Со донацијата на Костовски од половина милион евра е направен новиот дел од конаците
Билјана Ангеловска
„Шокантно. Тоа што го видов навистина многу ме растревожи. Сигурен сум дека сликите од остатоците од изгорениот манастир ги погодуваат сите. Многу жалам за тоа што се случи, немам зборови“, потресено ни изјави Трифун Костовски, ктитор на возобновениот дел од конаците на манастирот „Свети Јован Бигорски“
Пеплосаните делови од манастирот навистина будат чувство на огромна загуба кај секој граѓани на Македонија. Се чини сосем е разбирлива тагата кај Костовски, кој пред четири години донираше околу половина милион евра во „Бигорски“. Со тие средства е направен новиот дел од конаците на најубавиот манастир во државава.
„Како господ да го штител тој дел, па не е зафатен со пожарот. Радосен сум за ’мојот‘ дел, за црквата, за непроценливиот иконостас, што останаа неоштетени. Но, сепак, се' е тоа дел од манастирскиот комплекс и загубата е преголема. Тажно е што ги нема веќе тие прекрасни одаи. Повеќе од мачна е самата помисла што се случи“, вели Костовски.
Не сакајќи директно никого да обвинува за пожарот и последиците од него, сепак, прстот го вперува кон институциите на државата, кои, како што вели, покажале негрижа за ова наше национално богатство. Манастирот е стар објект кој бара постојани интервенции од страна на државата, редовни контроли на сите инсталации за да се избегне тоа што се случи.
„Монасите кои живеат таму најмалку се виновни за несреќата. Тоа се добри луѓе, домаќини што се грижат за комплексот. Но, вината ја гледам во државата. Ова е национално богатство и заслужува многу подобар третман. За жал, манастирите се оставени буквално во рацете на МПЦ, без никаков стручен надзор и можност за да се согледаат одредени недостатоци и да можат навреме да се санираат“, констатира Костовски.
Според него, во секој споменик на културното наследство мора да има систем на контрола, а не да биде оставен на монасите кои целиот свој живот го посветиле на манастирот. Во случајот со „Свети Јован Крстител“ затаи општеството.
Трифун Костовски е познат како вљубеник во македонското национално богатство. Можеби затоа и уште повеќе луѓето го познаваат како голем донатор за возобновување, реставрирање и опремување бројни историско-национални и културни објекти. Од тие причини, граѓаните веројатно очекуваат сега тој повторно да даде свој придонес за манастирскиот комплекс покрај Радика да си го поврати сјајот.
„Со сето срце би помогнал повторно и би сакал да бида�� вклучен во возобновувањето на манастирот. Но, онака како што мислам дека треба да се направи тоа. Со отворање жиро-сметка, може да се помогне, но нема да биде доволно, бидејќи тоа е сложена работа. Сепак, пред се', прво треба да закрепнам финансиски, а потоа да учествувам во една ваква благородна работа“, вели Трифун Костовски.
Kriva bila drzavata a ne monasite. Pazi da ne. Vo socijalizmot, koga manastirot bese kulturen spomenik, drzavata bese odgovorna. A koga i vraten na Crkvata, Crkvata si e odgovorna.
Од: stevo_bojler
Датум: 02.10.2009 02:15:42
Dali blagodadtniot ogan sto tamu gorese go izgore manastirot ili se raboti za uste edna business zdelka od 5.5mil eur. na relacija Drzava Crkva i nekoi poedinci??
Од: Kolo Diamantot
Датум: 02.10.2009 04:53:59
Ovoj del od manastirot bil renoviran a instalacijata za struja i voda neja renovirale. Laga e toa pozarot e podmetnat od Albancite za osveta na enciklopedijata.
Од: pece
Датум: 02.10.2009 07:33:44
Госп��дине Трифун, високо го ценам вашето ктиторство на многу цркви и манастири, сте дале и сте предале, Господ уште повеќе да ви даде, ама оставете ги малку сега ВМРО-вските челници да се покажат.... ионака сакаат да насадуваат цркви и кај треба и кај не треба, повеќе од ДРП причини отколку од верски и духовни... ајте сега ВМРО-вчиња обновете го овој манастир, а не црква на Плоштадот во Скопје... Тања ќе ви додели 100 бели бумбари.... па повелете покажете се......
Од: kliment
Датум: 02.10.2009 09:21:39
Ima li MPC dostoinstvo?Prosi da go obnovi Bigorskiot manastir.Koj e sopstvenik koj treba da se grizi za svojot dom?SOPSTVENIKOT-MPC.
