Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Славески: Инфлацијата е под контрола 

Сликата на високите стапки била заради споредбата со минатата година

Инфлацијата во државата е под контрола, тврди министерот за финансии, Трајко Славески, споредувајќи ја македонската со американската економија. Тој вели, во споредба со Американците, каде што цените во последниот месец пораснале за еден отсто, кај нас инфлацијата паднала за речиси еден процент. Истиот овој тренд се очекувал и во август , поради сезонското намалување на цените на храната, што наедно би требало да го амортизира шокот од покачувањето на цената на парното. Сликата на високите стапки била заради споредбата со минатата година, вели министерот Славески.

,,Инфлацијата во јуни падна за еден процент, што е поинтересно во САД порасна за еден процент. Последните четири месеци имаме ниски месечни стапки. Кумулативниот пораст, односно новиот пораст на цените во првите шест месеци од годинава изнесува 3,2 отсто, што во споредба со моменталното темпо на раст на цените, реално е да се очекува дека инфлацијата до крајот на годината ќе биде во рамки на проектираните 5,5 до 6 отсто“, изјави министерот Славески викендов во Битола.

Тој потенцира дека во моментов во државниот буџет има суфицит, односно има повеќе приходи од расходи.

Што се однесува до економскиот раст на државата и разликата во процените на ММФ и македонската Влада, првиот човек на државна каса очекува до крајот на годината растот на бруто-домашниот производ да ја надмине проектираната стапка со Фондот. Според процени на Владата, таа ќе биде над 6 отсто.

,,Ни треба само уште еден месец за да ги добиеме конечните показатели за растот на БДП во вториот квартал. Во првиот тој изнесуваше 5,1 проценти. Иако неофицијално, но според последните анализи на податоците до крајот на јуни БДП ќе биде со малку повисока стапка и очекуваме до крајот на годината да ја надмине проектираната стапка на ММФ и да биде над 6 проценти“, рече министерот за финансии.

Според Славески аранжманот со ММФ не е прекинат.

„Стенд-бај аранжманот заврши во јули, а Владата дополнително ќе одлучи дали ќе склучи нов. Појасно ќе биде во септември, по консултациите со монетарците“, најави Славески. (А.Б.)


Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 18.08.2008 06:38:03
Славевски, не тропај, ќе ти се смеат странциве пошто споредуваш инфлација во USA и кај нас, не лупај кога не знаеш што е и зошто се има инфлација во USA, ц ц ццц...значи како го лажат народов, и сега некој ќе си рече мајката, ние сме биле арни, пред америве сме во економијава... Славевски, од секое дрво не бива свирче..
Од: Горан
Датум: 18.08.2008 12:00:18
Каков дилетант.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Откупната цена на млекото ќе се дефинира според квалитетот
Продажбата на „логан“ го изненади и „Рено“
Растат економиите во регионот
Бербата на грозјето ќе почне, цена се' уште нема
Македонските градежници со помалку работа во странство

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.