Број 2872  петок, 26 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

ИНТЕРВЈУ

Не живеам во филм, туку во реалност

Љубе Бошкоски, потенцијален кандидат за претседател на државата

Гордана Дувњак



Г-дине Бошкоски, во последниве пет месеци ја поминавте цела Македонија, а редовно Ве гледаме и на сите јавни настани. Дали созреа Вашата одлука за враќање на политичката сцена?


Веќе е речиси минута до дванаесет кога треба јавно да се изјаснам околу моето дефинитивно враќање во македонската политика. Иако е сосема извесно дека наскоро повторно ќе се активирам на политичката сцена, допрва ќе одлучам дали тоа ќе биде како претседателски кандидат или во некоја друга форма. Сепак, станува се' поизвесно дека мојата идна политичка активност ќе биде - првото. Во секој случај, одлуката ќе ја донесам овие денови. Имав доволно време да го сондирам расположението на теренот и да го слушнам гласот на народот.



Кој очекувате да застане зад Вашата кандидатура?

ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија и јас и' припаѓам на таа идеолошка матрица. Како еден од основачите и идеолозите на партијата, кој има подолг стаж од колку што некои министри имаат години, сметам дека имам апсолутен кредибилитет да бидам кандидат на мојата партија.



Како го објаснувате тоа што три месеци до претседателските избори партиите се' уште не ги откриваат своите адути?

Македонските политичари, но и оние од Балканот, имаат интересен ментален склоп. Постојано говорат дека се за прифаќање на вредностите на западните демократии, но во практика имаме тотален парадокс. Замислете една сериозна држава, која е претендент за НАТО и за ЕУ, три месеци пред изборите нема истакнато ниту една кандидатура. Тоа е проблем со лидерите на овие наши простори, кои се неподготвени и нерешителни да одговорат на предизвиците што ги носи една ваква важна функција. Не може преку ноќ да се исфрли нов�� лице и да се каже дека тој ќе биде новиот претседател, само затоа што зад него застанала цела партиска машинерија, без разлика дали е од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ. Ќе имаме претседател, кој го избира народот, а народот воопшто и не го познава. Не е сеедно во овие тешки и турбулентни времиња кој ќе ја води Македонија.



Зошто решивте да и' дадете предност на политиката, иако над глава Ви виси судскиот процес во Хрватска и Ве очекува жалбената постапка во Хаг?

Случајот јасно заврши со ослободителна пресуда. Не е возможно ниту чудо за да има негативен пресврт. По средбата на македонскиот и хрватскиот обвинител, очекувам и случајот „Раштански Лозја“, конечно, да се затвори, бидејќи се докажа парадоксот дека во мојот случај и нема случај.



Зошто мислите дека предметот ќе се врати во Македонија?

Или ќе се врати или ќе се затвори во Хрватска. Според моите информации, судското рочиште во февруари ќе биде одложено за да се дефинира повлекувањето на обвинението. Во прашање е само кога тоа ќе се случи. Ова ви го кажувам според информациите што ги имам.



Како мислите да ја придобиете наклонетоста на Албанците, како и довербата од меѓународната заедница?

Разговарав со многу дипломатски претставници во Македонија. Не очекувам нивна директна поддршка, но ни некаква пречка од нивна страна. Свесен сум за својата популарност, со сиот респект спрема анкетите. За време на моите посети во градовите, можев да видам каков е односот на Албанците спрема мене. Убеден сум дека е стопен мразот, а недовербата постои само во некои радикални кругови. Не сакам на Албанците да им се наметнам со лажни ветувања и со пароли. Не сакам да гледам на Албанците како на некаква гласачка машинерија, која по налог на некој локален моќник треба да става гласачки ливчиња во кутиите за мене. Сакам Албанците да ме доживеат како вистински пријател, зашто тоа сум бил отсекогаш со нив. А, тоа што во минатото имаа искривена перцепција за мене, не е моја вина. Во меѓувреме, јасно се докажа дека сум бил жртва на драматизирана, исфорсирана медиумска кампања, полна со дезинформации, кои водеа кон лажен впечаток. Јас го бранев Уставот, поредокот и интегритетот. Ниту еден мој потег немаше меѓунационална омраза и не ги надминав ингеренциите. Дури ниту Хашкиот трибунал, кој цели шест години го опсервираше случајот „Љуботен“, не можеше да најде ниту збор на говор на омраза. Можеби звучи нескромно, но сметам дека е урната бариерата. Времето на блефери, артисти и циркусанти во политиката е минато за Македонија. Граѓаните, без оглед на нивната верска и национална определеност, треба да изберат човек во кој веруваат. Тоа нема да биде избор по директива. Тоа може да се случи на изборите за градоначалници, за советници или на евентуалните предвремени парламентарни избори.



