Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хро��ика
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Домати

Помагаат во слабеењето

Летото е совршено време за уживање во доматите, кои се богати со антиоксиданси, но и со други нутриенти добри за здравјето. Доматите се одличен извор на калиум, но и на витамини А, Ц, Е и фолна киселина. Овој зеленчук е одличен сојузник во борбата против килограмите. Кората на доматите е богата со биофлавоноиди, кои помагаат во намалување на алергиските реакции и воспаленија. Кога ќе се намалат воспаленијата, хормоните за слабеење, како лептинот, можат да бидат поделотворни. Лептинот помага во контрола на апетитот, контрола на метаболизмот и слабеењето.

Доматите се богати и со каротеноиди од кои најмногу има бета-каротен, кој е силен антиоксиданс што ја штити кожата од оштетување од сончевите зраци. Од бета-каротенот се создава витаминот А. Ликопенот е уште еден каротеноид од доматите со антиканцерогено дејство. Студиите покажаа дека доматите го намалуваат и ризикот од тумор на јајчниците, кардиоваскуларни болести, астма и хронични болести на плуќата.

Но, добро е да се знае дека некои здрави состојки на доматите полесно се апсорбираат во организмот доколку се термички обработени. Таков пример се каротеноидите, а додавање маслиново масло при варењето ја зголемува апсорпцијата на ликопен и каротеноид.




#
Статијата е прочитана 925 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Во трага на брчките
Супермоделката ужива по раскинувањето на врската
„Некст тајм“ пред промоција
Искршен ресторанот на голиот готвач во Бирмингем
Нашата публика знае да почувствува искреност
Турска баклава

"""