Број 3147  сабота, 28 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Поглед

Дедо Стефан и ќесето

Билјана Јовановска

Слушај што ти зборувам, не гледај што правам!

Е, вака некако би можело да се поедностави и да опише однесувањето на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан кога станува збор за донациите за изгорениот конак на Бигорскиот манастир. Првиот духовник го искара и новинарот што не донирал, а кој, замислете, се осмелил да го праша поглаварот дали и колку тој лично го одврзал ќесето!?

Поминаа два месеца од пожарот во Бигорски, ама првиот меѓу еднаквите во Синодот на МПЦ никако да повлече нога. За волја на вистината, светите книги не' учат дека за подареното не треба се фалиме. Меѓутоа, на г.г. Стефан Господ би му простил зашто со свој пример ќе покажеше како треба да му се помогне на секој што ќе му се случи несреќа. И народот ќе го следеше. Во далеку поголем број отколку сега.

Арно ама, на г.г. Стефан не му текнува. А обичните луѓе, верниците, гледаат дека големците од Македонската православна црква не даваат, па и тие недоволно даруваат. И натаму владиците се возат во своите прескапи автомобили, кризата ниту ги засега, ниту ги допрела. Па, паствата со недонирањето како да му испраќа порака на црковниот врв. Манифестираат револт кон оние што можат, а не даваат.

За жал, примерот изостана, останаа само апелите. Во касата на древниот манастир се слеале 250.000 евра, што не е малку, но е недоволно за обновување на загубеното. Наводната штета е 5,5 милиони евра, како што некој истресе од ракав. Бројката сигурно не е таа, но и со собраните пари конак не се крева. Затоа, дедо Стефан, покажете се! Собраќата архијереи ќе го следат вашиот пример. Народот, исто така, ќе дарува по вас!


