По шест месеци спонзорство, семејството Костовски се повлекува од клубот и од македонскиот спорт воопшто
Сашко Ѓ. Димовски
Кометал и семејството Костовски излегуваат од Вардар. Ова е дефинитивен став на спонзорот на црвено-црните по вчерашниот состанок на највисокото клупско раководство во Скопје и по нападот на „комитите“ на автобусот со фудбалери на превојот Стража. Ова ни го потврди потпретседателот Коста Костовски кој и самиот е разочаран од последните случувања во и околу клубот.
„Ставот на претседателот Трифун Костовски е дефинитивен. Ние, како семејство и спонзор, се повлекуваме од Вардар“, ни' изјави Коста Костовски.
Тој е изненаден од потегот на вардаровите навивачи во неделата. Не знае и не сака да прејудицира кој е нарачател на немилиот настан, но и тој смета дека случајот има позадина.
„Ниту јас ниту било кој во управата на Вардар не сакаше да дојде до ова, но, за жал, дојде. Како управата, спонзор и пред се' како луѓе згрозени сме од инцидентот“, дополни Костовски.
Претседателот Трифун Костовски уште во неделата најави дека ќе се повлече од Вардар. И не само од Вардар туку и од македонскиот спорт воопшто. Исто така најави дека тука некаде запира и неговото појавување на трибините во спортските сали и на стадионите во Македонија. Во интервју за ТВ Алфа, во понеделникот, Трифун Костовски го потврди својот став за напуштање на најтрофејниот македонски фудбалски колектив, но ја остави отворена опцијата Коста Костовски да го замени во црвено-црната претседателска фотелја. За таквата опција побаравме мислење од Коста Костовски кој кусо прокоментира:
„Јас без Трифун Костовски не одам никаде. Ако ја немам неговата поддршка нема зошто јас да останам во клубот. Сите долгови што се направени во Вардар во времето додека „Кометал“ беше спонзор на тимот ќе ги надмириме. Сакаме да го оставиме клубот со чиста сметка по нашето повлекување“.
Кометал беше спонзор во Вардар во изминатите шест месеци. Помпезно се најавуваа засилувања, работа на долги патеки, стабилизирање на клубот, атак на двојна круна, нова опрема, излез на меѓународна сцена, враќање на стариот клупски сјај. Со новиот спонзор црвено-црните ги имаа сите неопходни услови за реализацијата на најавеното, но испадна дека навивачите го избркаа спонзорот од клубот. Вардар западна во длабока резултатска и играчка криза. Осум првенствени кола нема победа (два пораза и шест реми исходи), а ако кон нив се додадат и двата во осминафиналето во Купот кога беа елиминирани од Ренова, тогаш се стигнува до бројката од 10 натпревари во кои ја немаат почувствувано сласта на победата. Клубот моментно се наоѓа на петтата позиција на табелата во домашното првенство со 24 бода, 10 помалку од лидерот Македонија Ѓорче Петров. Со доаѓањето во Вардар раководството на клубот го ангажираше Ратко Достаниќ за тренер на екипата. Србинот издржа кратко на клупата на Градски. Си замина од политички причини кога Македонија донесе одлука за признавање на Косово. На негово место дојде Жикица Тасевски, кој го одведе Маџаро до финалето во Купот и беше асистент во стручните штабови на Ѓоре Јовановски и Драгољуб Беквалац во Работнички и на Достаниќ во Вардар. По елиминацијата во националниот куп управата на Вардар разреши Тасевски од позицијата прв тренер во клубот и на негово место го доведе Милко Ѓуровски.
И Милко Ѓуровски си оди од Вардар
Клупското раководство на Вардар вчера одржа состанок со фудбалерите на кои им ја соопшти одлуката за повлекување на спонзорот Кометал од клубот. На таквата вест прв реагираше тренерот Милко Ѓуровски кој веднаш најави дека мечот со Македонија Ѓорче Петров во недела на Градски ќе биде последен за него на вардаровата клупа. Човекот си заминува, а за иднината на играчите дополнително ќе се разговара. Дел од нив, разочарани по последните настани, за денеска најавија прес конференција. Каква ќе биде нивната судбина не се знае. Вардаровите фудбалери се' уште се вознемирени и под стрес од неделниот инцидент на Стража кога дел од навивачката група „Комити“ го каменуваше клупскиот автобус, кој се врати демолиран во Скопје, и се обиде физички да се пресмета со нив. Тие се исплашени за својата безбедноста, а дознаваме дека дел од нив размислувале дали воопшто да истрчаат во недела на Градски во пресметката со лидерот во шампионатот, екипата на Македонија Ѓ.П. Од клубот побарале мечот да се одложи, но не им било дозволено, па затоа раководството на Вардар им сугерирало до играчите да соберат сили и да ја одработат и последната есенска обврска кон клубот по што ќе следат разговори за нивната иднина.
