Ако беше изградена каптажа над манастирот, поголем дел од конаците ќе беа спасени
Билјана Јовановска Киро Кипровски
„Св. Јован Бигорски“ - „Вчерашниот ден ни беше најтежок, но време за тажалки нема. Молитвите не' кренаа, бидејќи тие во Бигорски манастир ниту престанале ниту ќе престанат“. Вака, со видлив замор и тага, ама и со голема доза на оптимизам не' пречека игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј.
Цели 14 години, колку што е во манастирот, им посвети на обновата на целиот комплекс, со малото братство во овој древен храм, стар десет века, во кој вградија и дел од своите животи. Меѓутоа, иако чеврточниот пожар за кусо време во неврат ги однесе конаците, наречени Горен палат, целосно им изгоре библиотеката и останаа без вредните фрески во трпезаријата, монасите и игуменот се среќни, бидејќи нечепнато им остана она највредното - црквата „Свети Јован Крстител“ и монументалниот иконостас, единствен во православието, чудотворната икона и колекцијата мошти на десетици и десетици светии...
Ноќта по пожарот, главно, ја поминале на отворено. Монашките ќелии ги однесе огнот, ама тоа не им пречи строго да се придржуваат кон манастирскиот типик. Во 6 часот утрото камбаната ги собра на молитва, која сега им е уште посилна за поскоро, со помош на верниците и сите добродетели, монашкото братство да изгради нов, поцврст манастир. „Несреќата се случи на денот на света Софија и нејзините три ќерки крстени по трите добродетели - Вера, Надеж и Љубов. Со тоа Господ ни покажа дека во неговата сила е и нашето обновување. Преку молитвите Господ не крена, ни даде сила да ја воскреснеме оваа светост. Најважно е што душата на манастирот (монасите) е жива, телото постапно ќе се обнови“, ни вели отец Партениј.
И вчера противпожарното возило ги гаснеше остатоците од огнот кој тлееше на повеќе места. Два-три километра пред манастирот се гледаа облаци чад, бидејќи времето е мирно, па и дента по пожарот тие го наткрилуваа долнореканскиот крај. Истражниот судија Сефедин Османи ја започна истрагата претпладнето, но и два часа по увидот не можеше да изнесе ништо конкретно.
Се собираа првите основни материјали за утврдување на причините на пожарот, а според она што го соопшти судијата доказните материјали не се уништени, поточно „сочувани се во изворна форма“. Бројните новинарски екипи и вчера не можеа да пријдат до изгорените делови од манастирот, иако не постојат дури ни сомневања дека огнот бил намерно предизвикан.
Брегалничкиот владиката Иларион, кој вчераутро дојде во Бигорскиот манас��ир, можеби и несакајќи ги посочи причините за несреќата која го зафати овој импозантен комплекс. „Уште во 1995 година кога заедно со отец Партениј дојдовме во Бигорски баравме од властите да се изгради каптажа над манастирот и да се полни со вода од изворите над него. Тоа не е сторено, а да беше ќе имаше вода и сигурно многу поголем дел од манастирот ќе беше спасен“.
Вака, монасите беа беспомошни. Кога малку по четири часот утрото ги разбуди задушениот звук на алармот од Галеријата на икони, беше јасно дека нешто страшно се случува. Сепак, ни на сон не ги насетуваа размерите на она што следеше. Боси излетаа од ќелиите, еден од нив ја исклучи струјата и со тоа прекина и дотокот на вода. „Чинам дека се' се случи за десет минути, иако пожарот траеше многу подолго“, ни рече игуменот Партениј, повторувајќи дека доколку се случеше противпожарните екипи да дојдат само 5 минути подоцна, ќе изгореше буквално се'.
Дел од монасите преку олтарскиот дел од црквата во пожарот се искачил на нејзиниот покрив. Никој не размислувал дека огнот може да ги зафати и луѓето.
Стравот дека огнот преку покривот од Горни палат, каде што беа нивните ќелии, почнува да се шири и на покривот од тремот на Црквата во која е непроценливиот иконостас и чудотворната икона на Свети Јован Крстител, беше посилен од се'. Со кофи истураа вода врз црквата, врз се' што можеше да се спаси. Монасите кои не сакаа да ги спомнуваме нивните имиња, ни раскажаа дека заедно со игуманот по темница влетале во Галеријата со икони и буквално почнале да ги корнат од ѕидовите. Ги спасија сите и тие се сега складирани во параклисот од манастирот.
