Број 3147  сабота, 28 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Мислења

На АВНОЈ беше најавен АСНОМ

Тодор Атанасовски

Пред 66 години македонскиот народ го разбра АВНОЈ и признанијата од него, а денес тоа тешко ни оди

На овој ден пред 66 години, во штотуку ослободениот град Јајце, се одржа Второто заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија - АВНОЈ. На оваа собрание народот на Македонија доби највисоки признанија, Македонците беа признаени како нација, македонскиот јазик како рамноправен со другите и еден од службените јазици во идната заедничка држава. На македонскиот народ му беше признаена борбата за национална слобода и за сопствена држава, што значи не само на борбата од 1941 година, туку и вековната континуирана борба за национална слобода, а со тоа и правото да создаде сопствена држава со фактот дека на овој ден беше најавено и Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија - АСНОМ, кога ќе биде промовирана македонската држава во екот на војната од претставниците на народот.

Овој настан, неповторлив по своето значење, не е, не беше и не можеше да биде некаква гола среќа, пред се', затоа што во тој миг веќе течеше третата воена година во оружената борба против фашистичките анектори и окупатори. На овој настан му претходеа востаничките пламнувања во Прилеп, пред тоа во Скопје, како и во Куманово. Масовните репресии, дабничкиот колеж, крвавите акции низ Потпелистерието, беззаконијата и убиствата во Скопско, Кумановско, низ источна Македонија. До тогаш борбата на македонскиот народ веќе достигна високи и значајни нивоа. До АВНОЈ, при Главниот штаб на НОВ и ПОМ веќе беа воените дипломатски мисии на водечките држави во големата антифашистичка коалиција. Со овие неколку факти сакам да кажам дека АВНОЈ и неговите признанија се резултат на една тешка и бескомпромисна борба. Борбата на македонскиот народ беше веќе препознатлива и имаше своја забележителна тежина на национален, регионален и поширок план.

Со свои нецели 19 години, во тој историски миг, сигурно не сум можел да го разберам целото значење на одлуките на АВНОЈ, меѓутоа со годините, искуството и знаењето во овој миг, тоа значење не е само големо и не е само историја и историско, туку е мошне функционално за нас до ден-денешен, посебно и затоа што и македонскиот народ, и ова општество и држава, се пред историски решенија од исклучително значење за натамошниот развој. Ни тогаш не бил на сцена само нашиот национален интерес. И тогаш реални биле и влијаеле и интересите на другите околу нас и пошироко, еднакво како сега, се разбира, на ова ниво на развојот. Меѓутоа, она што не сум можел до крај да го разберам тогаш, го разбра македонскиот народ. Тој го заслужи АВНОЈ, ама го зграпчи и по него целиот се втурна во таа борба што ќе доведе до реализирање на врвните национални цели - национална слобода не само за Македонците, туку за сите и секого во Македонија и национална држава што еднакво ќе ја гарантира слободата на сите во Македонија. Ова што го велам со сегашниот ум и искуства, тогаш така го беше разбрал македонскиот народ или пошироко народот во Македонија.

Трошејќи ја деветтата деценија, одвреме-навреме се враќам во минатото, сега да фрлам поглед на некои настани со денешниот ум. Тешко на оние што во деветтата деценија се во умот од втората. Некои работи и прашања не ме оставаат мирен. Едно од тие е - како тогаш, пред 66 години македонскиот народ го разбрал АВНОЈ и признанијата од него, а денес тешко ни оди тоа. Една година по војната, Општина Делчево, на Денот на ослободувањето, ги покани сите претседатели на воените општини во околијата. Ја имав честа да бидам присутен. Тоа не беа никакви накитени елити - ни слични на тогашните наши повоени, а ниту близу на овие денешниве. Сите тие луѓе беа неспорни - природно признаени првенци во своите села. Ововремените млади не знаат дека Нестор не е само лично име, туку и древна македонска традиција со која се означува умниот во селото, од кого сите бараат совет и поука за своите маки.

Го паметам декември 1943 година, на 21 во Фуштани - Меглен. Одржавме повеќе собири, советувања воени, политички и слично. Значи ни цел месец по АВНОЈ и заслужените признанија - тогаш АВНОЈ едвај еднаш или два пати го спомнавме, ама секој втор збор на говорниците им беше Шарло и шарловизмот. И сега се прашувам, зошто тоа беше така, ама и опоменувам - не правете ја нашата грешка. И тогаш некој сакал да го забошотува АВНОЈ, гледам и сега се забошотува. Се' уште живите комунисти и воини од тоа време не ќе сме вистинската причина за тоа.

