СОНК ќе бара разрешување на 15 директори на училишта
Синдикатот ќе побара и отштета за оние наставници кои претрпеле психички нарушувања
Жаклина Хаџи-Зафирова
СОНК ќе бара од градоначалниците да разрешат 15 скопски директори на основни, средни и едно специјално училиште, а ќе побараат смена и на еден просветен општински инспектор од Гази Баба. Ова се првичните потези кои СОНК ќе ги преземе против првите луѓе на училиштата за кои оцениле дека за време на штрајкот на просветарите постапиле спротивно на Уставот и законите. СОНК најави и кривични пријави не само против директорите туку и против градоначалниците кои вршеле притисоци да се прекине штрајкот. Паралелно со ова, СОНК ќе побара и отштета за оние наставници кои поради притисоците имале психички нарушувања. И во Министерството најавуваат поднесување кривични пријави, но се' уште ги разгледуваат случаите за кои сметаат дека биле незаконски. Велат дека добиле куп пријави.
СОНК ќе бара разрешување на четворица директори на основни училишта во Општина Кисела Вода, како и во две основни училишта во Гази Баба, каде што ќе се бара одговорност од еден просветен инспектор. Од градоначалникот на Општина Карпош ќе се бара да ги разреши директорите на едно средно и едно основно училиште, како и во Бутел, каде што се бара разрешување на директорите на едно основно и едно специјално основно училиште за децата со посебни потреби. Директорски смени се бараат и во четири основни училишта во Општина Центар, каде што се регистрирани притисоци.
„Од градоначалниците бараме тие директори да бидат разрешени и даваме образложенија што направиле. Ова е прва фаза каде што бараме смена на директори со цел тие што го кршеле Уставот да немаат моќ повторно да го кршат. Дополнително ќе ја разгледуваме можноста за кривични пријави“, најави вчера претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски.
Во Синдикатот наголемо се разгледуваат случаите каде што се евидентирани притисоци за време на штрајкот и разни незаконитости, а досега тие ги разгледувале случаите само за Скопје. Цветановски најави и дека оние членови на СОНК кои не ја почитувале одлуката за штрајк ќе бидат исклучени од Синдикатот.
„Ќе чекаме градоначалниците да постапат по нашите барања за разрешување и потоа ќе излеземе со конкр��тни податоци каде е постапено, а каде не и во кои училишта се регистрирани незаконитостите и притисоците“ објаснува синдикалниот лидер.
Државниот просветен инспекторат во Министерството за образование работи на записниците кои ги добиле од просветните инспектори, а дури потоа ќе одлучат за кои случаи ќе поднесат пријави.
„Има куп записници, но се' уште не се знае колку пријави ќе бидат поднесени“, ни изјави вчера директорот на Инспекторатот, Роберт Ѓоргиев.
Mudro napraveno, samo neznam dali ke uspee do kraj. Vo eden segment od drzavata se razotkrija lokalni saboteri, i sprepnuvaci na sistemot.
Од: deniz
Датум: 10.12.2008 01:38:45
se nadevm deka gopsdinot cvetanovski i sonk ke uspeaat da gi kaznat direktorite i tie prosvetni inspektori koii vrseea goolem pritisok vrz nastvanicite da se prekina strajkot..
mislam deka prvadata iako da stane zadocneta no sigurno ke pobedi
Од: hahahaaa
Датум: 10.12.2008 06:32:31
E tek sega kje kurtulat onie direktori koi se pokazaa kako golemi nerabotnici ama dobri partiski poslushnici. Sega zad niv kje zastane vladata, partiite na vlast i kako se vo drzavata shto funkionira na relacija pozicija-opozicija i ova kje zavrshi smeshno i tragicno. SONK ne moze da gi kazni. Narodot kje gi kazni i toa nema mnogu da se ceka. Lokalnite se na vrata. Na spisokot za kazni mora da bidat i mnogu gradonacalnici, a so niv i cela ona nesposobna silegiska fela koja go dvirashe obrazovanieto.
Од: Petre
Датум: 10.12.2008 08:49:40
Alo !! kaj se naogate..pa vo ovaa kriza, eve imate napis MMF bara Vladata da trosi pomalku !!, a ovoj so bradata izdejstvuva na hartija Poveke... treba i Dojcin da podnese krivicna odgovornost za Destabiliziranje na drzavata !! ne se ova prvatni stopanski subjekti, se raboti za drzavni ustanovi...Edino ako gi ubedi ostanatite drzavni sluzbenici Deka zemale mnogu vo odnos na nastavnicite, pa da se izvrsi nivelranje...ova e tezok subverziven kriminal... se koristat decata kako zaloznici, a bidejki zakonot ne predviduva plan "B" - privatni ucilista... mu se moze na Dojcin da ja destabilizira drzavata...
Од: iko
Датум: 10.12.2008 09:00:31
Najdobro samite da si se razresat oti so strajkot se izglupiraa totalno.
Од: Nastavnik
Датум: 10.12.2008 19:19:26
E, Dojcine, Dojcine, a zosto ne gi spomnuvas Prilepskite ucilista i zosto ne baras smena i tamu?!! Ili regionalniot koordinator na SONK od Prilep poveke saka da molci za ona sto se slucuvase tamu
Од: vodnosans
Датум: 10.12.2008 21:51:05
А таман Пенка Чуди се спрема за нов (трет) директорски мандат во Кочо Рацин