Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Зошто никој не го гасне огнот кај Албанците

Албанските политички елити во ниту еден момент не го осудија повикот на Пандели Мајко за палење на македонското државно знаме

Светлана Унковска

Во националистичкиот пожар што избувна веднаш по објавувањето на контроверзната енциклопедија, но и целата атмосфера што се создаде потоа, се чини дека се искористи да се фрлаат етнички искри од сите страни. За да се потпали оган, се покажува, дека не е потребно многу, но малку од оние на кои ваквите разгорени страсти им одеа во прилог, главно, за добивање политички поени, се надминаа себеси и се обидоа да ги смируваат тензиите.

Напротив, во реакциите и во критиките никој од албанските политички субјекти не се обиде да ја смири тензијата за да не дојде до степен на опасно зовривање на страстите. Најплодна почва за создавање таков амбиент се средношколската и студентската младина, кои на протестите извикуваа недолични и погрдни зборови за Македонците. Иако тврдеа дека сами се собрале, сепак, е јасно дека зад нив стојат одредени активни или маргинални политички фактори. Уште на првиот протест на граѓанските здруженија на Албанците, што се одржа пред МАНУ, а на кој присуствуваа и претставници од албанскиот политички блок, имаше груби и непристојни квалификации.

Професорката Мирјана Малевска, која предава и на Универзитетот на Југоисточна Европа, од каде што студентите завчера на протестите извикуваа и носеа погрдни пароли, смета дека слободата на говорот како клучен елемент во демократијата мора да постои, но, исто така, треба да постои и граници кога тоа нема да прерасне во анархија.

„Во демократијата мора да постои самоконтрола во тоа колку ќе бидат агресивни во реториката, на што ќе повикаат, што ќе кажат во едно вакво мултиетничко општество, еднакво како кај Македонците, така и кај Албанците. На што личеа оние деца кога викаат така. Таков вид демонстрирање треба да се осуди, но мислам дека треба да се осудат секаков вид провокации, кои доаѓаат и од двете страни“, вели Малевска.

Професорот на Универзитетот на ЈИЕ, Сефер Тахири, пак ,вели дека станува збор за емотивни реакции.

„Прво, тоа се емотивни реакции што се случуваа кај албанската заедница, политичките партии, невладиниот сектор, дури и кај граѓаните беа одраз на фактот дека енциклопедијата е научно дело, кое произлегува од научна институција што се финансира од парите на граѓаните. Од друга страна, пак, одредени извикувања на пароли на еден протест се мислења, ставови на одредени луѓе и индивидуи, а не се институционален и не се политички став на Албанците во Македонија“, вели Тахири.

И покрај тоа што МАНУ официјално најави дека енциклопедијата ќе биде повлечена, сепак, протестите не запреа, не запре говорот на омраза, навредите. Во тоа секако придонес имаат и политичките партии на Албанците, кои не се обидуваат да ја смират тензијата, туку се чини дека како секојдневно да се долеваше по малку од маслото за да не згасне огнот. Во таков амбиент најлесно е политички да се профитира, но малку број од албанските политички субјекти покажаа политички и државнички капацитет за да ги смират состојбите.

Спорните определници, сепак, мора да се признае, наидоа на оркестрирана, жестока осуда од голем дел од македонската научна јавност и од медиумите, кои застанаа заедно со „гласот“ на Албанците во Македонија. Се бараше определниците да бидат коригирани, а содржините што беа навредливи за нив да бидат отстранети.

Од друга страна, пак, албанските политички елити, кои имаа одлична можност да ја покажат својата политичка зрелост и одговорност, во ниту еден момент не застанаа решително против отворените напади што пристигаа од Тирана и од Приштина. Во ниту еден момент не беше осуден повикот на поранешниот албански премиер, Пандели Мајко, за палење на македонското државно знаме, што се случи по два дена во Приштина. Наместо тоа, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со воинствена реторика од Тирана констатира дека примирјето е прекршено и оти е објавена војна.

Единствено потпретседателката Теута Арифи, која е позната по тоа што има полиберални и отворени ставови за разлика од нејзините сопартијци, рече дека таквите настани не придонесуваат за добрососедски односи и оти треба да се почитуваат државните обележја на секоја земја. Никој од домашните албански политичари не најде доблест да ги осуди ваквите настани. Пред нив тоа го сторија косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиер Хашим Тачи.

