Што стана, или поточно што остана од Вардар, нашиот најтрофеен клуб, долги години гордоста на Македонија, фудбалски бренд што се вели. Дозволи со неговото тешко, со години градено реноме да се поигрува една група фудбалски силеџии, кои себеси се нарекуваат „комити“, наводно неговите навивачи кои тврдат дека го сакаат и дека живеат за него. А како и колку го сакаат покажа последниот разбојнички напад, само така можеме да го оквалификуваме, бидејќи е направен на отворен пат, не на трибините или на фудбалските терени, кога „Комитите“, човек да не поверува дека и тоа може да се случи, го запреле автобусот на Вардар на Стража, на патот меѓу Кичево и Гостивар, и физички ги нападнале играчите на својот „омилен“ клуб. Дрскоста била уште поголема, бидејќи насилно ги отвориле вратите на автобусот, влегле внатре малтретирајќи ги фудбалерите. Притоа со тули и камења искршиле неколку прозорци на автобусот. Навистина, голема е среќа што некој посериозно не бил повреден. Наводно, биле незадоволни од слабата игра и нерешениот резултат на Вардар против Напредок во Кичево. Смешно образложение. Да ги тепаш сопствените играчи што не успеале да победат, па тоа го нема никаде во светот, само кај нас, кај „Комитите“. На Стража го нападнаа автобусот на Вардар, утре можеби и некој автобус во редовен сообраќај без да стравуваат дека некој нешто ќе им направи или ќе ги казни.
Сега е веќе јасно дека некој манипулира со нив. И тоа веќе подолго време. И што е уште полошо, никој во Македонија и не се обидува да го сопре тоа вандалско однесување на „Комитите“ кои само му штетат не само на Вардар, туку и на македонскиот фудбал, бидејќи ги иритираат вистинските вљубеници во фудбалот кои токму поради нив се откажаа да доаѓаат на стадионите.
На мечот со Македонија во Ѓорче Петров искршија од чиста мира 75 столчиња. Во Прилеп на средбата со Победа полицијата имаше многу работа да ги смири, но сепак, „Комитите“ не заборавија да искршат 30 столчиња. Во Кратово настрадаа мијалниците во санитарниот јазол, пред тоа физички ги нападнаа навивачите на Ренова и нивното раководство, при што Вардар заработи казна од четири средби играње на Градскиот стадион без гледачи. Од лошо – полошо, а крајот не се г��еда што покажа и тешкиот инцидент на Стража. Со нив, по се' изгледа, треба постојано да патува благајникот на Вардар и да ги плаќа нивните штети коишто не се мали.
Иако Министерството за внатрешни работи, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и ФФМ, навести сериозна борба со силеџиство на спортските терени, тоа беше само на хартија, дел од пропаганда пред претстојните локални и претседателски избори. Од сите тие најави од строгите казни, барем засега не видовме ништо.
Од друга страна, и раководството на Вардар е виновно за сето она што се случува во клубот и надвор од него. Кога Трифун Костовски со помош на гласовите на „Комитите“ го презеде Вардар како да сана нивни заложник. Тие почнаа да одлучуваат за се' во клубот, да се однесуваат како газди. Тие бараа седумтемина најдобри играчи да бидат избркани од клубот, наводно биле штрајкувачи, дозволија да преминат во Работнички. Тогаш Вардар имаше 10 бода предност пред „романтичарите“, денес има четири помалку од Работнички.
Дури комитите бараа и двајца од нив да бидат вработени во Вардар, тоа е и направено, имаат и своја посебна канцеларија во службените простории, се удираат во гради дека имаат и акции во клубот, со еден збор не само што прават инциденти, што го уриваат угледот на Вардар туку се дрзнаа на крајот и да ги тепаат фудбалерите. И влакно да не им фали поради тоа. Чудно, навистина. И дали е тоа дел од некоја политичка стратегија насочена кон Трифун Костовски која трае веќе подолго време и за која сега се користат дури и„Комитите“.
одамна не оди. решението е едноставно, нема потреба да се игра фудбал во македонија. ова што се случува во вардар е вистинската слика за нашиот фудбал. не се знае, ни кој јаде, ни кој пие, а камо ли кој плаќа. срамота. прво, не чинеше србинот брацо, а сега не чини ни трифун. тешко нас, останува да гледаме само странски првенства. за крај, можеби и треба од уефа да не исклучат, затоа што кој и да биде првак уште веднаш игра на наместен резултат и елиминација.
