Број 3147  сабота, 28 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Мислења

Реквием за ДПМНЕ

Филип Петровски

Секоја партија која сака тоталитарно и насила да владее, се знае каква судбина ја чека

Долго време се надевав дека нема да ја напишам оваа колумна. Има причини за тоа. Имено, во животот постојат теми кои кај вас предизвикуваат наплив на емоции, работи кои, всушност, го претставуваат вашиот живот или барем еден голем дел од него. Се работи за ВМРО. ВМРО како феномен, како дел од кодот за преживување на македонскиот народ. Оти јас, а сигурен сум и многумина други, така го доживувам ВМРО. Уште посигурен сум дека поради тоа, во деведесеттите години на минатиот век се приклучија во редовите на ДПМНЕ за да ја продолжат борбата за независна, модерна и просперитетна Македонија. Всушност, ВМРО-ДПМНЕ успеа во почетокот на македонската независност да се наметне како единствен следбеник на идеалите на историското ВМРО. Работата му беше олеснета затоа што денешниот СДСМ, пак, се прогласи за следбеник на СКМ и на партизанската номенклатура. Можеби ова е ригидно делење „територија“.

Претпоставувам дека многумина и нема да се согласат со вакво симплифицирање на работите. Оставам простор и за инакво мислење. Демократ сум. Само сакам да приближам како размислувале многумина. Како размислувала мојата генерација која се бореше за да го симне комунизмот. За да го урне Бранко Црвенковски и неговата клика, која по 1994 година владееше тоталитарно и без опозиција во парламентот. Убеден сум дека токму поради тоталитаризмот на тогашната власт, со текот на времето и се создаде огромна опозиција во цела Македонија, политичка, но и општочовечка. Ниедно човечко суштество кое е родено слободно не може да трпи и да не се спротивстави на толчење, на изживување, на прогон, на конечна пресметка и чистење. Таа слика на Македонија едноставно ги мотивираше сите Македонци да и' се приклучуваат на партијата која ќе го симне јаремот. Затоа јакнеше ВМРО. Партијата даваше надеж за промена. За подобро утре на сите нас. Еднаш успеавме да го симнеме СДСМ. Во 1998 година. Меѓутоа, не се снајдовме најдобро во власта. А, тие се' уште не се предаваа. Иако во опозиција силно дејствуваа да се вратат. Наскоро, во текот на војната во 2001 година, успеаја да се протнат во широката влада која беше создадена да се избегне тотална пресметка на секој со секого.

Идејата е да се објасни дека ниеден тоталитарен систем не може насила да опстои, па макар колку и да има на располагање средства и структури. Иако еднаш се врати тој систем во облик на СДСМ, сепак, тој конечно беше урнат во 2006 година. Оттогаш досега, ја плаќа сметката на насилното и недемократско владеење. Гледаме дека не може никако да се соземе, па макар што и да направи. За жал, работите со симнувањето на СДСМ не отидоа во поповолна насока. Напротив. Сите мислевме дека со паѓањето на таа партија завршила ерата на тоталитаризмот. Мислевме дека, конечно, на власт доаѓа одговорна и демократски ориентирана партија. Иако, за волја на вистината, имаше индикации дека и кај Груевски има тоталитарни склоности и пред 2006 година. Но, ми се чини дека тие се провлекоа од проста причина што сите беа насочени, условно кажано, кон поголемото зло. Тенденциите беа занемарени.

Меѓутоа, еднаш штом власта беше освоена, почна спроведување на „планот“ за чистење. Тоа чистење, секако, не беше премногу изразено, затоа што првите избори во 2006 година не беа добиени со премногу чист мандат, па мораше да се премине на остварување на планот подземно, со повеќе такт и, секако, побавно. Но, планерите сфатија дека мора да се „одработи“ јавното мислење за да се зацврсти позицијата за иднина. За тоа се потрошија неброени пари на владини кампањи што го величеа лидерот. Целта не беше подобар живот на граѓаните, туку „конечната пресметка“, но само кога за тоа ќе дојде вистинскиот момент. Додека се водеа беспоштедните кампањи, кои дадоа ефект во процент на испрани мозоци, доволен за да се отиде на предвремени избори, тајно се преговараше со ДУИ. Се потпиша договор кој никогаш не беше обелоденет. Но, за внимателните проследувачи беше јасно дека ДПМНЕ е подготвено на се' за да може, конечно, да се пресмета со сите кои не се нивни истомисленици.