Политикологот Ким Мехмети е револтиран од македонските политички елити, но и од албанските. Тој главна вина за влошувањето на меѓуетничките односи и создавањето лоша клима ја гледа во некои што решиле да ја урнат државата. Според него, она што е наведено во енциклопедијата, не станува збор за грешки, туку за концепти.

„Ова е втора понуда што ни ја даде Академијата за поделба на државата и за војна. Бидејќи не сум добил дефинитивен одговор дали тие елити сакаат заедничка држава немам дилеми дека растат тие структури што не сакаат заеднички да живееме. По еден ваков антидржавен проект што ги поткопува односите никој не сноси политичка одговорност. Прво што требаше да се случи е министерката за култура да поднесе оставка. Нека ме убеди некој дека е ова научно дело и оти не стојат политички структури. И сега прашање е дали тука има простор да се смируваат состојбите, што да се смирува? Оваа држава не покажува дека ме штити, вклучувајќи ги и господата од ДУИ. Да беше спротивно, македонските елити сами ќе ја изгореа енциклопедијата, па потоа може да се прашува дали Албанците нешто треба да осудат“, вели Мехмети.

Професорот Тахири смета дека палењето на знамето политичките партии не го поддржуваат, бидејќи таквото однесување не придонесува за подобрување на заемните односи. Малевска, пак, вели дека проблемот кај политичарите кај нас е што доблеста и умереноста се смета за слабост. Истовремено, оценува професорката, се нема доволно демократски капацитет за да осудат екстремните навреди.

За претседателот на Унијата на албанските интелектуалци, Авзи Мустафа, пак, мешањето на науката и политиката прави да се случуваат вакви затегнати односи. Иако, според него, секогаш и кај Македонците и кај Албанците постоеле нишки за заеднички соживот, сепак, постојат и сили кои не и' мислат добро на државава.

„Се' што е надвор од човечките кодекси и што придонесува за нешто лошо треба да се осудува без оглед од која заедница и од каде доаѓа. Мислам дека напредните албански интелектуалци ќе ги осудат сите овие испади, кои придонесуваат за расипување на меѓуетничките односи на сите тие што извикуваат раздор и политичките партии треба да се оградат“, вели Мустафа.