#
Статијата е прочитана 1964 пати.

Испрати коментар

Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 28.11.2009 00:35:46
Eden poznat filozof izvika "skrsete ja gnasata" mislejki na crkvata.Nepostredno po toa sogleduvajki opstestvena potreba vo nesto da se veruva ke kaze "ako ja nema treba da ja izmislime",no so vakvi vladici bi dadal "podobro da ja nema".
Од: Коста Стоименовски
Датум: 28.11.2009 01:28:14
За неодамна упокоениот поглавар на СПЦ, Павле искрено тагуваше цела Србија. Патријархот Павле беше и ќе остане како симбол на оданоста на Бога, на скромноста, на аскетизмот! „Шкода-Фелиција“ беше негово службено возило, а кога патуваше со воз се возеше во вагон втора класа! Штедеше струја, па дури и мастило. Имам впечаток дека целиот мандат го помина со една единствена црна мантија! Тој тоа не го правеше поради демагошки, поулистички или какви било слични причини, туку исконски, човечки. Мошне развиениот хедонизам во редовите на нашето свештенство се посериозно го разградува не само нивниот авторитет, туку и авторитетот на МПЦ-ОА!
Од: stevo-glavata
Датум: 28.11.2009 02:18:52
Sto se cudite be lugje? Kako mozese uste vo prviot saat od pozarot da procenat deka se raboti za steta od 5.5 mil.evra?? Taka, toa im veke se sredeno. Ke zemat od Drzavata nekoe milionce (citaj ke isperat zaednicki), ke go dobricat i narodot so prikaznite deka eve malku pari se sobralo od nego...i taka do beskraj. Nekoi lugje se vsusnost vo Crkvata samo zaradi pari i nisto poveke.
Од: Redoven citatel
Датум: 28.11.2009 02:44:44
Prosti im Gospodi i na Biljana i na ovoj Tulko. Ne zasluzuvate poveke komentar!
Од: Tom - Adel.
Датум: 28.11.2009 03:56:55
Dedo Stefan deka nema ni gros da dae toa e sigurno, no trebe da se potseti so sto ke se zanimava so crkvata i vernicite ili so ugostitelstvo i turizam.Prvo neka prodade IZGREV i BISER vo struskoto krajbrezje pa so tie pari neka go obnovi Bigorski, ako nedostasaat pari togas siguren sum deka narodot ke dava mnogu poveke.A vladicite drugi go sledat primerot za glavniot zatoa i tie imaat zmija v dzep za da brknat za pari da dadat.
Од: Koldi
Датум: 28.11.2009 04:14:25
Popovite vo nasava drzava se uceni samo da zemaat a ne da davaat, a koga treba da davaat stanuvaat nervozni.
Од: Zidarski
Датум: 28.11.2009 07:59:36
Госпоѓо Јовановска, Очигледно е дека немате основно познавање од црквата и нејзините правила. Г.Г. Стефан, освен што е Архиепископ, е и монах. Како таков, тој нема НИКАКВА лична сопственост. Така што - што тоа може да даде самиот тој? Може да дари институцијата МПЦ, по негов совет (дури ни по негово барање), но во никој случај, не може да дари тој самиот, затоа што едноставно - нема што да даде. Можевте да се потрудите да проверите ваква банална информација, пред да тргнете да обвинувате некого.
Од: vernik
Датум: 28.11.2009 08:01:57
ne treba nikakvi donacii samo velikodostojnicite nacelo so dedo stefan da gi prodadat skapite djipovi i koli ete ti obnova na sv.jovan bigorski,a tie so prst ne mrdnuvaat muva ne gi lazi
Од: GoKo
Датум: 28.11.2009 08:31:44
Eh, da bese samo toa, ke nemase drug kako nego, tuku...
Од: Komentator
Датум: 28.11.2009 10:03:53
Zalno e i greota nasiot najubav manastir da ostane pepliste....Vikaat ribata zasmrduva od glavata...zatoa gospodine Stefan...pokazete se i vie i na Vasata fela.. trebe da se prokontroliraat trasankcijski smetki...i pokraj toa sto ne davate za vasite uslugi fiskalni smetki...Procitav skoro deka pocinatiot srpski patrijarh bil dosta skromen covek posveten na boga i koga gi videl raskosnite kola na svoite vladici kazal edna "istoriska" recenica " E.. OVIE KAJ KE IM BIL KRAJOT DA NE GO DALE ZAVETOT NA SKROMNOST"" i navistina kazal se za crkvata...!!!
Од: Игор
Датум: 28.11.2009 10:26:26
Додека има овци ќе има и џемпери. Давајте ги своите тешко заработени пари за да може некој да се вози во скапи џипови и надевајте се дека господ ќе ве сака повеќе.
Од: Teodora
Датум: 28.11.2009 11:26:39
Manastirot e na debarsko-kicevskata eparhija cij eparh e g.Timotij.naovoj prostor ima desetici crkvi i manastiri-koe aktivni,koe spomenici na kulturno-istoriskoto minato,kade vernici i ljubopitnic,turisti,doagjaat i ostavaat darovi ili pari.Mnastirite sv.naum,sv.Kliment-sv.Bogorodica Prevlepska-vo Ohrid,sv.Bogorodiva kicevska,samiot sv.Bigorski na Ohridsko-kicevskata eparija i donesuvale vreki pari.E,tie,treba da se vgradat vo izgoreniot manastir,i tie se svoeviden doprinos za Crkvata,iako,ova ne gi amnestira vernicite i nevernicite da dadat,sega,svoj materijalen prilog.A toa sto Crkvata e velikodusna,pa izveduvacite na elektricnata instalacija gi osloboduva od odgovornost-toa e druga prikazna,osven ako tie lugje ili firma ne se nivni lugje.Vernik birekol,prosti mi Gospode za gresnite misli,no visokopreosvestenite na celo so g.Timotij i gg.Stefan,treba prvo samite da go odvrzat keseto,za potoa daocekuvaat toa drugite da go storat,zasto takov zafat,kako vraduvanje elektricna instalacija
Од: Vernik Skopski
Датум: 28.11.2009 11:56:57
