Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Растат економиите во регионот

Меѓународниот монетарен фонд, во период кога бруто-домашниот производ опаѓа во Западна Европа, има позитивни прогнози за регионот, пред се' за црногорската и за албанската економија.

„Црна Гора и Албанија ќе забележат најголем економски раст годинава на Балканот“, се наведува во прогнозата на ММФ.

Црна Гора, според прогнозите на ММФ, годинава ќе забележи раст на БДП од 7,2 проценти, а албанската економија ќе се зголеми за шест проценти.

Според ММФ, Бугарија и Босна и Херцеговина (БиХ) ќе имаат економски раст по 5,5 проценти до крајот на годината, Романија 5,4 проценти, Македонија 5, Хрватска 4,2 проценти, додека српската економија ќе расте по најмала стапка во регионот, само 4 проценти.

Економскиот пораст на целиот регион годинава ќе биде поголем од минатогодишниот. Приближувањето кон Европската унија и отворањето на пазарот на балканските држави ќе ја зголеми конкурентноста. (Кирилица)


Статијата е прочитана 498 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Откупната цена на млекото ќе се дефинира според квалитетот
Славески- Инфлацијата е под контрола
Продажбата на „логан“ го изненади и „Рено“
Бербата на грозјето ќе почне, цена се' уште нема
Македонските градежници со помалку работа во странство

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.