За потребите на таа КОНЕЧНА ПРЕСМЕТКА се заборави дека Груевски изјавуваше оти никогаш нема да седне на маса со УЧК и со нивните команданти. На народот му раскажуваа неговите пулени дека е храбра борбата на комитите, Љубе беше херојот, секој ден се леташе до Хаг и назад. Секаде се појавуваа министрите со изјави како, ете, и тие биле да го посетат херојот Љубе. Буквално, беше престиж да имаш можност да се пофалиш дека си бил во Хаг кај братот. Кога тој леташе кон Македонија, по објавувањето на ослободувањето, Влатко дури и толку му беше прикачен што семејството не можеше да дојде на ред да се изгушка. Груевски прв се затрча да се гушка со „предавникот“. Не можеше до Љубе да се дојде од данајците. А, од друга страна, се преговараше со ДУИ. Цело време. Само затоа се собори претходниот парламентарен состав. За да се овозможи таа партија да се приклучи по секоја цена на „патриотската коалиција“.

Убеден сум дека сега веќе станува јасно оти едно се прави јавно, кое што се цементира со кампањи, а сосема други се намерите. Намерите, најјасно, конечно, беа соопштени во писмото што беше пратено до членовите на ДПМНЕ (на рака со ѕвонење на нивните врати). Тоа беше направено така за да им стане јасно на тие членови дека секогаш и во други прилики некој може да поѕвони на нивните врати, но и за други цели. Посебно ако одлучат слободно да ја напуштат партијата која ги знае нивните податоци, места на живеење, работните позиции и се' што е нивна интима. Можеби за да им стави лента на десната рака? Жолта?

Ова се само некои елементи на Реквиемот на ДПМНЕ. Оти, секоја партија која сака тоталитарно и насила да владее се знае каква судбина ја чека. Во поновата македонска историја тоа и' се случи на СДСМ. Тоа ја чека во блиска иднина и ДПМНЕ. Јас го совладав мојот наплив на емоции, ја совладав мојата тага. Сфатив дека ВМРО е во мене. Не некаде надвор, некаде каде што не може да се допре. Сфатив дека ВМРО не е право на некоја таканаречена елита, дека не е бренд. ВМРО е во нас. Или го имаш или го немаш. Тие што сега привремено го искористуваат треба да знаат дека се проѕрени, прочитани. Кога ќе се свртат зад себе ќе видат дека се сами. Ќе ги нема вмровците. Ќе остане само криминалот (за криминалот во друга прилика нашироко), опустошената земја, тажните лица на излажаните луѓе. Заминувам. Јавно. Гласно. За да знаете.

Всушност, би сакал да видам кој е тој што ќе ми ја земе мојата книшка од ВМРО. Да видам кој е тој што ќе ми каже дека ме отпишал. НЕ! Книшката останува кај мене. Се' додека не се вратам.

