По ваш вкус
Турска баклава
ПОТРЕБНО Е:
l 500 г ореви
l 250 г путер
l 8 кори за пита
l 80 г суво грозје
l мускатно оревче
l 300 г шеќер
l 50 г мед
l 5 дл вода
l ванилин шеќер
l лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1
Корите пресечете ги на половина. Спојте по четири кори, премачкајте ги со растопен путер, наредете ги една врз друга и ставете ги во плехче.
2
Посипете со мелени ореви, суво грозје и мускатно оревче и повторете ја постапката додека не го потрошите филот. Завршете со четири кори премачкани со растопен путер.
3
Баклавата исечете ја на коцки со ширина околу пет сантиметри и секоја пресечете ја дијагонално. Полијте со преостанатиот путер и печете 20 мин. на 180 степени, а потоа уште 40 мин. на 160 степени.
4
Кога ќе се олади баклавата, полијте ја со шербет. |