Предложената правна одредба не само што ги раскара пратениците туку и внесе немир кај граѓаните
Билјана Ангеловска
Власта има сериозна намера да се стекне со нови површини земјиште кои засега се' уште се во сопственост на приватни лица. Потврда за тоа е одредбата во Предлог-законот за градење околу кој деновиве се кршат копјата во Собранието, а според која државата има право да го конфискува бесправно изградениот објект, но и земјата на која истиот се наоѓа.
Дали на таков начин ставањето рака врз прилично голем дел од приватното земјиште е во согласност со Уставот, допрва ќе се види. А, дека не се работи за малку квадрати покажува и бројката од над 700 објекти регистрирани како дивоградби на крајот на минатата година.
Предложената правна одредба, која што според предлагачот има за цел да му стави крај на градењето без дозвола, не само што ги раскара пратениците во парламентот, туку и внесе немир кај граѓаните. Сите се согласуваат дека дивеењето во сферата на градежништвото еднаш мора да престане, но дека тоа мора да се прави со одземање туѓ имот, тоа народот тешко го разбира. Не дека оној кој градел незаконски и без дозвола треба да помине неказнето, туку дека со вака предложената законска одредба, практично се крши едно од уставно загарантираните права на луѓето, а тоа е правото на сопственост.
Спорниот член 138 од Предлог-законот за градење, всушност му дава можност на градежниот инспектор да даде забрана за отуѓување на нелегалните делови од градбите, како и забрана за располагање со градбата и земјиштето до моментот на постапување по одобрението за градба. Забраната овозможува заложно право и конфискација од страна на државата врз градбата и земјиштетото доколку во рок од три години инвеститорот не постапи според одобрението за градба. Во меѓувреме, тој ќе плаќа месечни панали во износ од 3 проценти од пазарната вредност на градбата и земјиштето.
„Урбанистичкото законодавство, покрај другите начела почива и на сопственоста, како еден од темелите на уставна вредност. Државата со овој дел од законот прави суспензија на темелот, па одредбата од почеток создава зона на корупција и обезбедува државна кражба“, вели архитектот Мирослав Грчев.
Тој појаснува дека во урбанизмот единствена заштита од дивата градба е таа да не може да се запише како сопственост и да не биде предмет на правен промет. Но, има и друга мерка, рушење - дали инвеститорот сам ќе ја урне, или тоа ќе биде направено присилно, сеедно. А, бидејќи сега ќе може инспекторот да го стопира располагањето со градбата, со имотот, значи дека тој практично ќе ја легализира. Значи, од дива градба ја прави легална сопственост, која што потоа ја конфискува, ја присвојува, присвојувајќи ја притоа и земјата која воопшто не е предмет на спор.
„Тоа е противуставно и и' обезбедува на државата законска рамка за дискреционо одлучување кому ќе сруши, а од кого ќе наплаќа рекет. Тоа и' обезбедува канал за перење пари преку легализирање на дивоградбите за да оваа валкана работа заврши со конфискација на земјиштето кое не е предмет на спор. Тоа е спротивно на Уставот и уставната заштита на приватната сопственост“, појаснува Грчев, кој е категоричен дека доколку овој член од законот остане вака, тогаш тој ќе го обжали пред Уставниот суд.
И правните експерти кои ги консултиравме велат дека тешко ќе помине такво нешто. Не сакајќи официјално да коментираат нешто што се' уште не е во правниот поредок, туку е во процедура, правниците ја поставуваат само дилемата за каква повреда на сопственост се работи, ако се зборува за бесправно изграден објект, кој е без правен основ, па со самото тоа граѓанинот не е негов сопственик.
Во тој случај би можело да се говори за повреда на сопственоста врз материјалот вграден во објектот, кој практично претставува легално стекнат имот на тој кој го купил. Тука, појаснуваат правниците, се поставува прашањето дали државата не одзема повеќе од тоа што всушност, не е дозволено со самото дејство на бесправно градење. Најверојатно истото објаснување би важело и за во случај кога се работи за дивоизграден објект на приватно земјиште, кое што може да биде купено легално, или пак дури и наследено. Тогаш може да се рече дека има непропорционална мерка на државата, која треба да го заплени само објектот, но не и да одзема правно стекнат имот.
Moze da se konfiskuva, zosto da ne. I posle ke se deli na zasluzni luge za partijata. Nesto slicno na nacionalizacijata sto posle vtora svetska vojna ja pravea komunistite. Neli gledate deka partiski luge mozat da pravat mnogu raboti sto nemozat obicnite gragani.
Од: gastarbajter
Датум: 02.10.2009 05:58:29
E vaka nema Evropa, decki...
Од: krste
Датум: 02.10.2009 06:56:35
Па кога е на власт ВМРО....... се е можно.... ќе испаднат уникатни во светот, дамбетер од колективизацијата на Сталин..........
Од: Оли Јулчовски
Датум: 02.10.2009 08:47:00
Може,зарем се чудете дека нема да го стори тоа Грујо?Море не се сомневам дека ако остане на власт и после вонредните избори во 2010 кои ги турка ке почне и да не затвара.Погледнете само што се случува во Образование,се оставија без работа 1200 наставници за да се вработат Партиските војници,и никому ништо,вината се префрла од Министер до ГрадонаЧАЛНИК И дИРЕКТОР,виновен нема,а наставниците кои работеле по пет години се на улица,Е тоа ти е
Грујевска реформа.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 02.10.2009 09:01:36
Секако дека оние кои Одземаа Приватно земјиште,на „трулите“предвоени капиталисти,тешко може да се одвикнат од истото! Лага е тврдењето на Грчев за некакви „начела на сопственоста“во Урбанистичкото „законодавство“! Уште поголема лага е дека тоа се некакви Уставни „вредности“!Приватната сопственост сè уште е Незаштитена во Македонија и тоа е Една од Причините за непримањето во ЕУ!Сè додека во оваа држава некој Идиот може слободно да гради на Туѓ посед (пример е и продавањето во бесценетост на приватните плацеви за „Веро“од страна на државата),не може да се зборува за Почитување на Приватната Сопственост,која во Европа е Света!Изненадува двојниот аршин на државата во правото!Повторно се поистоветуваат Криминалци со граѓански спорови,и се ставаат на исто рамниште,иако до сега Не ми е Познато дека е Одземен имот на некој дилер на дрога,шверцер,или убиец!Интересно е што „државата“ги остава ваквите Сподоби слободно да шетаат низ МК!Останува горкиот вкус за Соучество на власта со криминалот!
Од: Petre
Датум: 02.10.2009 15:03:37
kakov VMRO, ova go imase celo vreme i dosega....se nacionalizirase zemjiste, a mozese i kuka da ti srusat za izgradba na opstestveno korisen objekt, n.pr. hotel koj posle ke go kupi nekoj za mala para..
.. ne podaleku, ami kakva e celata istorijata na hotel Izgrev, sto stana so kampot Gradiste, lugeto so decenii ne mozat da si ja vratat zemjata.., a i kaj hotel Park imase matni raboti...