Од: senior
Датум: 10.12.2008 03:14:21
Додека вака има оддавате важност вие медиумите на таканаречени навивачки групи,тие ќе имаат крила да во име на некој клуб од време на време се појават и направат штета,а она најбитното и најтрагично е што ги нема никогаш на стадион и да го подржат клубот за кого божемно навиваат.ЗНАЧИ НАЈКРАТКО КАЖАНО ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОЈАТ НАВИВАЧКИ ГРУПИ.......................... се чудам како може да пишувате за такви групи кога во суштина тие не постојат,доволно е да посетите натпревар на било која екипа и тоа е очигледно.Е сега ако некој сака да им оддава незаслужена слава повремено кога има дерби утакмица тоа е друго ,ама тоа исто го прават медимите истите кои сега вака жестоко ги напајѓаат овие типчиња.КАЈ СЕ ВИДЕЛО НАВИВАЧКА ГРУПА СОСТАВЕНА ОД ДВАЈЦА БЕЗ ТРОЈЦА ,вистински навивачки групи во Македонија моменто нема,доста стварате илузија............таа илузија сега му се удри на Вардар од глава.
Од: Marx
Датум: 10.12.2008 03:14:55
Primitivizam dragi moi e strasan rabota, a nie se davime vo istiot veke podolgo vreme i toa vo skoja mozna sfera od opstestveniot zivot.
Од: МК читател
Датум: 10.12.2008 03:49:03
Море Трифун пиеее вода на вардарот.. го упропасти клубот эа лични интереси... Нова управа, нови спонэори и нова комлет органиэација од фудбалери до тренери итн..
Од: mk
Датум: 10.12.2008 09:35:00
A sto tolku dobro napravil Trifun sto site go zalite? Na ovaa pozicija na tabela bea i so prethodnoto rakovotstvo i zatoa gi smenija i sto se napravi Trifun simni se Murto da dojde Kurto .A vie dusegriznici i novinari sto sega se zagrizivte za Varadar da ve prasam kolku godini ne ste bile na stadion i zasto ne se zagrizivte koga Varadar pred edna nedela nemase pobedeno 9 natprevari po red a posle Napredok 10..I sega go zalat Trifun lelele uspesnot pretsedatel sto maalski klub mu bega 10 boda .
Од: манипулатор
Датум: 10.12.2008 09:46:43
Драги мои па јасно е кој ги контролира и манипулира Комитите.
Од: verag
Датум: 10.12.2008 10:25:37
Што му се случи? Дојдоа вмро-ОВЦИ и го уништијА СО СВОЈОТ ПРИМИТИВИЗАМ И НАСИЛСТВО.
Од: Zabegan2
Датум: 10.12.2008 10:40:22
Sé moze da se reshi ako se saka i znae. Vodstvoto na Vardar koe krade pari vo svoj dzep preku najrazlicni manipulacii treba da e pod lupa na Drzavata, Inspekciite i drugi ustanovi koi imaat uvid vo transakciite. Site malverzacii se znaat no nikoj ne reagira. Odgovornosta e nivna. Takanarecenite navivaci koi nemaat mozok i unistuvaat predmeti vo svojata drzava treba da se identifikuvaat i sekade kade Vardar ucestvuva treba Vodstvoto na Vardar i Sprotivnite klubovi da gi identifikuvaat i da ne im se dozvoli pristap na arenata. Toa funkcionira vo mnogu drzavi. Ama za seto mora da se raboti, ne da se zali samo. Sé drugo napishano e samo prazni bukvi vo nekakov se redosled.
Од: young boy
Датум: 10.12.2008 11:40:38
ne znam zasto mesate politika VMRO bla bla odma gleda nekoja da iskoristi nesto od situacijata.Uprava,igraci se prolazni samo navivacite se vecni i klubot.Svatete nekoi raboti ne zivejte vo nekoj svet na bajkite i napravete razlika pomegu Navivac i Simpatizer
Од: zare
Датум: 10.12.2008 12:05:35
Ne li mislite deka i Trifuna go drmna ova recesijava pa moze samiot si montiral za da moze bes stram da si izleze od VARDAR. Gi ostavi Rabotnicki i Gorce pred LS napusti Rakometen Sojuz pred EP .TRIFUN I SE E MOZNO
Од: do verag
Датум: 10.12.2008 13:00:42
do koga be ke kukate, ova-ona, dojdoa onie, dojdoa ovie. eptem prostacki izleguva da se komentira na stranica za fudbal za VMRO i SDSM.
Ejjjj!!!!!! dosta places prijatele.
Од: Miroslav
Датум: 10.12.2008 14:25:13
Kakvi gluposti pisuvate, i vie si zemate za pravo da se narekuvate novinari. Plateni od edna strana da plasirate edni i od druga drugi tezi, novinarstvoto veke ne postoj.
Komitite se ogradia od incidentot, a ova sto sega se slucuva e maslo na Trifun so cel barem vo del da si go obeli obrazot i da go opravda napustanjeto na Vardar (predavstvoto) koe bezdrugo ke se slucese. Pa site znaea deka Trifun si ide uste mnogu odamna, nemojte da bidete naivni.
Од: asterix
Датум: 10.12.2008 14:29:20
Комитите испаднаа по примитивни дури и од Драган Павловик Латас