So drzavni pari im izgradivme crkva na mestoto na Imaret dzamija koja so sopstveni race ja srusi Pasko Kuzman.IZa nagrada stana direktor vo Upravata za zastita na kulturnoto nasledstvo.Izbrisavme del on nacionalnata istorija.Neka go prodadat hotelot Izgrev ete mu pari na Timotej i kompanija za obnova na
Bigorskiot manastir.
Kako go obnovi Sv.Naum-manastirskiot kompleks taka neka go obnovi Bigorskiot manastir.
Од: ivona
Датум: 02.10.2009 09:43:35
E pa sega dedo Ctefan Hotelierot neka go prodade izgrev i Biser od Struga i neka gi obnovi konacite uste li od narodot ke ja cedite poslednata paricka ,sramota za crkvata za vakva negriza za inmotot sto i go dade drzavata na raspolagawe
Од: Македонија
Датум: 02.10.2009 10:02:15
Г.Трифун,народот секогаш е лажно известен.На пример јас не сум знаела дека вие толку сте помагале за цркви,манастири и дека сте на повеке ктитор,но во јавноста сте претставен како голем олигарх кој стреми само за богатење.Таков е Македонскиот народ,злобен,проклет,со лажен патриотизам и сјај.Прво се актуелизираат цркви,градење,па после ајт веднаш гори најголемиот манастир највредниот во МК.Зарем може нешто да го замени тој манастир.Албанец,или турчин од Македонија никогаш нема да запали ваковно место...тоа го направија неверници,а мислам дека се македонци,или косовари,или некој кој не верува во Бог.Нека ослепи да не може да го види поправен манастирот кој се надевам вие пак ке го помогнете.Позз.
Од: Тошо
Датум: 02.10.2009 10:45:27
АМАН веќе од овој Трифун Костовски. Ако си ктитор, тогаш тоа прави го како резултат на искрена љубов на дарувањето а не со СЕБЕРЕКЛАМИРАЊЕ по весници. Вистинските ктитори не се фалат! Вака човеков се‘ повеќе ми личи како ликот на ‘богатиот‘ од приказната за Богатиот и Сиромавиот. Во неа, сиромавиот веќе не можејќи да ги поднесе секојдневните прашувања од богатиот ‘те најаде ли шкембето што ти го поклонив‘, решил да купи шкембе и да му го плесне в лице на богатиот. Што се однесува до обновувањето на црквата – повторно нашиот народ како безимен ктитор искрено и со љубов ќе даде свои прилози. Но дали ќе дадат и свештениците од МПЦ свои лични прилози. Дали ќе се откажат од дел од своите неоданочени приходи и наместо да купуваат џипови од 60000 евра да купуваат коли од 15000 евра, а разликата да ја дадат за манастирот?
Од: ВЕРНИК
Датум: 02.10.2009 10:50:39
неколку пати досега имам пишувано за г-нот Трифун околу неговите донации на најразлични места но денеска ако е ова вистина така кажано од негова страна не се согласувам станува збор за зборот"мојот"дел.Г-не Трифун и да е така како што кажувате со вашата донација од толку пари сепак тој не е твој дел туку на БОГА и на сите нас.критиката е добронамерна
Од: dedodimo
Датум: 02.10.2009 12:03:27
Zalno e no shto mozime site po malku da pomognime i ponovo ona shto e izgubeno da se napravi .Makedoncite mora da se slozni a ne kako po nekoj so ovie komentari pogore shto izigruvaat majmuni .Zalosno vistina koga chovek ke prochita neshto vakvo .Ako ne pokazite sloga i samo razbiranje i toa shto go imame ke go izgubime ,ali ovaj pat ke bidi za sekogash nepovratno . Dragi Makedonci dosta so napaganje ,toa negativno vliae na cela Makedonija ,ami pochnete so pozitivni komentari i so rabota taka se napreduva .Pogledajtego IZRAEL od pustina zelenilo napravija a shto pravime nie ,samo se napagame .
Од: Albanec so lavsko srce
Датум: 02.10.2009 13:40:51
Ova mi lici samo na detska igra.Ne bila instalacijata renovirana?!?!Pa dajte go imeto na firmata sto renovirala ovoj Monument?a za nekoj komentari da e podmetnat pozar od albancite trebe da se sramat.Nie ne palime bozenstveni kuci ni za vreme na vojna a sega da ne zboruvame.OVA SO ISTALACIJATA MI LICI KAKO SAMOUBISTVO VO KOFATA. Krazba,krazba,krazba i krazba.Ako e tocno toa da imat djipoci i mercedesi ja ne znam sto im trebat koga resile da ziveat kako kaludjeri.Tuka vo CH po takvite manastiri ima samo bicikli i nisto poveke.Humanitarcite im nosat toa sto imat za nosenje do manastirot.POzdrav do site za zaednicka MAK