Траекторијата низ која минуваат народите и нациите се мери со векови, поради што во нивната историја има место за сите генерации. Во наше време народот ја создаде својата држава и ги даде своите национални белези. Сега државата е во ваши раце - во ваши раце се и оревот и каменот. Водете ја и развивајте ја. Природно е да бидете поумни од нас. Би било несреќа ако не е така. Во сите времиња зад нас, сега и во иднина, ќе има разлики и противречја помеѓу општите и примарниот дел дефиниран како основа. Нашите македонски патишта се специфични и различни од другите. Кај нас отсекогаш идентитетот не бил граден и чуван од елитите, врвните попови, туку од најсиромашните слоеви - така се искажани и приказните, испеани песните, дочувани и развивани адетите. Не само што не гледам дека денес е поинаку - и денес не мал број набилдани патриоти ги менуваат фесовите и капите на сличен начин како што го правеше тоа нашата зародишна буржоазија, стокмена со „френк такми и фесови“.

Јас сум оптимист, верувам како што пред 66 години овој народ го разбра АВНОЈ и си ги препозна своите интереси, подобро од нас и денес ќе си ги препознае своите интереси. Ако годините ми даваат право нешто да сугерирам, тоа е чувајте си ги придобивките и почитувајте ја борбата на својот народ - не бегајте од сопствената одговорност и ролја.

Нека ни е честит 29 Ноември - Денот кога нашиот заслужен народ ги доживеа највисоките признанија за кои со векови се бореше.

(Авторот е генерал во пензија и

воен аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1376 пати.

