Број 3147  сабота, 28 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Едиторијал

Демократска ликвидација!

Оливера Војновска

Една недела по обелоденувањето на скандалозното писмо, што во јавноста беше претставено како редовно годишно четиво за членството на ВМРО-ДПМНЕ, неговиот автор, премиер и лидер на десницата, Никола Груевски и' појасни на нацијата дека бил погрешно разбран. Македонскиот премиер од клупите во собраниската сала сите нас не' убедуваше дека воинствената реторика и повиците за „мобилизација, финална битка, конечно расчистување и исчезнување на остатокот од транзициските политичари“, биле целосно погрешно протолкувани.

Се правдаше дека пораките од едно сосема обично писмо, опозицијата тенденциозно ги претставува како милитантна закана. А тој, всушност, воопшто немал такви намери. Кога го пишувал писмото, Груевски само мислел да испрати пораки за политичко исчезнување, а не за физичка ликвидација!

„Терминот ’исчезнување’ се однесува на губењето на политичката поддршка кај граѓаните на едни ретроградни сили, а не на нивното физичко исчезнување. Мислам на исчезнување од политичката сцена на ретроградните политичари што ги кочат реформите за лични интереси. Таа политичка гарнитура е одговорна за криминалната приватизација и ја уназади Македонија. Беа на власт, имаа можност да направат нешто за државата, но работеа само за себе, а денеска повикуваат на бунт и радикализација. Со цел да се вратат на власт, се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дури и на штета на државните и на националните интереси. На такви луѓе мислам. Ако тие ја изгубат политичката поддршка од граѓаните, практично ќе исчезнат од политичката сцена. Нивното физичко постоење нам ни е корисно, затоа што тоа е најдобар показател за разликата со оваа политичка гарнитура“.

Вака премиерот ги појаснуваше пораките во писмото, во кое дел од експертите препознаат говор на омраза.

Па така, независно од горчливата трага што ја остават испишаните редови на премиерот, неговото објаснување треба да изгледа „смирувачки“. Нема веќе потреба од загриженост дека власта заплашува, сее страв. Политичарот со највисок рејтинг во државата, лидерот на партијата што ја контролира целата власт и на централно и на локално ниво, ни кажа дека станува збор за демократски методи за политичко уништување на противникот! Ваквата информација треба да се прифати како апсолутна вистина.

Но, зошто тогаш токму содржината на писмото го испровоцира британскиот новинар, Ричард Квест во интервјуто за Си-Ен-Ен да го праша премиерот за демократските капацитети на нашата земја. Гневот што извира од писмото го стави во дилема познатиот новинар кој бараше објаснување од Груевски за тоа ��дали вредностите врз кои се темели Европската унија, како што се демократијата, капитализмот, слободниот пазар и слободата на говорот, се дел од системот на нашата земја или треба да се наметнат“. Неуверливо прозвучи одговорот на изненадениот премиер дека станува збор за „еден вид обид за мобилизација на општеството за да им се придружат на прогресивните сили“.

Можно ли е македонскиот премиер на ваков начин да ја сфаќа демократијата и политичката борба. Во демократските земји, во чие друштво имаме амбиција да се приклучиме, власта се добива или се губи на избори. Сосема нормално е да се тежнее да се порази противникот. И да се успее во таа амбиција. Но, не и патолошки да се мрази само затоа што конкурира со поинаква политичка опција. Особено е несфатливо омразата да достигне таков степен за да се посака негово уништување.

Уште позагрижувачки изгледа повикот до илјадниците членови на линч. Макар тој да е и политички. Таквите повици немаат никаква врска со демократијата. Едноставно се неспоиви. Многу повеќе потсетуваат на методи од некои други системи на владеење, кои на нашиот млад премиер, кој сака да се претстави како модерен политичар, не би требало да му бидат урнек.