#
Статијата е прочитана 3695 пати.

Испрати коментар

Од: goran
Датум: 02.10.2009 00:25:40
zatoa sto samo kaj nas makedoncite postojat ovci vo liceto na sds koi plukaat na se zivo i glumat demokrati sokrivajki ja nivnata nesposobnost.
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 02.10.2009 00:39:41
E toa malku morgen.Tie znaat samo da baraat,a koga treba da kazat nesto protiv svoite tesko odi.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 02.10.2009 00:43:45
Nishkata za zaednichki zhivot megju makedoncite i albancite e mnogu potenka, otkolku nishkata megju albancite vo Albanija, Kosovo i Makedonija. Nema granica shto mozhe eden narod da go drzhi odvoen, toa se dokazha i so padot na Berlinskiot Zid. Bidejkji kje imaat sekoj pat pogolem natalitet od nas, tie kje zavladeat se pogolemi oblasti vo Makedonija, a pomoshta od EU vo pogolem del kje odi vo Zapadna Makjedonija.
Од: kaktus
Датум: 02.10.2009 01:29:39
Во право е Ким Мехмети. Главната грешка е во концептот и тоа во концептот на самата држава. Прво Македонија имаше концепт на национална држава, а по ујдурмата во 2001. стана двонационална држава. Концептот на двонационална држава во основа го содржи латентниот конфликт, кој кога и да е станува отворен конфликт помеѓу двата етникуми. Сите политичари досега играа на национална карта. Албанците бараат се повеќе, а македонските политичари тоа им го даваат и се фалат дека со тоа постигнале кохабитација, која ја подржува Западот. Политичките елити составени од псевдоинтелектуалци не умееја, а по се изгледа и не сакаа држава според граѓанскиот концепт, со што би се обезбедила граѓанска еднаквост на сите без оглед на етничката припадност, како што се западните држави. Сегашниот концепт на бинационална држава води само кон хегемонија на една нација и потчинетост на другата. Апсурдот кај нас е што хегемонизмот постои кај помалкубројниот ентитет кој успева и да го оствари на сите полиња.
Од: Albanec
Датум: 02.10.2009 01:34:29
Albancite ne go palija oganot da go zgasnat, ve molam, koga akademik ke pali ogan vrz i taka nezdravata politicka situacija, sto barate od obicnite lugje da gasnat ogan?! Licno mi e milo sto ednas cuv od Makedonci intelektualci deka Albancite se tesko navredeni vo knigata narecena encikopedija, i toa i steti pred se na samata Makedonija i na Makedoncite sami. Tocno taka. Sto sega, zarem nemat tie takanareceni akademici krivicno da odgovarat sto proizveduvat megjuetnicka omraza? Lugej, zarem ne gledate deka sakat da ja rusat Makedonija tokmu ovie koji se povikuvat deka se najgolemi Makedonski patrioti? Sto treba da se sluci za da razberete? Vam vi rabotat zad grb za drugi interesi, a vie uste im veruvate! Knigata ne bese izvik tuku pisuvana, ima razlika koga ke vikas nesto usmeno, i koag ke reces nesto pismeno. Pismeno ostanuva trajno i tesko e da se brise, zatoa nie Albancite sme vo gnev, so pravo.
Од: Skopjanec
Датум: 02.10.2009 01:47:43
Avtorkata navistina ne svatila deka Makedonija bese na cekor do ambisot. Albancite od Makedonija imaat dve svoi akademii vo sosedstvoto, MANU voopsto ne im e potrebna. Za kakva osuda zboruvate Unkovska, sekoj albanec od Makedoniaj misli kako Majko samo sto toa retko koj ima hrabrost da go kaze javno. Procenkite vo vasiot tekst se celosno pogresni, vie voopsto ne gi razbirate albancite.
Од: stavre vojvoda Berovski
Датум: 02.10.2009 03:15:38
Gegite se nepismeno ili najmnogu polupismeno pleme. Tie se tolku lesni za manipulacija sto ni za minuta nemozat da razmislat so svoi glavi, porazlicno do nivniot muftija ili odja (vo najnovo vreme politicari). Toa e edna od nivnite glavni karakteristiki. Kartite se otvoreni.
Од: Dimac
Датум: 02.10.2009 04:03:23
Koj da go zgasni ognot od Albanskite parti koga nivnite lideri so isklucok na Selmani,site se bez obrazovanie,so zavrsena osmoletka ili pak so vtor stepen sredno,pa sega vie naprajte matematika kolku mozi eden takov covek da bidi sovesen!Samiot Selmani rece deka mnozinstvoto albanci vo Makedonija ziveat vo selski sredini,kade sto uste ne e stignata civilizacijata do niv!Tie sto se uceni albanci ne se zastapeni ni vo 1% vo Albanskite parti!