И да излезат на терен, во што веруваме дека сепак ќе се случи, прашање е колку вардарци ќе бидат во состојба да го дадат максимумот по хоророт што го преживеаја во неделата на Стража.
што да се каже после се, ако не дека грешката е во изборот на странските засилувања. во вардар се купуваат играчи од трета српска или црногорска лига, а потоа се бара не знам какви резултати.
Од: alex_bt
Датум: 10.12.2008 04:08:12
e bre znaev deka ke zamini trifun i sega kade pa naravno zaedno so pobeda i pelister ke igrat 2ra liga a vo prva liga ke igrat miravci, turnovo, metalurg i dr...
se smeevte na pelister deka zapadna vo kriza bezparica ama ke se borite do kraj izgleda za opstanok so nas i pobeda ova e sram na mak fudbal i veke maka mi e da komentiram vakvi fudbalski centri da bidat vo nevidena kriza poarno site klubovi da otkazat samo taka mozi da se isterat tie hostaplerite od FFM da ne se igra fudbal samo da ja polnat kasata a podocna djebovite na FFM... zasramota...
Од: jas
Датум: 10.12.2008 05:02:04
komitite dovivat toa shto zasluzhuvat, ostanuvat bez VARDAR, kade ke ja upotrebat nivnata negativna energija sega?
Од: okle
Датум: 10.12.2008 05:05:03
ne se krivi fudbalerite nitu navivacite.koga se saka nekoj klub se reagira na toj nacin zosto nekoj im sugerira na igracite na nekoi natprevari deka ne smeat da pobedat toj sobere golemi pari a na fudbalerite nitu evro.ovaa e javna tajna vo celiot svetski fudbal i navivacite reagirat i pravat problemi a ima nekoi sto da im placate ne sakaat da odat da gledaat fudbal.sramota e za celiot svetski fudbal navivacite ne se huligani huligani se tija sto mesetarat okolu fudbalot
Од: miroslav
Датум: 10.12.2008 07:44:57
Do "eden":ja neznam kako mozes da kazes deka se kupuvaat fudbaleri od 3 srpska liga???
Zeljko Kovacevic dojde od Smederevo a prethodno bese vo Partizan so nastapi za mladata reprezentacija??? Ista e situacijata so Jovanovic-Guti???Nemanja Milisavljevic dojde od OFK Beograd??Lazar Stanisic e najdobriot igrac na vardar???
Од: Archelay
Датум: 10.12.2008 08:25:36
Vardar e sportska oznaka na Makedonija pa bilo toj i da ne postoi.Site tie sto dosle vo nego ne uspeale da go razbrat toa.Dokaz za toa se negovite navivaci koi konstantno gi ima i na sekoj nacin reagiraat za da im se vrati ovoj klub takov kakov sto bese.Bez stabilen Vardar nema ni asolen fudbal kaj nas.I obratno.So stabilen Vardar ke isceznat i hadziristevskite mafijasi.
Од: LF_NL
Датум: 10.12.2008 09:15:36
Trifun imas golema poddrska od mene za ostavkata popameten poteg vo skoro vreme ne si napravil.Ne mu trebas na Vardar zatoa sto toa e pregolem zalak za tebe.Samo mi e krivo sto vaka se izvlece sto ne si otide kako luzer zatoa sto Vardar i koga bil na najnisko deredje nema postignato vakov "uspeh" od 10 kola po red bez pobeda i ispadnat od kupot od tim od selo.Ja iskoristi situacijata so napadot za da se izvleces i da si otides kako heroj zatoa sto znaese deka posle Kicevo te cekase linc po mediumite i deka ke ti bese mnogu gusto pokraj kritikite kako gradonacalnik uste da pisuvaa i za ova deka ne te biva ni da go vodis Vardar.
Go razbiram revoltot na Komitite zatoa sto oni se tamu od ljubov a ti si za profit.
Од: divtar
Датум: 10.12.2008 09:54:11
kako i da e prodolzuvame ponataka vo vardar se smenile mnogu sponzori.upravi pominale mnogu igraci ama nie najvernite sekogas ostanuvame na isto mesto nie ne si odime tuka sme i vo dobro i vo loso .
pozzz ekipa
Од: манипулатор
Датум: 10.12.2008 10:15:19
Ова е политичка пресметка со Трифун од оние кои прво го поддржаа заа градоначалник а потоа му откажаа поддршка па сега преку комитите кои ги контролираат или поточно речено манипулираат вршат притисок.Ова е една од формите за дискредитација на невмровските градоначалници кои ги користи дпмне низ цела држава,со цел на претстојните локални избори да ги освои и тие општини.
Од: Филип Колеќески
Датум: 10.12.2008 10:34:35
"Браво" Комити !!!
Немате ни К од Комити !!!
Што очекувате,за неколку месеци чуда да се случат???
