Џејми Оливер
Искршен ресторанот на голиот готвач во Бирмингем
Познатиот британски готвач Џејми Оливер пренел преку социјалната мрежа „Твитер“ дека му е искршен ресторанот во Бирмингем во нередите што избија минатата седмица во тој град.
„Мојот ресторан е сосема искршен. Стаклото на прозорците е искршено, се' е расфрлано, а персоналот на ресторанот, за среќа, е заштитен и на сигурно е“, напишал Оливер, а го пренел интернет-сајтот „Дигитал спај“.
Откако се појавила оваа порака на „Твитер“, обожавателите на овој 36- годишен готвач му испратиле пораки со поддршка и желби ресторанот во италијански стил во шопинг-центарот „Бурлинг“ брзо да се обнови и да почне да работа.
Џејми Оливер поставил на „Твитер“, покрај пораките за искршениот ресторан, и порака во која ја осудува состојбата во која западнала земјата и бара од властите на Британија да се запре хаосот и да се работи на „повторната изградба на духот на заедницата“. |