(Авторот е докторанд

по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk/


#
Статијата е прочитана 3580 пати.

Испрати коментар

Од: ben
Датум: 28.11.2009 00:29:45
so sekoja vaka napisana kolumna gruevski i vmro se se posilni a ekspertite kako filip se se poizgubeni.
Од: Bogoja Struga
Датум: 28.11.2009 00:32:55
Tesko deka ce se vratis ponovo .Barem dobroe sto si e cuval kniskata ce imas so sto da se falis na tvojte pokolenija.Isto i jas imam od prvite kniski iako nikogas ne sum se bavel so politika kako ti posto da se bavis so toa treba da si alcen prvo da se zbogatis ili potocno da ukradis od tie sto glaset za tebe posle da setas od partija vo partija samo da si vo vlasta makar tie bile i najgolemite predavnici i lopovi.Zatoa tesko deka ce se vratis vo VMRO DPMNE a uste potesko deka ce bidis prifaten i megu obicnite luge .Se gledas od Avion stosakas.
Од: mitko so malku kritika
Датум: 28.11.2009 01:02:04
Prvo i prvo istoriska VMRO ne e osnovana kako makedonska organizacija tuku kako lakejska grupacija za bugarskiot dvor. Ova moze da se procita vo SITE nejzini dokumenti. Mnogu bladas i koristis zborovi koi ne ti se mnogu jasni "fenomen za kod na prazivuvanje na Makedoncite". Smesno i deguntantno kako pesnickite koi gi recitiravme za Tito pred triesetina godini. Kniskata ne ja davas, bas smesno. Ti li se zamisluvas deka treba da ja vodis diplomatijata na ovaa drzava so kniskata vo djeb? VMRO ne e vo nas, barem ne vo popametnite od nas. Uste edna rabota koja postojano ja povtoruvam. Licata koi gi likvidiraa jadnite Pakistanci kaj Rastanski Lozja se proglaseni za krivi od strana na makedonskite sudovi. Na drugarceto ti Ljube ne mu se sudese za ova zaradi otsustvo, ama ocigledno treba da mu se sudi zatoa sto bese (maleckiot) mozok na ovaa operacija. Pravite Makedonci si se Makedonci bez da moraat da lazat deka VMRO bila makedonska patriotska org. ili deka poteknuvaat od Aleksandar i Bukefal
Од: Коста Стоименовски
Датум: 28.11.2009 01:07:11
Славниот архитект и најдобар градоначалник на Белград, Богдан Богдановиќ, кој, поради заканите за ликвидација од страна на режимот на Милошевиќ, избега во Париз, а оттаму во Виена, во една прилика изјави: „Мислам дека Милошевиќ не е националист, меѓутоа, тој го користи национализмот за да се одржи на власт“! Нашиот „техноменаџер“, кој се гордееше со ваквата карактеристика и кој најавуваше економска преродба на Македонија, кога виде дека од тоа нема ништо, направи пресвртница и реши да „изигрува“ најголем патриот во државата! Како човек без визија, својот рејтинг го „билдаше“ со разноразни нереални и апсурдни ветувања, кои сега му се враќаат како бумеранг! А, сега е преокупиран со тоа како да се извлече од ситуацијата што самиот си ја креираше!
Од: kire
Датум: 28.11.2009 01:14:24
Bravo D-r Filip Petrovski. Nemozam da poveruvam na izbranite zborovi od vasa strana. Iako ste od Vmro, iako bevte i lider na studentite koi strajkuvaa pred sobranieto dalecnata 97 sepak gi gledat rabotite na eden realen nacin.Ne gi gledate rabotite kako vasiot blizok kolega od 97 Vlatko Gjorcev.Mozebi i zatoa ne ste del od vladata ili od parlamentot.Covek kako vas go zasluvuva toa. sega pocnuvam da ja citam vasata kniga Marta.Uste ednas golemo ,,BRAVO''
Од: ВМРО-вец
Датум: 28.11.2009 01:40:50
Ја имаш целосната поддршка, Филип. И покрај цензурата (понекогаш и на Утрински), никој, ама баш никој не може и нема да може да ни го одземе правото на говор и слободно размислување. Ако не тука, ќе го кажам моето мислење на друго место. ДПМНЕ е се` и сешто, само не е ВМРО. ДПМНЕ е дувло на лицемерие, лаги, криминал, олигарси, УДБА-ши, Ѕингомани... ДПМНЕ ги направи командантите на УЧК министри во нивната Влада, а сега глуми дека е загрижена за Јохан. Кое лиецемерие, кој безобразлук? При самата помисла на ДПМНЕ ми се гади. Дури ни СДСМ не беа толку одвратни колку што се Хунзите од ДПМНЕ. На сите им е јасно дека ДПМНЕ нема никаква допирна точка со ВМРО. Тие само го злоупотребуваат името ВМРО, го валкаат светото име ВМРО, го користат за перење пари, за продолжување на УДБА-шките тортури врз патриотите... Ги користат медиумите за ширење пропаганди и заплашување на народот. Не знам до кога Утрински ќе остане имун на тоа.