Таман се израдував нешто убаво ќе се случи во Вардар па можеби и некој друг стабилен спонзор по примерот на Трифун ќе инвестира во фудбалски клуб кај нас ...... и сега ова!
Да не може човек да се порадува кај нас кога станува збор за спорт !
Сакам да гледам фубал,сакам да има Вардар стадион и фан продавница како што доликува на еден фудбалс��и клуб,сакам сезонска карта !!!
Знам дека се занесувам со коментариве ама најискрено тоа му го посакувам на Вардар,но не со вакви навивачи !!!
Поздрав до сите кои му мислат добро на Вардар!
Од: young boy
Датум: 10.12.2008 11:55:04
pa bas bi trebalo da bidat sega najsposobni kako moze da nemaat karantin igracite pred nekoj natprevar ,da se pijancat vo skopskite diskoteki .Najverovatno im udrija parite vo glava a Milko neka si odi tamu vo Slovenija neka vodi podprosecni timovi koga ne e sposoben za najgolemata makedonska gordost f.k.VARDAR
Од: ULTRAS
Датум: 10.12.2008 11:58:34
VARDAR i KOMITI postoele dolgo pred trifun i ke postojat dolgo po trifun. Igracite zasluzija i poveke od ova sto go dobija, 2 meseca kade i da se pojavea go brukaa crveno crniot dres. A site dusegriznici za vardar koi navivaat od doma i rezultatie na vardar gi doznavaat vo sportski pregled vo nedela navecer, ne se kopmetenti da komentiraat. Vistinskite vardarovi navivaci se sekogas i sekade so nego. I POSLEDEN I PRV, SEKOGAS KE ZIVEES VO NASATA KRV!
Од: Filip
Датум: 10.12.2008 12:02:48
Trifune ja iskoristi situacijava za da se isperes pred javnosta za site gluposti! Da znaes deka VARDAR e eden i ke postoi so ili bez tebe!
Од: kiko
Датум: 10.12.2008 13:53:25
ах трифуне, трифуне... се извади со инцидентот, а? алал нека ти е! немаше како да се оправдаш бидејќи знаеше дека ти и играчите сте криви за кризата, па се вадиш со инцидентот! ние одиме за ВАРДАР од љубов, а ти за да си го дополниш џебот! среќен пат труфуне!
Од: Ultras Skopje
Датум: 10.12.2008 14:15:56
Kako ne vi e sram ! Ako imaat malce moral,etika,sovest i svest neka gi kazat objektivnite pricini zosto begaat od klubot,a ne da kazat deka Komiti se krivi.So koe lice i obraz moze da go kazat toa,kako e mozno posle eden incident da donesat odluka deka si idat.Ma nek idat ako sakaat,ama neka ne davaat takvi ligavi izjavi..Pa nie navivacite ne gi tepavme 10 kola po red igracite pa oni da ne mozat da go izdrzat pritisokot.Ili mislea deka igraat u Madzari Solidarnost pa aj,sto bide neka bide ?? E za zal ste zgresile.Site vie,vklucuvajki te i tebe g-ne Trifun da si idete,nemoj da mislite deka svetot ke propadne bez vas.
Од: marko
Датум: 10.12.2008 14:23:13
na mnogu kukavicki nacin trifun kostovski go napusti vardar i ova e veke tretiot klub ako se broi i rakometnata federacija togas se veke cetiri, jas sum siguren deka negovoto zaminuvanje nema nikakva vrska so nedelniot insident na nezadovolnite navivaci tuku tuka ima nekoj drugi matni igri, pa neka bide iskren koj se negovite pricini sto go napusta klubot barem toa im e dolzen na igracite i na celata vardarova navivacka armija
Од: Sloven
Датум: 10.12.2008 14:59:28
Golemiot skopski "Vardar" zagubi od "Renova" od Djepshishte!!!! Hahahahahaha heheheheheee!
Zarem ne gledate deka drzavava za matoricina ne ja biduva?!Setete se sto bese "Vardar" pred dvaesetina godini?O se izvinuvam togas bevme porobeni i "pod srpska okupacija".Site vie golemi patrioti sporedetego zivotot sega i sporedete go Vardar pod "okupacijata" i udrete edna prosta matematika.Ke ispadne deka ovie "jugonostalgicari"pak se vo pravo.Makedonia,Makedonia,Makedonija!!!!!
Од: miroslav
Датум: 10.12.2008 15:53:52
Dali toa konecno igracite na Vardar se pojavija i ja lociraa odgovornosta tamu kade sto trebase odamna da bide locirana, a toa e kaj niv , "menadzerite", i po nepotizam sostavenata uprava. Jas taka slusnav pa ako e vistina konecno nesto da napravat iskreno i od srce posto so igrata sto ja prikazuvaat sezonava posle 5 kolo, izgleda deka srceto go zaboravile na drugo mesto.