Од: kodi
Датум: 02.10.2009 04:37:11
Ucenicite imaat uciteli lideri na partii tie kako prvo treba da se osudat. Jas nezna vo Makedonija kako da nema stranski ambasadori i Fuere nikoj ne reagira do Albanskite lideri za vakvite strajkovi aza enciklopedijata odma se odzvaa.Nemi e jasno zosto ne se donese zakon za site ne ubavi raboti sto se desavaat vo drzavata.Treba zatvaranje od od liderite na Albancite.
Од: Ito Hirobumi
Датум: 02.10.2009 05:05:58
Bravo be profesore Taxiri, emotivni reakcii! Sto li ucat ovie studenti i srednoskolci jas neznama. Zamislete, vo Amerika ili vo koja bilo Evropsla drzava, studentite da izlezat na sobir i da izvikuvaat fasisticki paroli!? Dali e toa vozmozno, dali e zamislivo! Sekoja visokoobrazovna institucija ima Kodeks na odnesuvanje koj gi stiti osnovnite covekovi prava i vredosti. Ako radikalno bidat prekrseni, avtomatski se odzema statusot na student. Ako vie nemozete da im objasnite sto e demokratija i gragansko opstestvo na vasite studenti, togas nesto ne e vo red so nastavniot plan i profesorite. Nie imame dlaboka kriza!
Од: genci
Датум: 02.10.2009 05:32:47
zashto ne objavuvate deka grupa od okolu 100 makedonci denes vo trgovskiot centar vikashe smrt na shiptari hiptari vo gasna komora????? zarem ne znaete za toa dnevnik??? ne toa ne vi odgovara neli? epa se dodeka ke ima vashi i nashi vaka ke ideme, se dodeka vashite imat pravo za bilo shto se pravedni dodeka nashite za istoto delo se nekulturni divjaci palninski luge..... napred makedonijo so grujo vo propasttttttttttttttttttttt
Од: mimi
Датум: 02.10.2009 07:29:04
Се разбира дека сите албанцитеимаат иста цел дат а си создадат голема своја еднонационална земја Албанија и се` прават да го направат тоа.наспроти нив, ние македонците, сме лојални на меѓународниот фактор, кој од Македонија направија безлична аморфна маса на некуливирани луѓе која ја обликуваат и командуваат како сакаат :Македонците не знаат што сакаат.Се си прават меѓу себе, а своите непријатели ги толерираат,иако им ја русшат земјата.Тоа е многу жално но реално! Албанското малцинство си ја прави Голема Албанија а ние им помагаме!
Од: Трпе
Датум: 02.10.2009 08:06:03
На плодна почва се се раѓа.Само треба некој да ја створи.Во моментот тоа го има во Македонија.Така беше 1998-2002 еве и овие последните три години ги има овие услови.По обеќањата на владата само што не започнала бербата на банани,урми,ананас.....Нека се пожали македонскиот народ дека не е заситен од политички плодови.
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 02.10.2009 08:16:36
Ставот на Албанските„политичари“,воопшто не изненадува!Изненадува ставот на „интелектуалците“ од типот Ким Мехмети,кои се однесуваат како повиците за палење знаме(на државата во која живеат)и Навредливите пароли упатени кон Друга нација,вера,да се нормална појава!Не можам да се отргнам од впечатокот што го оставаат ваквите малоумни (не)размислувања!Очигледна е двојната,Субјективна компонента при разгледување на состојбите и тоа од најпогубниот кратковид видиковец -национална и верска припадност!Мехмети заборава дека научната расправа,може да биде единствено тема за разговор меѓу Учените,но никако не е тема за широките неписмени маси,особено не за Деца! Истовремено заборава дека при сечењето,крвта потекува и од едните и од другите,во сосема иста боја и болка и не е воопшто поразлична,како што не е различен Крикот на Жената при Губењето на своето Дете,и покрај различната верска и национална припадност! Живее во заблудата дека некој повикува на Мир,поради страв,а не заради Разумот!
Од: don kihot
Датум: 02.10.2009 08:20:50