„Глетката беше застрашувачка. Гледавме како ни горат ќелиите, пред очи ни исчезнуваше манастирската древност“, велат со видливи траги од несреќата по рацете. Ни изгоре и магерницата со вредните фрески од 19 век, сите книги, меѓу кои, за среќа немаше стари вредни ракописи. Ги земавме противпожарните апарати, ама бевме немоќни. Почнавме да се гушиме, паднавме на коленици. Чувството беше пеколно. Во еден миг го здогледавме отец Партениј како ја гушка чудотворната икона на свети Јован Бигорски, молејќи се: ’Господи, сочувај ни ја барем црквата‘“.
Вчера, животот повторно почна да се враќа во манастирот. Веднаш по несреќата надлежниот архиереј г. Тимотеј им испрати монашки облеки, бидејќи останаа без ништо, со нив стаса и храната. Од магацинот со храна и зимница не остана ни трага. Светиот архиерејски синод претпладнето таму одржа вонредна седница од која упати апел за помош на Бигорскиот манастир.
Паралелно се екипите за увид таму доаѓаа и верниците кои носеа храна, зимница, облека... Кој колку може. Помош почна да стасува од околните села и од разни фирми. Сепак, за манастирот да се обнови и монасите зимата да ја минат под покрив, в ќелии, важна е финансиската помош од сите. Пред се', од државата, но и од сите верници и добродетели, без оглед на верската припадност. Зашто, како што вели игуменот Партениј, Бигорски манастир е едно големо семејство на монаси и верници на кои сега помошта им е неопходна.
Ако сакал господ, ќе изгорел и со таа каптажа. Или не?
Од: kodi
Датум: 02.10.2009 05:03:37
Za vakvite raboti svetov postavuva kameri skoro vo site objekti niz drzavata . Za od pozar, krazbi.nasilstva i red drugi taboti
Од: Aleksandar Paunoski
Датум: 02.10.2009 05:53:39
So gospod napred i se ke bide !
Од: Совет на Македонската Заедница-Детроит
Датум: 02.10.2009 06:12:55
Во овие трагични мигови на тага и неверување, кога се молиме и се организираме за да се издигне пак манастирскиот комплекс Св.Јован Крстител-Бигорски, изразувам благодарност до сите новинари кои вредно известуваат за овој настан и го издигаат духот и им го покажуваат патот на сите кои сакаат да помогнат да се надомести тоа што можеме да го сториме ите заедно.
Вашиот центет весник имаше неколку исцрпни написи кои што секако ќе имаат голема улога во информирањето на нашите сонародници во Дијаспората.
Од: saso- bitola
Датум: 02.10.2009 07:35:07
Ne se sekirajte monasi bitolcani se so vas. Fala mu na GOSPOD sto ni ja spasi crkvata i cudotvornata ikona na Sv. Jovan a najpoveke sme srekni za ikonostasot. Se ke napravime. Ete ke pocnime da sobirame pari. So mislite sme so vas. Da ste zdravi i zivi monasi i otecot Partenij .
Од: rekanec.
Датум: 02.10.2009 07:45:31
Не џабе народот рекол кај треба мотика не помага молитва.За мала работа да се направело на време резервоар над МАНАСТИРОТ сигурно немаше да дојде до ова катастрофа.Но ова нека биде поука за понатаму,Да се има толкава вредност а да се остави на ВЕРЕСИЈА ЖАЛНО.
Од: Sanja
Датум: 02.10.2009 08:14:48
Mislam deka e zapalen. I mislam deka se sovpaga so povlekuvanjeto na enciklopedijata; site knigi izgorea, neli?
Од: ВЕРНИК
Датум: 02.10.2009 10:40:29
Не би сакал да коментирам како некои тука требало вака да биде требало онака да се направи за да не дојде до ова,бидна се стори што се стори само БОГ ја знае причината дајте заборавете ги ефтините коментари дајте да помогнеме да се изгради повторно Манастирот каков што беше.Подршка за сите монаси за отецот,болката е голема во душата,само сложно да истапиме и да помогнеме бидејки Бигорски е бисер на бисерите!!!!
Од: katerina
Датум: 02.10.2009 11:23:21
Katastrofa, tragedija! Tolku mnogu ubav manastir sega e osakaten......ne mi se veruva deka starite knigi so neprocenliva vrednost nepostojat....Za gjabe celiot trug vo obnovata na manastirot .....
pozdrav do monasite tie prekrasni i dobri luge.
Од: Donald Duck
Датум: 02.10.2009 15:16:54
Neka prodadat toa popovite dzipovite sto gi vozat, kje imaat za 2 manastira.....