„Некст тајм“ пред промоција
Мартин и Стефан од популарното дуо „Некст тајм“ бројат ситно пред закажаната промоција на нивниот нов, втор едноподруго студиски албум, кој официјално ќе биде претставен пред јавноста на 20 септември. Момците во изминатиот викенд ги направија и фотографиите за обвивката на албумот, а заедно со познатиот фотографски двоец Ани и Дими се одлучија за прекрасните падини во околината на Галичник како идеално место за фотосесија. |