Од: od Bobby
Датум: 28.11.2009 02:03:54
E jaden Filipce rano se predade predavnicite ne se kaleni isto kako rgavo zelezo odma popusta vo Sds opste ne tie mesto ali Grujo morase so Albancite oti vie predavnicie e do zakopafte Makedonija Albancite znaat isto kako Vamarovcite oti nema Vrajkanje samo predavnicite se nezadojani cuvajsija kniskata i koga ke dorasnes ke mozes dase vratis nazat oti e loso da starees kako pregavnik nikoj nema da ti prosti pozdrav do Prijatelite.
Од: S. Z.
Датум: 28.11.2009 02:27:12
Како што гледам и ти си запловил по водите на тоталитаризмот амо е така како што не учиш! Сакаш да му ја земеш функцијата на Груески а не дека си патриот! Од твоите колумно може само да се види несигурност, желба за внимание и дека се правиш паметен, како да имаш потреба од тоа! Ништо повеќе! Мислев дека како „докторанд“ твоите колумни ќе имаат повисок стил ама изгледа се излажав! Наместо да се трудиш да се докажеш напиши барем некоја колумна од која може да се видат твоите ставови во врска со името и како би владеел ако би дошол на местото на Груески и дали би дал пензии на ОВК (ОНА), дали би ѓи зел од власта, како би се справил со СДСМовците, со албанските уцени за секое прашање, со медиумската војна против премиерот и валдата, со меѓународниот притисок, секојдневното кршење на правата на македонското малцинство, прашањата од историјата во врска со соседите, со економската криза, неспроведувањето на законор посебно на северозападот од државава и други секојдневни прашања.!
Од: aleksandar sv nikole
Датум: 28.11.2009 03:32:27
interesen napis filip,dosta emocii vo nego,samo se prasuvam koja ti e celta za sevo ova???zosto zamina od partijata koja ti ovozmozi se sto imas???mozebi se nadevas deka so pomala satelitska partija preku nekoja koalicija so komunjarite ke dojdes pak do funkcija???se somnevam...imas iljadnici primeri od minatoto kako zavrsuvaa tie takvi partii i politicari...sovet moze??ne se zanimavaj so politika veke...ti pomina mandatot oddamna!
Од: kaso-delcevo
Датум: 28.11.2009 03:37:27
bravo filipe se e toa taka samo nemoj da zaboravis deka ti bese na stranata na gruevski 2004 koga ni ja zedoa partijata so sila i ne isfrlija od toa sto go gradevme so godini,ne narekuvaa kriminalci,seljaci i ne znam kako uste ne zatoa sto bevme so liderot koj go sozdade vmro-dpmne,zatoa nemoj da se pravis mnogu pameten.pozdrav do site vmrovcinja
Од: Pajkovski
Датум: 28.11.2009 04:16:45
Cuvaj si ja kniskata Filipe, uramija.taa samo za toa i ce ti sluzi.Ne sum ni za SDSM, a bogami nitu za tvoeto VMRO.Dvete partii gi vidovme na delo nekolkupati kako "mudro" vladeat.Na Makedonskiot narod im treba treta opcija Filipe.SDSM i VMRO treba da ugasnat kako politicki faktori zatoa sto reproduciraat se edno isto.Vo edno se totalno isti i dvete partii, bezglavo, poklonski sproveduvanje na site direktivi odnadvor, cenata za toa ce bide dosta golema.Na scenata treba treta nova opcija.Nikako i nikoj veruvam ne moze da se soglasi so tvojot politicki totalitarizam, ili VMRO ili nisto.
Од: nacional-patriot
Датум: 28.11.2009 04:43:57
Filipce misli deka e nekoj golem faktor,pa ako preminal vo druga partija i ja zadrzal kniskata,treba da pagame vo nesvest.No zosto Filipce otide vo minijaturnata partija na Ljube,koja spored objektivnata anketa na amerikanskata IRI,rejtingot i e okolu 1%.Jas nemase da se iznenadam ako otidese vo SDSM,zatoa sto tvoite stavovi se isti so SDSM,levicarski za politickite prasanja.No i partijata na Ljube e levicarska i zatoa Branko ja proglasi OM za sojuznik na komunjarite.Veke moze samo da gi sonuvate glasovite na Ljube od pretsedatelskite izbori.Padna maskata na Ljube.
