Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Пет минути интервју

Нашата публика знае да почувствува искреност

Владимир Василевски - Четкар , џез-гитарист

Валентина Тодоровска

Како ги минуваш деновите во твојот роден Охрид? И, откриј ни, каде се најмирни плажите, каде е најубаво капењето?


„Времето ми минува и во работа и во одмор, се дружам со семејството и со пријателите, а исто така и настапувам. Поубаво не би можел ниту да замислам, сега сум како риба во вода. Е сега за плажите... Лично, најубаво ми е капењето во Трпејца, како и на дивите плажи по Градиште, кон Св. Наум. Таму е магично и мирно, рај за сите сетила. Колку пати ја носев со себе таа слика кога бев во Њујорк, далеку од дома. Ми беше доволно само да ги затворам очите и да запловам низ езерското синило“.

Со оглед на твоите чести настапи, што ќе кажеш за нашата публика? Има ли дефиниран вкус и во колкав број?

„Презадовлен сум од мојата публика во Македонија, покрај тоа што ми е исклучително верна и силно ме поддржува, станува и се' е помногубројна што ме мотивира да сум почесто дома. Публиката кај нас знае да ја осети и да ги цени искреноста и квалитетот на еден уметник дури и ако станува збор за музички стил кој досега не бил премногу експониран. Искрена импресија е она што најмногу ми значи“.

Кои ти се плановите до септември?

„Имам многу настапи низ Мак��донија и се надевам дека ќе настапувам низ повеќе градови низ државата. Кон средината на септември заминувам за Лондон каде што на 21. ме очекува еден од најважните настапи годинава, во еден од најпознатите британски и европски џез-клубови ’Сохо џез-клуб’“.

Со кого од овие простори би сакал да оствариш соработка?

„Искрено, не размислувам за соработка со никого, бидејќи сум фокусиран на сопствената музика и тоа ми го одзема целото време“.


#
Статијата е прочитана 750 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Во трага на брчките
Супермоделката ужива по раскинувањето на врската
„Некст тајм“ пред промоција
Искршен ресторанот на голиот готвач во Бирмингем
Помагаат во слабеењето
Турска баклава

"""