Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Пристигаат првите донации за Бигорски

Снежана Калабакова

Владата ќе додели еднократна парична помош во висина од 10 илјади евра за монашкото братство од манастирот „Свети Јован Бигорски“. Исто толкава сума и плус комуникациска опрема и бела техника ќе донира и мобилниот оператор „Космофон“, кој вчера го отвори и специјалниот телефонски број за донации 075 143 444 на кој сите заинтересирани со едно јавување или СМС-порака ќе можат да донираат по 100 денари.

Здружението на македонските копаничари вчера ја понуди својата стручност и работа при возобновувањето на манастирот. Кон донациите со помош од 500 илјади денари се придружи и АД „Фершпед“, додека сопственикот на синџирот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, донира 80 пакети прехранбени производи и разни хигиенски средства. Владиниот портпарол Мартин Мартиновски информира дека Владата ги задолжила надлежните институции да почнат со проекти за реставрација на уништените манастирски делови.

На Владината седница било одлучено Комисијата за односи со верските заедници да отвори посебна жиро-сметка за донирање. Со апел за помош се јави монашкото братство на манастирот, кое веќе отвори денарска и девизна жиро-сметка и телефонски број на кој граѓаните можат да донираат. Телефонот за донација е 143 444 на трите мобилни оператори со предзнак 070 за корисниците на „Т-мобиле“, 075 за „Космофон“ и 077 за корисниците на ВИП. Денарската жиро-сметка гласи: МПЦ Дебарско-кичевска епархија Бигорски манастир „Свети Јован Крстител“ 500-000000-3835-65 Депонент: Стопанска банка АД - Битола. Покрај денарската, отворена е и девизна жиро-сметка: МПЦ Дебарско-кичевска епархија Бигорски манастир „Свети Јован Крстител“ ИБАН МК07500701000133139, а депонент е Стопанска банка АД Битола СВИФТ СТББМК22.


#
Статијата е прочитана 982 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 01.10.2009 22:46:18
А некој џип да продадат?
Од: pogled
Датум: 02.10.2009 08:03:40
1. Покрај доброволната помош за опожарените конаци, треба да се побара краткорочен доброволен заем од сите вработени во Република Македонија. 2. Во иднина на секој вработен да му се задружува определана сума на парични средства од платата (слична на синдикална членарина) за верски потреби, а потоа, со заминување во пензија вложените средства да се вратат. Тој начин добро функционира во некои западни земји.
Од: angeli
Датум: 02.10.2009 09:52:47
Narodot gi gradel svetilistata,so niv upravuvale verski zaednici,bilo i ke bide. ke otvori li smetki vladata za site fabriki sto propadnaa i narodot ostana na ulica?So niv sega upravuvaat novopecenite biznismeni. Ke doniraaat li aptekite lekarstva za narkomanite koi tamu bez lekar se lekuvaat?Toa nikoj ne go spomenuva crkovnite oci tamu se i vraci. Tie sto najmnogu ke doniraat mitropolit Timotej ke gi anatemisa-toa e negovata misija na ovoj svet
Од: predlog do Vladata
Датум: 02.10.2009 10:08:17
Ne mozev da poveruvam koga slusnav deka Vladata dala celi 10000 evra pomos za manastirot??? Imam eden predlog. Vladata pod itno da prestane so izgradba na smizli, bikovi lavovi muzei i drugi gluposti i parite da gi prenasoci za obnova na manastirot sv. Jovan Bigorski ! Vo sprotivno se ke bide samo obicno licemerstvo!
Од: nikola
Датум: 02.10.2009 10:28:49
a ti igor, kapata da si ja prodades!!!
Од: Tosho
Датум: 02.10.2009 10:50:35
Што се однесува до обновувањето на црквата – повторно нашиот народ како безимен ктитор ИСКРЕНО и со љубов ќе даде свои прилози. Но дали ќе дадат и свештениците од МПЦ свои лични прилози? Дали ќе се откажат од дел од своите неоданочени приходи и ќе даруваат за обнова на манастирот? Доволно е да ги продадат своите коли/ џипови од 60000 евра да купат коли од 15000 евра, а разликата да ја донираат за манастирот. Дали ќе го видиме ова?
Од: јас
Датум: 02.10.2009 10:51:02
Во ред е народот и фирмите што донираат.Но каде е тука МПЦ и главешините???
Од: jas
Датум: 02.10.2009 11:49:21
hahahahahahaha...... bravo igor....
Од: Валентина од Велес
Датум: 02.10.2009 12:51:18
Срам и арам на таа влада која донира 10.000 евра за знаменитост како што е манастирот Св. Јован Бигорски. Само од телефонски дознаки на граѓаните ќе се соберат повеќе пари.

Најди! во Утрински
На прво место
Со молитва го чуваат манастирот
Сликите од пожарот го шокираа ктиторот
Горни палат, гордоста на мијачката архитектура
Зошто никој не го гасне огнот кај Албанците
Дали може да се конфискува земјиште?