Од: od Ero od onoj svet
Датум: 28.11.2009 05:39:09
A,bre filipe Pe-treski,sto tuku krsis kocani'.Vasata klapa i istorisko VMRO toa nema nikakva vrska.Ti demokrat,smesno.Neli,ti i segasnite rakovoditeli im gi secevte kriljata,noktite na siptarite (kako sto gi narekuvate).ti li ce zboruvas za demokratija.Amanbre,tesko na demokratijata so tebe i slicnite kako vas ,bez razlika na dresot koj go nosite.Pa vie go odrzavte mislam 10 kongres i ste prodolzena raka na Vanco MihajlovlSite metodi koj toj gi primenuval, gi primenuvavte vie i ovie sto se na vlast,toa e tolku ocigledno sto se gleda od helikopter; vasiot Vanco,Ratko ili kako se vikal bil kvisling, se kriel i cekal drug da go donese na vlast, atoj drug bil Hitler.Pa vie ste negovi deca aspidini nacionalisti,nacisti,hitlerova segasna mladina.zatoa ste frustrirani i ispolneti so omraza spema onie koi se borea na vistinskata strana , na stranata na Antantata, zaedno so Anglija,Francija,i ostanatiot sobodoljubiv svet.Doktoran si, sekoja cest,ama ne tresi zeleni.
Од: Brian, Canada
Датум: 28.11.2009 05:48:23
Mentalno i duhovno ti si svetlosni godini daleku od VMRO. Zelbata za vlasta ti go zema razumot, misleji deka kako potpretsedatel na edna partija koja ja vodi eden cirkuzant, ke se doberes do vlasta. Edna zabeleska do redakcijata na "Utrinski" koga veke dozvoluvate teski navredi kon nasiot premier se nadevam deka ke go objavite mojot komentar, iako g-not presedatel na partijata za OM go narekov "cirkuzant", toa e sepak profesija ne e navreda. Bidete so isti kriteriumi (makr i priblizno), objavuvajte i gi grugite komentari koi pres se se ironicni, a ne navredlivi.
Од: bo
Датум: 28.11.2009 08:15:42
bravo filip!se pokaza deka imas golemo srce!
Од: GoKo
Датум: 28.11.2009 08:45:19
"PROST NAROD, SILNA DRZAVA"! Barem da bevme silna :(
Од: mene
Датум: 28.11.2009 08:59:22
Не верувај им на данајците ни кога дарови ти носат. Реквием се свири секојдневно, за луѓето-жртви на транзицијата, кои не можат да останат живи до својата 40-та, 50-таа да не зборуваме да доживеат среќна старост. Пред сиромаштијата, болеста, чувството на немоќ и Боговите молчат.Страден е овој народ.Идеологијата кај Македодецот е ген кој се добива со раѓање.Но за жал, многумина се прашаат денес како ќе го поминат денот, ќе имаат ли за леб и лек. И станува ирелевантно кој е патриот, а кој предавник.
Од: Сергеј
Датум: 28.11.2009 09:15:29
Можеби грешам, но јас додека ја читав колумнава авторот го разбрав дека жали што теророт на Груевски се свртел сега кон неговата сопствена партија, но не можев да наидам на ниедно место како тој го осудува теророт на Груевски кон опозицијата! Господине Филип, терор си е терор, , теророт е хероин, кога некој ќе почне да го употребува тој не знае да престане, откако ќе ги унуишти противниците ќе почне да гледа непријатели и во сопствените сопартијци, за да на крај стигне и до членовите на сопственото семејство! Тоа е видено од Мусолини, тоа е видено од Франко и Пиноче, од Сталин и Чаушеску. Ќе го видиме и од Груевски. Белким и тоагаш, драг Филипе, ќе бидеме од истата страна на барикадата. Поздрав и секое добро.( http://www.otpor.net.tf )
Од: zoran
Датум: 28.11.2009 09:44:28
Brat Ljube predavnik ???? vojvodata predavnik ???? i site sto nemislat kako grujo se prdavnici !!!!!!! koj go toa gospodine gruevski podeli makedonskiot narod ????? ja sum po poteklo i po majka i po tatko od srbija ,ziveam 40 god vo MKD i ja branev koga trebase a ne se kriev po podrumi kako nekoi sto gi gledam denes odat po komitski veceri i vikaat glasno ja sum makedonec ja sum vmro ????????? gi napagate lugeto sto go razbudija patriotizmot vo makedonskiot narod ,,,,,, i sakam da prasam dali i mene ke me stavite na lista za finalnata bitka protiv svojot narod !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! e pa narode Makedonski se nadevam ke zaklucite kolkavi patrioti se tie sto ja vodat Makedonija .......