Enciklopedija, hm, prasanje e zosto sega i vakva kakva sto e.Dali ova e glupos ,naivnost, ili pak, stojat nekoj sili zad "proektot" koj ne i mislat dobro na Makedonija?.Albanskata reakcija ke ja ostavam nastrana, (stihiska i plemenska), daleku od sovremena i demokratska.No najveke mi e krivo kako mozat ovie nasive "Akademci" da deluvaat vaka destruktivno na sopstvenata Drzava,so vakvi naucni trudovi sto voopsto ne i se potrebni na Makedonija tuku naprotiv, se frlaat pari za glupi proekti.MANU treba da e institucija koja ke ja naveduva MK na vistinskiot Evroatlanski pat, soszdavajki naucni trudovi vo toj pravec, razvivanje na demokratiata vo opstestvoto i covekovite prava, a ne vakvi glupi potezi.Manu treba da posveti poveke vreme na trudovi za ekonomski i energetski razvoj na Makedonija.No sto da se pravi, najzalno e sto i visoko obrazovanite sloevi vo MK, ostanuvaat samo Balkanci....
Од: Оли Јулчовски
Датум: 02.10.2009 08:37:22
Би поставил едно просто прашање,На кого му користи сето тоа?Кој се однесува како да е му е Македонија оставена во наследство од дедому?Зарем мислете дека сето тоа што сега ни се случува е случајно?Не, Секогаш кога овааБАГРА од Вмр-овци се докопува до власта Македонија е на рулет,се коцкат со нејзиниот опстанок за да му се ,,дига,, рејтингот на Николче.Затоа верувајте ми и Албанците се злоопотребуваат,искористуваат,само да се остане на власт,А македонскиот граганин чека и има улога на нем сведок на сопствената пропас, Битно е Грујо да го сочува РЕЈТИНГОТ.
Од: Bashkim
Датум: 02.10.2009 09:00:36
kazete mi samo eden edinstven intelektualec ili samo covek deka gi osudil ili se ogradil od navredite za Albancite vo stadionite ili sportskite sali sto se slucuvaat konstantno i koga nieden Albanec ne igra vo timot...bidete po racionalni ke vi bide podobro veruvajte mi..
Од: Nikola
Датум: 02.10.2009 09:32:22
Dali ima etnicka cenzura? Vcera grupa makedonski mladinci pred Vladata izvikuvaa: Siptari, gasni komori! Makedonija cista! Nase ce bide Solunsko pole! za ova mnogu slabo se objavi vo mediumite. A mene me potseti na fasisticka Germanija vo triesetite.
Од: Малешевец
Датум: 02.10.2009 09:55:09
Зошто? 1. Затоа што вие новинарите 20 години удрате хајка против се што размислува македонски, додворувајќи и се на власта и на албанците и на белосветските хонштаплери кои како тнр советници хараат по РМ и БиХ, но не веќе и во Србија, Бугарија и Хрватска. Таму новинарите се национално освестени. 2. Затоа што албанците се се уште цивилизациски на племенско размислување и постапување. Затоа што зад нив стои тнр меѓународна заедница, кои вие стално ја прашувате што мисли.3. Затоа тие знаат што сакаат, имаат долгорочна стратегија и алал нека им е. За нив се е чо��екови права, а кај се човековите права на Македонците во Тетово, Чаир, на раселените!!! 4. Затоа што СДСМ и ВМРО ДПМНЕ мислат само на власт и своите лични газиња. До Малевска, па она ги воспитува така, зема дебели хонорари од тој универзитет. Скопјани, нека ви е на здравје.
Од: јас
Датум: 02.10.2009 10:23:23
А зошто ги обвинувате Албанците?Па тие вредно си работат на својата кауза!ОБВИНЕТЕ ГО ПАСТИРОТ , тој им оди под рака на нивните амбиции!!!!!!!!Тој е оној што го потпалува фитилот , а после ( безуспешно) пробува да го изгасне., дувајќи на друга страна!!
Од: Tosho
Датум: 02.10.2009 10:24:29
Нашата владеачка елита, со досегашното владеење и особено со најновото ПОНИЖУВАЊЕ на Македонија со издавањето на нарачаната Енциклопедија, покажува дека работи субверзивно спрема својата држава и сите народи кои живеат во неа.
Од: gv
Датум: 02.10.2009 10:33:24
Odgovor na Goran.Vo 2001 godina i sega na vlast e tvojata partija VMRO DPMNE .Sega kriv e SDSM i Branko .VRMR-ovci koga ste na vlast mora da se slucuva kriza.Koj e sposoben da vodi vlast se gleda.Sramota misli so svoja glava i um?.
Од: bitolcanec
Датум: 02.10.2009 10:34:15
abe gi citam nekoj komentari i ne mozam da gi svatam kolkava omraza imat sprema albancite abe luge glupavi ni edni kako saila smotana ste da se ogradeshe grueski od enciklopediata posle nekolku dena nemashe nitu da dojde do ovie posedici poshto albancite se vozdraja od sekakvi provokaci ama koga vidoja deka makedoncite uopshte ne reagirat na nepravdata shto mu ja pravi manu e togash pocnaja da reagirat radikalno i gledaj cudo odednash se razbudi makedonecot velejqi ne trebalo taka da bidit znaci koga qe ve zdoboli odma gi znaite rabotite znaci poentata mi beshe deka za ovaj pat albancite bea mnogu izdrzlivi a makedoncite nogu podli pozzz do utrinski
