Македонските градежници со помалку работа во странство
Градежната оператива од Македонија во првото полугодие во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1,33 милијарди денари или над 21,6 милиони евра. Ова претставува намалување за речиси 33 отсто во споредба со истиот период лани, кога македонските градежници во странство извршиле градежни работи во вредност од близу две милијарди денари или околу 32 милиона евра.
Намалувањето се должи на намалениот обем на извршените градежни работи во Хрватска, Србија, Црна Гора, Русија и во Украина.
|