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.11.2009 10:07:11
Значи и вие дебело презентирате ставови во стилот,,дрвено железо,,.Имено пишувате како сте се бореле да не ослободите од ,,помодрениот спасител и неговата клика,, а ваму вашиот веќе,,изгустиран,, преседател на партијата на која вие сте потпреседател,,дебело шурује,, со помодрените плавци во ,,светата ,,војна за симнување на тоталитарниот режим.А во врска со вашиот преседател мислам после видео-снимката веќе е политички упокоен и можете слободно да му отпеете опело,реквием нее за такви .
Од: ВелеШанец
Датум: 28.11.2009 10:24:27
Ааааа... Значи еве уште еден со дупло членство; дпмне + обединети на Љубе...
Од: do mitko srbinot
Датум: 28.11.2009 10:25:54
tocno deka vmro bila org.na bugarskiot narod vo mk. ne e tocno deka bila lakejska org. na bg. dvorot tocno e deka e vo srceto na sekoj vistinski makedonec[avtohton] ne e vo srceto samo na srpskite mekerinja
Од: Ми се допаѓаат коментраите на Митко
Датум: 28.11.2009 11:19:06
Мора конечно некој да каже дека: „Царот е гол„. ВМРО е бугарска организација. Тоа го прифаќаат Грците, Србите и цела светска наука, освен нашата. ВМРО е Македоно-Одринска Организација и правно се повикувала на член 23 од Берлинскиод Договор. Со компјутер и мало знаење на странски јаз��к секому ова треба да му биде јасно во рок од 2 минути. Мора да престанеме со фалсификации и залажување. Така Македонија не може да оди напред.
Од: sale
Датум: 28.11.2009 11:27:16
a?
Од: asterix_m
Датум: 28.11.2009 11:27:29
Na gruevski treba da mu e edno jasno prvo otide Dosta Dimovska vo predavnici, pa se otkazaa od Boris Trajkovksi, pa ja sataniziraa ikonata Ljubco Gerogievski, a se ova se slucuvase zatoa so momenatlniot upravnik vo DPMNE negi sakal prethodno imenuvanite, sega se odbratija so Ljube............. taka da mu se blizi krajot i na Nikola Gruevski samo mozam da zamislam kakov strasen kraj ke bide za nego
Од: Вевчани
Датум: 28.11.2009 11:30:33
Драг Богоја, и јас се согласувам со вас , тешко дека ќе се врати во Дрпмне, зашто наскоро нема да постои Дрпмне. Вие само дополнително и помагате да ја нема. Погледни надвор од твојот двор, за да видиш што се случува.А за ВМРО не грижи се тоа ќе живее во сите нас.
Од: kkk
Датум: 28.11.2009 11:54:10
bravo filip mi se dopaga .mislam deka vmro popoleka tone .popoleka noo sigurno....pozzzzz
Од: Dejan-VMRO
Датум: 28.11.2009 12:29:44
Se ubavo brat si napisal, i da ti kazam pravo mi paga malku tesko koga gi citam tvoite kolumni zatoa sto i jas sum eden od tie koi protestiraa za paganje na SDSM zaedno so tebe. I jas dolgo razmisluvav za ovaa izjavata na bratot dali e vistina ili ne. Vo mene ne veruvam deka e istina i mislam deka e montirana rabota. Koj se zanimava so kompjuterska grafika mislam deka moze da go zabelezi toa ama dokaz nema da moze da se donese sto posto i lincot ke ostane. Mene mi bese drugo mislata, zosto ova VMRO DPMNE mislis deka prv pocna da go trgne od sebe Bratot, neli mislis deka i bratot trebase malku da se prizemji i da vidi kako stojata rabotite vo momentot. So pocit.
Од: terezija
Датум: 28.11.2009 15:22:55
Pa fala mu na Boga nikoj i ne krie deka i ovaa Vlada + potkrepena od MPC se zalagaat i krajno se orientirani kon Majka B'lgarija...Gledate deka i samite tie ,voopshto NE GO NEGIRAAT TOA.
Од: ЦЦ
Датум: 28.11.2009 19:45:46
А да им текнеше да те отпуштат од директорската фотелја не ќе беше лошо... ц ц ц ц
Од: ace komita
Датум: 28.11.2009 21:20:35
Тешко,брат со Кецко-потпретседател ти и тој нема да функционирате, згора на тоа и ден д. ништо од таа партија.
Од: Do komentatorite od DPMNE,
Датум: 28.11.2009 21:47:22