#
Статијата е прочитана 1697 пати.

Испрати коментар

Од: emil
Датум: 28.11.2009 00:11:50
Da, patoloska omraza, ama kaj vasiite novinari kon Makedonija i Makedoncite.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 28.11.2009 00:40:49
Во врмето кога СДСМ го реинкарнира едноумието (во периодот 1994-1998 год. во Собранието на РМ, од познати причини не постоеше опозиција!), сепак, имаше можност за јавен дијалог, дебати, дуели во медиумите („Без наслов, но, со повод“ исл.ични емисии)! Сега, за жал, тоа го нема! Владата упорно, со трошење на огромни пари од осиромашениот народ, ја „продава“ прикаската за успешното остворување на „Преродбата во 100 чекори“, а состојбите во државата се влошуваат од ден на ден! Тоа на Владата ќе и се врати како бумеранг!
Од: od toni
Датум: 28.11.2009 01:06:45
i jas bi sakal da citam tekstovi od profesionalni i objektivni novinari, a ne od fabricki rabotnici
Од: Angel
Датум: 28.11.2009 01:42:12
Se dodeka Branko Crvenkovski ja vodi najgolemata opoziciona partija Gruevski ke povikuva i veruvajte ke dobie ogomna podrska protiv Branko i kompanija. Zatoa, bidejki Crvenkovski ocigledno ne si odi sam neka se mavne i ke videte deka ovaa petleto od premier Gruevski ke gi izgubi slednite izbori. Pozdrav do utrinski.Imate najeducirani novinari i stvarno dobri tekstovi samo morate da bidete objektivni i Vecer da ne vi e urnek za "speh".
Од: Brian, Canada
Датум: 28.11.2009 05:30:17
G-gjo Vojnovska, kako vie go zamisluvavte "isceznuvanjeto". Sigurno nema premierot da izleze so puska da go pravi isceznuvanjeto. Toa se g-gjo komunjarski metodi (citaj SDSM). A "вредностите врз кои се темели Европската унија," ocigledno se gledaat voproteziranjeto na fasizoidnata politika na nasiot juzen sosed.
Од: narod bez um i dostoinstvo
Датум: 28.11.2009 06:30:54
Malku mu e na ovoj narod. I treba Grujo cela Makedonija da ja zbrise da ja zgazi, da zapali sve sose narod zatoa sto ovoj narod i ne zasluzuva podobro da zivee. Prost narod silna Drzava taka ti e toa. Tolku sme pismena nacija stom trpime vakov covek. Sami si go donesovme na vlast i neka ne vodi sega kako slepci. Posle se cudime sto sme bile 500 godini pod Tursko ropstvo!!! A zarem zasluzivme podobro???? Vo 21 vek izbravme covek sto ne dovede pak do ropstvo. Znaci ne sme kadarni da imame nesto podobro. Zaslepeni od smrtnite kampanji narodecov seuste mu veruva. A toa pokazuva kakov ni e mentalniot sklop. Znaci batka turskoto bilo za nas, dignes glava pa udri po glava, taka ni bilo najdobro. Stavi vol na vlast i volot ke ne vodi i ne treba da zbori dovolno e samo da rikne a nie site u stroj. Ete zatoa milo mi e ova sto ni se slucuva. Da bevme pismen narod odamna ke svatevme sto toa ni se slucuva ama ne sme. Grujo toa go svatil pa zatoa taka ne java. Mi se gadi mi se povraka od takov narod
Од: Митко
Датум: 28.11.2009 06:45:12
Што сакаат тие од СДСМ кои се обични Национални предавници-кумуњари (НПК) и во нивно време израсна Октаподот (ОКТА)!
Од: Сергеј
Датум: 28.11.2009 08:54:36
Интересно е дека веќе цел свет гледа како во Македонија се инсталира неофашистички режим со Груевски на чело, а тоа единствено не можат да го видат голем дел од македонските граѓани. Некој да направи мало истражување веднаш ќе заклучи дека подржувачите на Груевски всушност седат 6 - 8 часа пред телевизорот! Миење мозок и перење пари, тоа е владеењето на Груевски. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.11.2009 09:49:45
Кога гледаме трибини на кој јавно се повикува улицата да ја урне демократската избрана власт,тоа на независните новинари им е нормална демократска желба да помодрените дојдат на власт.Посебно сеприсатниот помодрен коњаник на тие трибини кој елаборира со кого си имаме работа(власта) и единствен начин да овие се урнат е да се организира улични протести и опа во атерирање во фотељите на власта без избори.Да не ги споменувам навредливите етикети,се демократско до демократско.Ајде да ги видиме после 7-ми декември.
Од: K.M.
Датум: 28.11.2009 10:16:35
„Саканиот каудиљо“ сака да ни каже дека не знаел што пишува?
Од: Игор
Датум: 28.11.2009 11:31:01
Го гледав интервјуто на CNN.Писмото е класична нао-фашистичка пропаганда.Тоа може да го види секој просечен европски новинар, �� камоли Квест од CNN.Интервјуто беше голема брука за Македонија.На цел свет покажуваме дека нема демократија во нашата држава. Жално.
Од: јас
Датум: 28.11.2009 11:48:39
