Број 3147  сабота, 28 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Мислења

Лек за балканската депресија

Иван Крастев

Во август 2014 година во Сараево светските лидери ќе се осврнат на дивиот дваесетти век на Европа

Европската политика, главно, е обликувана од настани и годишнини. Меѓутоа, додека настаните често се непредвидливи, годишнините не се. За пет години, Европа ќе размислува за 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, што доведе до речиси неспоредлива загуба на животи и активираше верига од настани што доведоа до создавањето на Европа каква што ја знаеме сега.

Светските лидери можеби веќе резервирале некои денови во август 2014 година за одбележување на поводот. Лесно е да се предвиди дека Сараево ќе биде местото каде што ќе се состанат тие за да се осврнат на дивиот дваесетти век на Европа. Но, како ќе изгледа Сараево за пет години? Дали се' уште ќе биде главен град на земја чии граѓани ја гледаат иднината мрачно и чии политичари целосно загубија контакт со електоратот? Или постои надеж дека европските лидери ќе ја искористат годишнината за да најават успешна интеграција на преостанатите балкански земји во Европската унија?

Анкетата на „Балкан монитор“, спроведена неодамна од агенцијата „Галуп Европа“, дава сугестии за јавното мислење во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Косово 20 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид и една деценија од крајот на косовската војна. Податоците укажуваат дека следните пет години ќе бидат решавачки период за идниот развој на регионот.

Додека убедливо мнозинство граѓани се убедени дека е неверојатно да се случи нов оружен конфликт во регионот, расположението на јавноста - со исклучок на Косовците и Албанците - е песимистичко. Иднината ветува мир без развој. Довербата во политичките елити и во националните и европските институции постојано опаѓа. Мнозинството граѓани искусија опаѓање на животниот стандард минатата година и останува перцепцијата дека луѓето имаат повеќе можности надвор од нивните држави. Песимизмот за вработување е алармантно висок кај младите луѓе, додека корупцијата и лошото управување на власта се сметаат за распространети.

Сите оние чија работа е да ја фалат стабилноста во регионот треба да ги погледнат овие податоци. Всушност, впечатливо е дека мнозинството граѓани на Босна и Херцеговина веруваат дека нивните лидери не се заинтересирани за приклучување на нивната земја кон ЕУ. Апсолутно мнозинство граѓани во секоја од анкетираните земји се убедени дека нивната земја оди во погрешна насока. Помалку од еден на десет Хрвати (чија земја би можела да се приклучи кон ЕУ во блиска иднина) верува дека нивната земја оди во вистинската насока.

Сега има две опции за регионот: една е програмата за „шок-интеграција“ со која сите земји од Западен Балкан влегуваат во ЕУ; другата е патување во непознато. Надежта дека тие земји можат сами да истуркаат докрај е опасна илузија. Само стабилноста не може и натаму да биде единствената цел на ЕУ во регионот. Континуираното присуство на ЕУ како колонијална сила во местата како што се Босна и Херцеговина и Косово би можело да создаде уште повеќе проблеми во иднина, особено ако ползата не е скорешна. Одложување на интеграцијата на Србија во ЕУ особено би можело да ги донесе фантазиите инспирирани од Тито во срцето на надворешната и безбедносната политика на земјата.

Така, деморализирањето на балканското општество создава сопствена динамика, кога најдобрите и најпаметните ја гледаат иднината надвор од своите сопствени земји, и каде што „стабилноста“ е само уште едно име за политичка и економска стагнација. Ако европските лидери планираат да се состанат во Сараево во 2014 година, тие треба да дејствуваат сега. Ратификацијата на Лисабонскиот договор зема предвид елемент на визионерски реализам во европската политика, бидејќи веќе не постојат какви било институциски препреки за идното проширување на ЕУ.

Денес, за разлика од пред една година, знаеме колку земји има на Балканот, а резултатите на „Балкан монитор“ покажуваат дека сите сакаат да се приклучат кон Унијата. Она што го научи ЕУ од резултатите на последните парламентарни избори во Бугарија е дека, спротивно на конвенционалната мудрост, моќта на Брисел над новите земји-членки се зголемува наместо да се намалува по нивното приклучување. Одлуката на ЕУ да го либерализира визниот режим за Србија, Црна Гора и Македонија - и фактот дека Јоргос Папандреу, главниот архитект на стратегијата за интеграција на Балканот во ЕУ, повторно е на власт во Грција - е уште еден извор на оптимизам.

Но, за Балканот е решавачки момент. Визната либерализација може да биде стратегиски чекор во насоката за „шок-интеграција“, но ако не биде следена од смела политичка акција од страна на ЕУ, би можела едноставно да биде препакување на статус-кво. Накусо, дојде моментот за обликување настани наместо за едноставно обележување на годишнини.

(Авторот, претседател на Центарот за либерални стратегии во Софија, пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1366 пати.

Испрати коментар

Од: Saro
Датум: 28.11.2009 01:00:31
Lekot sa balkanska depresjja - Ivan Krstev - nenormalna rabota
Од: Коста Стоименовски
Датум: 28.11.2009 02:07:25
Г-динот Иван Крстев, кого имав прилика да го сретнам и да ги слушам неговите ставови и мислења на повеќе меѓународни средби, е оригинален и мошне ценет аналитичар. Целосно се согласувам со неговиот став за „шок-прием“ на балканските земји во ЕУ, бидејќи тоа е најдобар и најкус пат за нивното демократско асимилирање и цивилизирање! Мислам дека добро би било да направи осврт на приклучувањето на посткомунистичките земји од Централна Европа во НАТО и ЕУ и, истовремено, да направи споредба со состојбите на Балканот.
Од: Kiril
Датум: 28.11.2009 09:42:46
Evropskata komisija go liberalizirashe vizniot rezim za Makedonija, Crna Gora i Srbija. Uvazeniot g-din Krastev , kako evropski ekspert, treba da se drzi do oficijalnite dokumenti i odluki na EC. Poznato e deka Makedonija "gi povleche"drugite dve drzavi za koi, zaradi regionalniot pristap i tehnichki proceduri , bea ukinati vizite za zemjite na Schengen zaedno so Makedonija.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.11.2009 09:58:08
Само една суштинска забелешка кон византиското однесување на ЕУ.Ако незванично од страна ЕУ е промовиран премиерот на соседите за промотор на Балканот за негово интегрирање во ЕУ а при таа промоција целосно и на сите полиња ни го негира постоењето на нас како држава ,се прашувам до каде оди перверзното однесување на ЕУ.
Од: nekoj
Датум: 28.11.2009 19:29:57
do Feliks: ne znam koja vi e celta, dezinformiranje na narodot aradi odrzuvanje sebe si na vlast ili navistina ova se vasite stavovi koi gi pisuvate kako komentator na razni statii? Toa Evropa e "perverzna" znaci go mislite toa za stotici milioni Evropjani? Kakva navreda! Za sreka toa Evropjanite ne go mislat za makedoncite. Ubavo pisuva komentatorot pogore, navistina treba Balkanot da se asimilira i civilizira.

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (8)
Дедо Стефан и ќесето
Зденко
Груевски сардисан од сите страни
Пропадна и четвртиот тендер за двокатни автобуси
Предизвикот на белите снегови на Црна Гора
Демократска ликвидација!
Најмалку 30 загинати при терористички напад врз воз во Русија
Новите балади на Тоше пред скопската публика
Реквием за ДПМНЕ
Болните на клиниките во паника
Банките прашуваат дали си политичар
Нападите во Бомбај
На АВНОЈ беше најавен АСНОМ
Двојните аршини на Бугарија