Sramota e da go napadzate g.g.Stefan! On nema nisto! On ne poseduva nisto!??!! Bi prasal samo edna rabota a bi sakal odgvor : Kolku kosta svecenata obleka sto ja nosi g.g. Stefan? ( Se kupuva vo Grcija po cena od 15.000 Eura) A takvi iman nekolku (10 komanda sto zasega se znaat). A i vtor neka se brcne Dimitar Belcovski vo dzebot i neka izvadi nekoe milionce od IZGREV. MPC OA stanala pogolema peralna na pari od bilo koi drugi. Primer Dimitar Belcovski ima mesecni primanja od - Profesor na Bogoslovskiot fakultet - Sekretar na g.g. Stefan - Dzakon vo Sv. vmc. Dimitrija - Direktor na GAlija a za drugite nekoja druga prilika GOPSOD NEKA NIE E NAPOMOS SO VAKVI VODACI
Од: terezija
Датум: 28.11.2009 12:48:22
Sekoj,vo DUSHATA si imame mal OLTAR (za molitva i duh.relaks.)...A "gradbite"-pogot. "NOVOSOZDADENI" se instrument za bogatenje na ALCHNITE SREBROJLUPCI vo mant.Dodeka "Sv. Jovan Bigorski"e nashe NEPROCENLIVO BOGATSVO,za koja cel SEKOJ EDEN treba da ja aktivira svojata SAMOSVEST.Druga rabota e deka so "doagjanjeto"(NASILNO)na izvesen Stojan od s.Dobrushevo,alijasG-din(itoaX2)Stefan za prv chovek na MPC -politikata ja zloupotr.i iskoristi VERATA.Kade ke ni e krajot ako po primer. na DPMNE- sekoja nova Vlada, meshetari so MPC so pomosh na svoite SOPARTIJCI?!Sekako, Tulko nema pravo-ako misli na Crkvata i Verata...No ako misli na nejz."KVAZI PASTIRI"-namesto 'vozljubeni vo Boga'-tuku vo PARITE sekako ke priznaete deka NE GRESHI.G-dine(itoaX2)Stefan,steknavte (nechesno)GOL.BOGATSTVO i imate PREUBAV OVOZEMEN zivot,blagodarenie na ovoj Narod(..i politikata)no za zal NEDOSTOJNO ne' prezentirate i SRAMITE so svoite "postapki"...A toa ne e nimalku Hristijanski;Imajte DOBLESTi POSHTEDETE NE'od p
Од: Zarko
Датум: 28.11.2009 14:34:21
Nasata crkva od mnogu odamna so svoite postapki ne ja pokazuva i dokazuva svojata uloga vo modernoto opstestvo,osven se razbira koga e vo prasanje denacionalizacijata na nekogasnite nejzini imoti i site ostanati blagodeti koi neskromno gi pobaruva i dobiva od vlasta!Se secava li nekoj dali nasata crkva se obide da zdomi makar i eden begalec vo denovite na konfliktot?Nejzinata pozicija vo opstestvoto e izmestena i nadvor od site kanonski normi neopravdano privilegirana!
Од: koki
Датум: 28.11.2009 15:28:08
Neka go prodadat placot na Plostad sto im go pokloni Vladata, taka sto ke ja dobijat vistinskata pazarna cena i veruvam deka ke se soberat eden dobar del od pooozamasnata suma koja ja istaknaa!!! Mora veke ednas da svatat deka narodot e navistina isceden i beden od vladeenjeto na nivnite mezimcinja koj gi digaat vo oblci.
Од: batka
Датум: 28.11.2009 17:41:40
Abe,Zidarski!Ti veruvas vo ona sto go napisa:Stefan bil monah i nemal nisto!?? Majkata,se slagam i mene da me vozat vo dzip so blindirani stakla,da setam,jadam,pijam se debeleam i pak- da nemam nisto! Ako iskreno veruvas vo tvojot napis,iskreno poveruvaj vo mojov! Dedoto IMA mnogu poveke otkolku Vie,vernicite iskreni vo Boga mozete da zamislite!!!!!
Од: Goran
Датум: 28.11.2009 23:43:04
Само ѕидот што го опојасува резиденцијалниот објект на архиепископот, во себе содржи камен за изградба на еден конак. Станот, на другиот "монах", наречен Кирил во нас. Аеродром(над Casa Italia) исто така чини скромни стотина илјади евра (патем нели монасите треба да живеат во манастири), но и другите режиски трошоци на дневна основа, кои МПЦ би можела да ги редуцира и да заштеди за БИГОРСКИ, би биле доволни архи-епископот да не мора да брцнува во својот џеп....Ама нему ниту тоа не му текнува, оти се работи за одлив, а не прилив на пари....Нека се засрами
Од: Скопјанка
Датум: 29.11.2009 06:59:35
Храброста на Билјана Јовановска ги испровоцира скоро сите. Такви сме ние како народец - ќутиме, ама тоа не значи дека немаме свое мислење! Веќе подолго време свештенството го има изгубено угледот кај верниците ( секоја чест на ретките исклучоци ) така што настанот со Св. Јован Бигорски е само повод за вакво произнесување на верниците ( кои патем грижливо си ја почитуваат верата ) а за свештенството......се е кажано
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.11.2009 09:43:06
Каде се видело свештено лице да брцне во сопствениот џеп и да даде финансиски средства од која била причина.Попрво Исус повторно ќе слезе на земјата отколку ова да се случи.А за наводната штета од 5 мил.евра се добива впечаток да не изгореле конаците туку како да изгорел целокупниот имот на црквата,надувената штета уште повеќе го поткопува и она малку што остана од угледот на црквата.П.С една мала дигресија визави пишувањето на ,,некој,,за однесувањето на ЕУ,немислам на народите во ЕУ,туку на ансамблеата во Брисел,немојте да сваќате буквално,поправете го читањето текстови,со малку вежба ќе биде о.к

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (8)
Зденко
Груевски сардисан од сите страни
Пропадна и четвртиот тендер за двокатни автобуси
Предизвикот на белите снегови на Црна Гора
Демократска ликвидација!
Најмалку 30 загинати при терористички напад врз воз во Русија
Новите балади на Тоше пред скопската публика
Реквием за ДПМНЕ
Болните на клиниките во паника
Банките прашуваат дали си политичар
Нападите во Бомбај
На АВНОЈ беше најавен АСНОМ
Лек за балканската депресија
Двојните аршини на Бугарија