Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Мислења

Грчкото лоби и американската политика спрема Македонија

Такис Михас

Единствениот критериум што ја води политиката на Вашингтон спрема Македонија е трагањето за регионална стабилност

Најновата анализа покажува дека загриженостите околу стабилноста секогаш биле адут во американско-грчките барања кога станува збор за политиката на Вашингтон во однос на Балканот. Грчко-американското лоби нема влијание во обликувањето на американската политика спрема Македонија. Единствениот критериум што ја води политиката на Вашингтон околу ова прашање е трагањето за регионална стабилност.

Ова е заклучок од долгото истражување објавено во последното издание на „Форин полиси анализис“ од Џонатан Паквин, професор на Универзитетот Лавал во Квебек. Беа потребни повеќе од 12 години и три последователни претседателски мандати за Белата куќа да го комплетира процесот на дипломатско признавање на Македонија. Голем број аналитичари се обидоа да ја објаснат оваа очигледна аномалија со наведување на активностите на грчко-американското лоби во Вашингтон.
Меѓутоа, Паквин, кој имаше пристап до доверливи документи и до поранешни официјални претставници на Стејт департментот, го отфрла ова објаснување. „Размислувањата околу стабилноста се тие што ја дефинираа американската политика спрема контроверзното раѓање на македонската држава и ја оправдаа бавноста со која САД ја признаа“, пишува тој.



Прашањето за влијанието на лобито првпат се поведе во однос на одложувањето на признавањето на новата република во почетокот на 1990-тите години. Зимата 1992 година, Македонија ги исполни сите критериуми за признавање. Внатрешно таа одржа успешен референдум за независност; надворешно, имаше добро дефинирана територија и, исто така, изврши промена на Уставот со цел да докаже дека нема иредентистички амбиции кон Грција. Поради тоа, администрацијата на Буш (постариот) дојде до заклучок дека Македонија е подготвена за дипломатско признавање. Сепак, тоа не се случи. Во април 1992 година, Вашингтон ги призна Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, но не и Македонија. Меѓутоа, спротивно на ставовите што во голема мера владееја во тоа време, мобилизацијата на грчко-американското лоби немаше никаква улога во ова. Главен фактор во одложувањето на одлуката беа растечките политички тензии меѓу Грција и Македонија и изгледите дека би можеле да кулминираат во оружена конфронтација.

Грција наведува дека името Македонија во себе ги содржи територијалните претензии на Скопје кон нејзината северна провинција со исто име. „Вашингтон процени дека властите во Скопје не се во позиција да докажат дека не би можела да се случи војна со Грција“.

Слични размислувања, исто така, имаа улога во друга клучна епизода од оваа долга дипломатска сага: признавањето на Македонија од администрацијата на претседателот Бил Клинтон во почетокот на 1994 година. Оваа одлука беше донесена и покрај жестокото противење од грчко-американската заедница. Уште еднаш размислувањата околу стабилноста го обезбедија балансот.

Метју Нимиц, специјален пратеник на Клинтон за Македонија, рече: „Целта беше да се зајакне признавањето на суверенитетот и да им се даде (на Македонците) еднаквост со земјите кои би можеле да бидат непријателски“.



Грција и Македонија во 1995 година ја потпишаа Привремената спогодба во ОН. Според договорот, Македонија ги промени знамето и Уставот, и двете земји се заложија да ги продолжат преговорите за „прашањето за името“ под покровителство на ОН. Последната епизода од американско-македонската сага се однесува на признавањето на ФИРОМ како Република Македонија есента 2004 година. Уште еднаш оваа одлука доведе грчко-американската заедница да се мобилизира и да се сретне со претставници на Стејт департментот. На една таква средба државниот секретар Колин Пауел му рече на архиепископот Деметриос од Грчката православна архиепископска диоцеза: „Знаеме дека одлуката ќе ви нанесе огромна болка, но немаме избор. Целта беше да се зајакне стабилноста во Македонија“.



Одлуката за признавање на Македонија под уставното име беше диктирана од стравувањата за растечките тензии во Македонија и опасноста дека Охридскиот договор од 2001 година - со кој беше ставен крај на оружениот конфликт меѓу македонските власти и етничките албански милитанти - би можел да се наруши. Признавањето имаше цел да ги задоволи македонските националисти и да ја подигне довербата на православното мнозинство во земјата, како и да обезбеди повеќе докази дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Македонија.

Според тоа, стабилноста беше надмината грижа на тројца последователни американски претседатели. „Грчко-американското лоби не беше сериозен фактор во одлуката на администрацијата на Буш да се одложи признавањето во 1992 година. Тоа, исто така, не успеа да го спречи претседателот Клинтон да ја признае независноста на државата во 1994 година и повторно 10 години подоцна не успеа кога се обиде да ја промени одлуката на Џорџ Буш да го признае уставното име на Македонија“.

(Авторот е грчки новинар. Анализата ја пренесе истражувачката мрежа БИРН)


Статијата е прочитана 1494 пати.

Испрати коментар

Од: spaski
Датум: 10.12.2008 02:14:36
golem procent e tocno naseto lobi se uste ne na nivo na grckoto za nesto pokrupno da napravi seto e svedeno kolku svesta na amerikancite ke preovladee moralot i pravoto. Bog ke gi socuva makedoncite od ovie napasti da se nadevame a gi ima mnogu mrsojadci albanci grci bugari srbi site besni kucinja sto laat za makedonska sveta zemja koja opstojila iljadnici vekovi. Ej narode moj makedonski po koj znae koj pat si staven na iskusenie kako hristos raspnat na krst stavan na iskusenie do nesvest i nie dosta e veke ke dojde denot koga sonceto ke sveti so cela svetlina samo da mu pomogneme senka da ne drzat ovie ajduti.
Од: koj bilo
Датум: 10.12.2008 06:38:26
ako nasiot juzen sosed (somalija) se plasi deka makedonija ke ima pretenzii na severniot del od taa drzava, onda tie imaat nesto sto krijat, znaci toa ne e nivno--inace zasto bi se plasele,???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Кошмар ја зафати Грција пред Божик
СОНК ќе бара разрешување на 15 директори на училишта
Ој Вардаре, Вардаре, што стана од тебе?
Зденко
Претходен број
За Владо Бучковски 3,5 години затвор
Системот за безбедна храна, сепак, стартува в година
Македонците крем на бугарското општество (2)
Владата и' го даде дизелот на „Окта“ поради големите залихи
ДДВ на почек
Патот до вечното почивалиште на Алексиј Втори послан со рози
Закони и закани
ММФ бара Владата да троши помалку
Во рестораните слободно пушење до 2010 г.
„Кометал“ дефинитивно излегува од Вардар
Вербатим