Од: Adam od Govrlevo
Датум: 02.10.2009 10:41:26
МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ/БИГОРСКИ, ЛЕШОК, МАТЕЈЧЕ, ... ГО ЗАПАЛИ ГРЕВОТ - НЕМОРАЛОТ, ШТО ПУШТИ КОРЕН ВО СИТЕ ПОРИ НА ОПШТЕСТВОТО! Вратете се кон изворните религиски вредности, искрено и со вера, а не со лицемерие пред Господ! Направете студија за ОВА, а не за ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, која по три дена ќе се повлече, оти така сакале Албанците. Кои се Албанците? Има ли разлика меѓу Албанци од Албанија, од Косово, од Македонија, од чемерија, или државите не важат кога станува збор за Албанците?! Секоја држава си ги штити своите интереси, но кога станува збор за шќиптарите во Македонија, кои се македонци од албанско етничко потекло, тоа не важи - тие се Албанци и само за албанството размислуваат. За тоа живеат и се раѓаат, а не за да имаат мирен живот и организирана држава за среќа на нивните деца. Албанската идеја е над човековите права, над личноста. Нема народ поисполитизиран од нив; ги спремаат за муџахединлак. Ако се мислеше за иднината на државата, ќе ја правеа двојазична, со издвоено школ
Од: Македонија
Датум: 02.10.2009 10:42:09
Колку гледаме и Албанците нашиве почнаа да ги раскаруваат меѓу себе.Раздели па владај.До кога ке им служат албанците на нашиве како маша за остварување на нивните ниски намери.Албанците може да се рече секогаш ги користеле,како што сме запознаени и во 2оо1 година,со нив се ваѓаа,некој патриоти,изврши предавство,на калемиим го на албанците.Албанците не се толку лоши колку што нашиве ги предизвикуваат.Во албанска куќа ке бидеш пречекан,старите луѓе ги почитуваат,тие се најважни дома,а додека кај нас старите служат за давање на пари,додека политичарите им даваат пензија за да после со невработување на младите им е земаат три пати повеке.Демостен бил 1оо годишен ама бил најпочитуван од Грците.Ние Македонциве сме племе кое не почитува ништо,ништо не му е свето,тоа го дознаа странците,затоа не не ценат,или и тие ни се придржуваат со криминалот.Спартанци може и сме тие ги убивале луѓето со мана,старите ги носеле во шумите да умрат,како што сега ги најдуваме како извршиле’самоубиство’..
Од: од 09
Датум: 02.10.2009 10:59:21
Прво треба вие од Утрински да се поразмислите до каде со вашите исто мисленици одСДСМ исто и вие сте протиф својот народ,а со тоа им давате подршка на Албанците.Вие немате сите Македонска стратегиа.А исто и самата акаадемија си је виновна оти и го остапи Горги Кастриот на албанците е така сега ви се врати како бумеранг.
Од: Makedonija vo hipoteka na "plateznata karticka"
Датум: 02.10.2009 11:05:35
Se se sveduva na "Zasto makedonska enciklopediaja, a ne enciklopedija na Makedonija" Se bara "Svajcarija na Balkanot" ! Zatoa pomalo e predavstvoto od SDSM kolku skrienoto na noviot vojvoda, koj za naslednik na Ljubco, go odredija onie koi go smenija. Sto e predlogot na vmro-np za grbot? - otvaranje na "martovskiot dogovor" !
Од: Me
Датум: 02.10.2009 12:04:24
Ajde Unkovska da cueme sea zasto nieden politicar vo MK ne se izvinuva za sloganot 'Samo mrtov siptar e dobar siptar'. Na stadioni se kazuva toa li, vo Skopje li? I zapalenjeto na znaminja vo stadion se slucuvase. A Kosovskite vlasti se distanciraa. A Makedonskite vlasti? Ne bidete pokatolicni od POPOT! Ve molam Objavete go komentarot. Blagodaram
Од: Koljo
Датум: 02.10.2009 12:39:01
Dokolku nekoj Makedonec go zapalese albanskoto zname ili nekoj Makedonski politicar dadese izjava vo koja sto Makedoncite treba da go zapalat Makedonskoto zname srede Skopje ,ke se pojavija nasite "trezveni " politicari so ostra reakcija za taa izjava. Dodeka pak albanskite politicari vo Makedonija ,nitu eden ne otvori usta a kamo li da ja osudi izjavata na toj politicarot od Albanija koj sto otvoreno gi motivira albancite vo makedonija da go zapalat Makedonskoto zname srede Skopje.

Најди! во Утрински
На прво место
Со молитва го чуваат манастирот
Сликите од пожарот го шокираа ктиторот
Горни палат, гордоста на мијачката архитектура
Дали може да се конфискува земјиште?
Пристигаат првите донации за Бигорски