Ех портокалчина, портокалчина?Ај уште малку пишувајте по диктат и за бедно хонораче од пастирчето , па ќе си одите ( заедно со него и вие ) на ѓубриштето на историјата , како најрекламирана влада во МК , која ништо друго не направила ( ако не се рачуна огромното осиромашување на народот без портокалова книшка).Пак го оправдувате фирерчето и неговите фашистички методи , кои со ништо не можат да се оправдаат :Ако беше во ред писмото НЕМАШЕ НОВИНАРОТ ОД СВЕТСКИ ГЛАС ( на CNN ) да му го извади писмото на кутриот пастир , кој сакаше и таму да се испофали што се направил „за доброто на Македонија“!!!!Затоа не се ни обидувајте да го правдате , ниту Вардар не го пере...А до @Митко , батка многу ти е кратко памтењето , како и на сите портоклачина : ОКТА ја продаде БАШ ПАСТИРЧЕТО , како и НПК , која ја спомнуваш , ама со значење Национална Платежна Картичка..
Од: jovan
Датум: 28.11.2009 11:56:44
"Нивното физичко постоење нам ни е корисно, затоа што тоа е најдобар показател за разликата со оваа политичка гарнитура“. Dali Premierot so toa sto go cuva Zingo do nego saka da gi zacuva spomenite od toa "retrogradno" vreme, ili pocna veke sam so sebe da se zafrkava i da blada gluposti. Bidejki veke nikoj ne mu veruva na demagogiite koj gi prodava eve veke 4 godini, izgleda dojde vremeto samiot sebesi da si se laze i tesi. So koj pamet izjavuva deka ke rascisuval so tranziciskite "retrogradni" strukturi, koga site tie mu se vo vladata i go igraat kako sakaat. Tolku li e glup da ne svaka deka veka stanuva nivni izmekar i sluga. So kogo ke rascistuva? So negovite rabotodavci i gazdi? Aj da vidime.
Од: zoki
Датум: 28.11.2009 12:21:18
Ednostavno procitajte go izvestajot na drzavniot zavod za revizija, za rabotata na vladata vo 2008god. i ke vi stane jasno zosto Gjujo povikuva na isceznuvanje.Makedonija e zaloznik na edna grupa na lugje na vlast.
Од: R..
Датум: 28.11.2009 12:57:51
Vo edna muslimanska zemka kade ziveeme, cesto ke cuev da se rece : odam vo Habus", kupiv vo Habus, dadov za habus..." ne razbirame mnogu sto toa znaci, no od toa sto slusame, toae e nekakvo humanitarno zadruznistvo, rakovodeno od postari , cesni i religiozni lugje. Oni rakovodoat so donacii od dobrovolni dariteli , ostavstini na poimukni familii koi nemaat nasledstvo ili ne sakat da go ostavat na familijata i sl. No od tie donacii se gradat kukji za siromasite, se skoluvaat dobri bedni ucenici, se pravat dukjancinja kade osobeno se odi i se kupuva za da se pomogne, tamu e i poevtino .... veruvam deka i kaj nas pomegju muslmanite postoi takvaa dobrtvornost habus i veruvam deka duri i nam bi ni pomognale, kako sto znaele nekogas da stitrat celi sela od tuginski hordi. No dali nie Pravoslavnite , dostojno,go imame nasiot "habus"?!
Од: terezija
Датум: 28.11.2009 13:54:18
Sakale ili ne MORAME da se soglasime (i politichkite privrzanici i pol.oponenti)so edna edinstvena VISTINA a taa zal glasi :Premierot na Republika Makedonija e "POLITICHKI PRIUCHENA OSOBA"-itoa silum prilika, prema togashnite momentalni dnevnopoliticki potrebi na partijata koja ja DOBI itoa LEGALNO vlasta !Tuka dilemi ne bi trebalo da ima...No zarem ne bi trebalo da se NADOGRADUVAME t.e NADOPOLNUVAME vo smisla na UNAPREDUVANJE na nashata Nadvoreshna politika,stvarajki TIMOVI od adekvatni odnosno soodvetni SOVETNICI za tie celi i politichki(megjunarodni) nastapi...?!Vaka ni ostanuva onoj star zakluchok deka ,kolku -tolku imame "ekipa"za domashen teren ili Opshtinska Liga,a za nadvor od granicite na nashata Zemja ne sme DORASNATI. !
Од: Regan
Датум: 28.11.2009 17:39:09
Што се правите недоветни кога на секому му е јасно дека станува збор за политичка ликвидација!Зарем не гледате дека тие што сами се нарекуваат предавници интензивно лобираат во корист на нашиот јужен сосед?
Од: Hari
Датум: 28.11.2009 21:56:49
Za najolemata tragedija i cunami sto i se sluci na MKD e vinoven samo SDSM i nikoj drug, koj na mala vrata ovozmozi DPMNE partija od ulicari, siledzii i primitivci da ja dobie apsolutnata vlast! Narodot ne e vinoven no posle 4 godini propast i diktatura i propaganda redno e vece da se svesti?? Do Felix , kolku e honorarot za tvoite Latasovi tekstovi???
Од: Прашање за МИЛИОН!
Датум: 28.11.2009 22:22:04
Кој е транзиционен политичар: Б.Ц. кој од претседателскиот мандат се врати во единствениот стан од 70-тина квадрати или Н.Г. кој за 3 години министерување купи 4 стана?

Најди! во Утрински
Насловна
Дедо Стефан и ќесето
Зденко
Груевски сардисан од сите страни
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (8)
Пропадна и четвртиот тендер за двокатни автобуси
Предизвикот на белите снегови на Црна Гора
Најмалку 30 загинати при терористички напад врз воз во Русија
Банките прашуваат дали си политичар
Болните на клиниките во паника
Реквием за ДПМНЕ
Новите балади на Тоше пред скопската публика
Нападите во Бомбај
На АВНОЈ беше најавен АСНОМ
Лек за балканската депресија
Двојните аршини на Бугарија