer". kako terame nema da projde dolgo vreme , koga javno na plostadot Pela ce se palat knigi koi ne se po fkusot na ideologija na "firerot" i negovata familijarna kamarila
Од: ново-просветлен
Датум: 15.07.2008 13:31:01
Како што тргнале нашиве од власта да копаат по коренит ни, ќе дојдеме брзо во ситуација да јадеме корење. Секој момент очекувам, јавно, да се истакнат пароли во смисла: „НАТО зликовци“ или „Европо, ку_во, стара“, или слични, од арсеналите на комшиите, по чиј, доскорешен, пат сме тргнале.
Од: vasilisa prekrasna
Датум: 15.07.2008 14:49:23
Za ovoj moment i karikaturalnost i teatar na apsurdot, tekstot e melem na rana. Za rucekot,...pa koj ruca deneska......

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Грујовлада
ДУИ останува на барањето албанскиот да биде службен јазик
Матурантите подобро знаат англиски од македонски јазик
Зденко
Нема средба на децата-бегалци во Лерин
Драмата на Егејците (14)
Груевски со писмо бара од Караманлис да се реши македонското прашање
Нови повредени од падната гранка на „Егзит“, Македонката се бори за живот
Интернет плукачи
„Недофатливиот“ генерал
Слабата опозиција овозможува апсолутна власт и популизам
Уапсен кумановецот што ја уби сопругата
Ќе дува ветер со брзина од над 70 км на час
Verbatim
Промакедонски натписи на грчки плакати во Италија