Site vie sto pisuvate pod diktat na vasiot lider-diktator, a oseobeno onoj felix-poportokaloviot, frlate drva i kamenja po Filip kako covek koj zboruva protiv partijata DPMNE, a nema niru eden argument da se kaze dali ona sto Filip go napisal e tocno ili ne? Vistinata ve boli, totalitarizmot, diktaturata, kultot kon licnosta i propasta na drzavata e tuka, dali ova go kazal Filip ili ne ne e vazno, vazno e deka Latas i Mirka mu reziraa "blamaza" na Ljube, Sitel se pretvori vo propagandna TV na Firerot, od ekonomija nema ni malo e, a od demokratija ne ostana ni d. Ve zalam sto ste beter od prostitutki, da se prodavate za pari a unistuvate drzava!
Од: Pero od Ohrid
Датум: 28.11.2009 21:51:12
Prvo nikoj ne ti ja pobara kniskata, mozes da si ja cuvas za spomen. I jasno ti edeka da ne ja zloupotrebesepozicijata koja ja imasesega ke bese megu prvite od DPMNE. Lagite se neprifatlivi.
Од: Sv.Nikole
Датум: 29.11.2009 07:46:34
Pozdrav doktorante sekoja cest,tvojata opsednatost otide veke vo nedogled,ti najde za zboruvas za nekogo pa tebe ljubco te napravi covek i go zaboravi go plukas kade ke stignes.Gruevski ti dade sansa ja prokocka mlado momce lakomo za vlast i pari ednostavno tolku imas kapacitet i tolku vredis.Sedni i peispitaj se samiot sebe razmisli,stavi prst na celo kako toa site se losi samo ti si pravedniot,narodot ke kaze dali ovaa vlast e totalitarna ne si ti kompetenten za toa da razgovaras,a toa vrakanjeto mislis deka e taka kade ke se vratis i koj ke te prifati mislis deka vi vmro-dpmne si mnogu omilen gresis momce mladoPatem uste si direktor ili gresam ako si podnesi si ostavka kako mozes da bides direktor postaven od ovaa vlast sto e nedemokratska.
Од: Од куде Тумбу®
Датум: 29.11.2009 09:05:22
Повторно удирање во градите!Јадна Македонија,Преполна е со „Херои“од твојот стил!Замислете,Сè херои,Борци против „злосторничкиот“„Комунизам“!Мноштво!Во моментот кога на едни мои пријатели им спомнав дека меѓу главните виновници за распадот на СФРЈ се наоѓаат и нашите сојузни „херојски“претставници од друг вид(Киро, Циле, Перо...кои,тогаш глумеа Големи комунисти,сега нешто сосем друго)Членови на вашата „демократска“партија (и Ти беше присутен)повикуваа дека Таквите,како мене ќе ги Колат! „Сосема Демократски и Просперитетно!“-одговорив. Значи-беше очигледно со какви пориви ќе Бладеете!Примитивизмот е цврсто Всаден во твојата Јадна и Бедна BMRO,која се прогласува за Спасител,иако ниту нејзините идеали Ти се Познати,но и се Производ на едно Непродуктивно Крваво Терористичко,но и Туѓо и „наше“минато!За Ваквата организација на Примитивци,Заглавена во Минатото (Праисторијата и Антиката)никако нема (и не смее да има)место во сегашноста,но најмалку во Иднината!!!
Од: Од М.Б.
Датум: 29.11.2009 11:11:21
Филипче,колумната тие наместо,но го слушав твоето јавување на радио и не се согласувам со тебе гога зборуваш дека ВМРО е формирано во 1893 година.Тоа батко нее точно,тогаш орг. е наречена ,,Бугарско македонско одрински револуционерен комитет,,.од 1896 се викала ТМОРО, а името ВМРО се јавува после 1908 година и не се однесува на ТМОРО,ами е нова организација.Накратко ТМОРО е нарекувана како внатрешна, затоа што имало паралелно и надворешна организација, а тоа била Врховниот македонски комитет од Софија- врховистичката Мислам дека ова е вистината за ВМРО кое целата активност и залуги ги им присвоено од ТМОРО,а особено затоа што и раководењето од крајот на 1902 год. и го превзеле преку познатите врховисти како Иван Гар анов и други..

Најди! во Утрински
Насловна
Дедо Стефан и ќесето
Зденко
Груевски сардисан од сите страни
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (8)
Пропадна и четвртиот тендер за двокатни автобуси
Предизвикот на белите снегови на Црна Гора
Демократска ликвидација!
Најмалку 30 загинати при терористички напад врз воз во Русија
Банките прашуваат дали си политичар
Болните на клиниките во паника
Новите балади на Тоше пред скопската публика
Нападите во Бомбај
На АВНОЈ беше најавен АСНОМ
Лек за балканската депресија
Двојните аршини на Бугарија