Испрати коментар

Од: Dimce
Датум: 27.11.2009 17:43:56
Gen. Atanasovski so vnimanie gi citam vasite komentari vo Utrinski Vesnik. Monogu pobrzo bi vi ja poveril drzavata vas so vasite 90 god. otkoklu na bilo koj od aktuelnite lideri vo zemjata. Steta sto nema vistinski patriotui kako vas poveke , pogotovo pomegu mladite. Vo pravo ste koga velite deka istorijata se povtoruva, vladeackite krugovi se najmalku patrioti, iako potsinati se vo gradite tvrdejki go sprotivnoto. Se nadevam deka ste vo pravo koga velite posiromasnite sloevi ke uspeat da ja spasat Makedonija, kako porano.
Од: Lamentiranje po AVNOJ
Датум: 28.11.2009 00:40:17
Ne razbrav sto sakase da kaze avtorot so ova lamentiranje.
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 28.11.2009 01:00:18
ekoja cest Generale,no ova sto ni se slucuva jasno govori deka se secat grankite na koi stoime za da se zagrozat do kraj "perspektivite na Makedonija".NISTO NE E SLUCAJNO ,utre ke bide mnogu kasno.
Од: Од Ј.М.
Датум: 28.11.2009 01:23:31
АВНОЈ,а потоа АСНОМ се датуми темелници во македонската историја и државност. Мора АВНОЈ да се реафирмира и да наджјде место во законот за државни празници во кој е изоставен зошто власта на ДПМНЕ смета дека тој датум нее значаен како некои други ,на пр.партискиот и сл. Драги борци,сметам дека имате подршка од секој вистински македонски патриот што знае што значи НОБ за Македонскиот народ и држава.
Од: od Bobby
Датум: 28.11.2009 01:28:55
Brav Generale Todor za vistinata ne kosta nisto za lagite se plajka nie sme opkoleni od bifsite i denesnite Fasisti i zatova ne nie mestoto vo EU i Nato tie ne bombardira tri godini zaedno so Usa vo ftorata setska vojna i vika deka se nasi prijateli tie se site edna skapana zaednica jas ne bi ni na son saedno so niv pozdrav do Prijatelite.
Од: sk2
Датум: 28.11.2009 04:54:40
Kakov be 29 Noemvri dosta so fantazija 45 godini ziveevme vo zatvor ... Paraziti kako komunistite (ne onie koj ginea za Makedonija tuku onie koj se kriea) napravija tolku zlodela od 1945 do 1991 ...Se kolnea vo Tito i Belgrad a tie ne zakopaa i eve posledici (grcija)....Trebase da pominat tolku godini da se razbudi svesta na Makedonija i Makedonecot......Todor odi zivej si gi penzionerskite i ne se mesaj kaj ne ti e mesto....... P.S. General na tuga Armija ne na mojata ARM
Од: gaby
Датум: 28.11.2009 08:16:34
Св. Вукмановић-Темпо : «Шарловото раководство всушност беше шовинистичко, националистичко раководство. Тие мислеа, дека македонскиот народ е бугарски и дека македонскиот народ е поробен од големосрпската хегемонија и треба да помине на страната на Бугарија».
Од: Скопјанец
Датум: 28.11.2009 09:07:21
Длабока почит кон македонските комунисти и патриоти кои беа единствена политичка и оружена сила која успеа да формира Македонска држава, со македонски народ, јазик и култура поразлична од другите. Се останато кое се појави беше пробугарски настроено, со бугасрки дух и чувство. Тие пак, беа една мала група македонски изроди. Вечна слава на загинатите македонски патриоти.
Од: Petre
Датум: 28.11.2009 10:14:48
vo FNRJ, federacija na ramnopravni drzavi, priznaena vo OOUN, NR Makedonija beshe priznaena kako ramnopraven clen. Vo toa vreme vo Grcija nemase region Makedonija, duri 1989 e vovedena. Jasno se gleda koj e " postar", no zosto dosega nikoj ne izlegol pred OOUN so ovie poznati raboti ??.. pa podobro ako treba da menuvame ime da se vratime na Narodna Republika Makedonija i da go zadrzime kontinuitetot od AVNOJ i ASNOM otkolku da ni nametnuvaat nekoj novi kovanici i dodavki...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.11.2009 10:16:51
Г-дине генерале ви честитам на козистентноста на ставовите,иако повеќе пати ги критикував вашите опсервации за поедини нешта во државата при тоа правејќи паралели.И сега ќе направам една паралела,но упатена кон другите.Имено вашите епигони кој се колнеја во вашите идеи станаа социјалдемократи и енормно се збогатија(приватизацијата).Имаме партиски градски секретари на тогашната СКМ кој станаа преку ноќ капиталисти и денес поседуваат цели фабрички комплекси.Сигурен сум дека вие ги знаете и верувам длабоко ја осудувате ваквата идеолошка некогашна припадност а сега дебело материјализирана.
Од: desetar
Датум: 28.11.2009 11:26:32
Do SK2, ako ne bea takvite kako generalot ne znam dali deneska ke postoese i ovaa Makedonija (ke zavrsese kako Pirinska, Egejska....), dali ti voopsto ke go znaese Makedonskiot jazik ili pak ke zboruvase B'lgarski, Grcki, Albanski, Srpski.Zatoa "kapata dole" i pocitanie za tie sto gi kritikuvas.Tie napravija barem nesto, a ako bea kako tebe i tvoite istomislenici ne ke stignevme ni do Aracinovo, da ne kazuvam za ponatamu do Kumanovsko itn (odi prasaj gi onie raselenite).Ili mozebi se lazam???A za Tito ne si dostoen ni imeto da mu go spomenes, kakov takov te prizna kako narod, nacija, te opismeni na MKD jazik, ti ja socuva crkvata i ovozmozi koj saka da e vernik (drugo e toa sto popovite ne bea vo politikata, vo pravo bil covekot kako i za mnogu drugi raboti, neli?!).Todor i takvite ke odat no TRAGEDIJATA na MKD e da imame takvi kako tebe, "golemi patrioti" koi ke ni go smenat imeto, koi ne stignaa ni do Aracinovo, koi ni ja pisuvaat novata istorija....
Од: Branko
Датум: 28.11.2009 15:09:01
Bravo do "Desetar"i uste nesto sto se slucuva vo makedonija da li ja znaete onaa narodnata "Porasnaa pilci poe..aa kvacki"a takvite komentari kako sto se od SK2 ne se dostojni ni da se objavuvaat zatoa i nasata drzava pati koga ke bide iscistena od takvite togas i ke trgne na podobro a do togas????....
Од: Od Canada
Датум: 28.11.2009 16:07:24
Ако не биле тие од СКМ, а со тоа и СКЈ, нас (а и вас таму) црна чума би не горела. Ај да речеме не биле добри, но факт е дека колку толку ја создале Македонија, што ние гордо се кажуваме дека сме Македонци. Едно зачудува, овие новокомпонираниве патриоти, за многу бргу ќе го сменат името Македонија. Ај да ги прашаме како ќе се викаат после....
Од: Учо -Гостивар
Датум: 28.11.2009 16:53:13
Генерале,Ви честитам за напишаното,а Вам и на сите кои го почитуваат нашето поблиско минато им го честитам 29 Ноември.Многу ме загрижува што има луѓе кои се уште не сознаваат дека Македонија и Македонскиот народ,јазик и писмо се за пев пат признати тогаш.
Од: Od BP
Датум: 28.11.2009 18:53:13
Bravo Generale,shteta sto vo Makedonija ima malkumina luge kako Vas so Vashiot intektualen potencijal i patriotizam.Da zivee 29 Noemvri Denot na Republikata.
Од: Николовски
Датум: 28.11.2009 22:10:17
Со ваквите тези,како овие во статијата на почитуваниот Генерал, за значењето на Авној и Асном се даваат аргументи за оправданоста на Грчките барања во врска со името, јазикот и идентитетот на Македонскиот народ. Имено Грците многу добро знаат дека во работата на Авној не учествувал ниту еден Македонец а сите Македонци кои учествувале во работата на Асном , веднаш потоа по налог на Ранкович , Темпо, Видое и Лазо биле најсурово измачувани и убиени.
Од: Никола
Датум: 28.11.2009 22:19:55
Нека ни е честит 29 ноември ден на создавањето на Југославија и ден на првото признавање на македонскиот народ . Генерале јас сум помлад но убаво се секавам на животот што го имавме .Слобода, Безбедност Сигурност а црвениот пасош што да кажам кога ке го видеа на било која граница со почит царинарниците уште да ни се поклонуваа и поздравуваа , Се надевам и верувам тоа време пак ќе ни се врати можеби само ке треба да поминат години. многу поздрав.
Од: Марко
Датум: 28.11.2009 23:06:48
Г-не генерале! Ове ново-компонирани политичари и нивните квази-експерти со 2-3 курса во странство по меѓународна политика или дипломатија сеедно и со големи кратери во своето образование, НЕ МОЖАТ ДА ГО СВАТАТ вистинското значење на АВНОЈ. Без АВНОЈ не ќе беше ни Македонија за првпат како држава. Но што може да очекуваме од некои кои не можат да ги закрпат ни дупките на патиштата кои беа изградени во време на Југославија. А камоли да изградат иста таква километража на патишта и пруги!
Од: Go sakam Skopje
Датум: 29.11.2009 10:34:53
Vi blagodaram Generale. Pisuvajte poveke za minatoto i vie i site sto se sekjavaat na ti ubavi vreminja koga sme "bile vo zatvor..." So nasite crveni pasosi i petikrakata na nea, slobodno patuvavme niz svetot. Ne bev clen na edinstvenata partija, no imav srekni detstvo i ubava mladost sto za zal denesnava mladost ne ja znae. nemase ubistva kataden, nemase samoubistva, imavme site rabota i zdravstveno osiguruvanje. Kukjite ni bea odkluceni ili site komsii znaeva deka klucot e pod cergice. No nemas krazbi. Bevme skromni vo zelbite, no srekni i zastiteni. neke sekoj pisuva za da ne se zaboravi bliskoto minato. Vi blagodarime geneale i sreken 29 Noemvri.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 29.11.2009 11:37:21
Мошне добро е познато дека Македонците како народ ги допиша Тито од левата страна на првобитниот текст во кој тие не беа спомнати! Македонскиот јазик, пак, стана службен јазик во заедничката држава со Уставот на СФРЈ од 1974 год. а не со одлуки во Јајце! Актуелните проблеми со кои се соочува РМ на почетокот на 21. век се најдобар показател дека идеите за самостојна Македонија пред 6-7 децении биле едноставно утопија! „Големите“ ја одредија судбината на помалите во Техеран и на Јалта! Трагедијата на Македонија и македонскиот народ е тоа што во клучните историски моменти немаше авторитетен и харизматичен лидер со визија, кој со мудра стратегија и политика би ги реализирал желбите на македонскиот народ, без ликвидирање на голем број млади луѓе занесени со идеите за своја самостојна држава. Она што сега и се случува на Македонија е всушност континуитет на Вичо, Грамос, но сега од внучињата кои не сакаат да плукаат по своите претци!

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (8)
Дедо Стефан и ќесето
Зденко
Груевски сардисан од сите страни
Пропадна и четвртиот тендер за двокатни автобуси
Предизвикот на белите снегови на Црна Гора
Демократска ликвидација!
Најмалку 30 загинати при терористички напад врз воз во Русија
Новите балади на Т��ше пред скопската публика
Реквием за ДПМНЕ
Болните на клиниките во паника
Банките прашуваат дали си политичар
Нападите во Бомбај
Лек за балканската депресија
Двојните аршини на Бугарија