Зар очекувате нови парламентарни избори само шест месеци по предвремените?

Она што реално го гледам на теренот ми дава за право да мислам дека ако не во 2009, тогаш во почетокот на 2010 година мора да има предвремени избори. За жал, ситуацијата во Македонија воопшто не е розова и не ни цветаат рози на економски, политички план, како ни во делот на надворешната политика. Зар треба да сме економски експерти за да ги согледаме реалните проблеми во Македонија?



Колку се согласувате со оценките на претседателот Бранко Црвенковски дека Македонија се наоѓа пред историски пораз, дека демократијата е загрозена и одиме кон авторитарно владеење?

Како човек кој никогаш не бил полтрон и има право да критикува, сметам дека за многу состојби придонесе и актуелниот претседател. Во Гинис нема да влеземе само со прилепските сарми, туку и со маратонската транзиција. Но, ако власта постојано се навраќа на пропустите на опозицијата и бара алиби за сопствената неподготвеност да ги решава проблемите, се поставува прашањето за што се освоени гласачите.



Што е она што Ве разочарува во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ?

Неможноста да се најде модус вивенди што ќе обезбеди Македонија да стане пристојно место за живеење. Живееме во виртуелен свет, во кој од кабинетите се обидуваат да не' убедат колку ни е убаво.



Како го објаснувате фактот што живееме се' полошо, а рејтингот на Владата и премиерот е се' повисок?

Не сакам да верувам дека сме влегле во мазохистичка фаза и уживаме да бидеме малтретирани и гладни. Сигурен сум дека премиерот искрено верува дека може да направи нешто подобро за Македонија и затоа се обидува да ��а држи во кондиција надежда на граѓаните.



Постои верување дека Груевски е човек кој не сака да ја дели власта со никого и оти затоа е толку претпазлив при одбирањето кандидати за претседател?

Не сум оптоварен со тоа што е грижа на Груевски, туку со она што е проблем на народот. Не заради популистички цели, туку поради реална процена. Не е популизам ако кажете дека имаме бројни проблеми и многу отворени прашања.



Некои аналитичари гледаат на Вас како на некаков тројански коњ на опозицијата кој треба да ги раситни вмровските гласови?

Не сакам да коментирам туѓи ставови, посебно не на новинарите. За мене не е важно во какви комбинаторики ме ставаат. Ми импонира тоа што на моите средби доаѓаат и членови на опозицијата и непартиски луѓе. Тоа ми дава сила да преземам некои смели чекори, иако сум свесен за опструкциите што ми се прават.



Кој Ви прави опструкции?

Секогаш тие доаѓаат од оние кои се на власт. Но, и Никола и Бранко, и Љубе ќе мора еднаш да сфатат дека ќе оставиме белег на едно време, само ако направиме нешто добро за земјата. Ако нашата логика оди во насока на тоа да направиме нешто само за себе, за својот висок рејтинг и за политичка кариера, а ги заборавиме граѓаните, ќе не' стаса казната. Не можеме денес да зборуваме дека не даваме да се промени името, да зборуваме за античка Македонија, Александар Македонски, за Хунзите, а да заборавиме на реалните проблеми. Овие теми треба да им ги оставиме на историчарите, а да се фокусираме на решавање на проблемот со името, што ќе ни овозможи влез во НАТО и во ЕУ, доаѓање странски инвестиции и итн. Како што мене ми припадна честа да бидам хашки затвореник, на оваа Влада и' припадна честа и одговорноста да го реши проблемот со името .



До кога ќе го чекате одговорот на Груевски за да Ви каже какви се неговите намери?

Моја должност е како член на ВМРО-ДПМНЕ јавно да му подадам рака на мојот премиер и претседател на мојата партија, но претходно и да го предупредам за сите промашувања што му се случуваат. Сакам да му понудам визија за излез од оваа криза, а негово е дали ќе прифати. Има прашања за кои најотворено морам да разговарам со премиерот, бидејки повторно станувам реалност на македонската политичка сцена и не можам да бидам игнориран. Очекувам да дојде до средба, во име на добра соработка и подобра иднина на Македонија. Премиерот е прв кој ме дочека во Македонија, нашите релации не се воопшто заладени и покрај медиумските шпекулации. Јасно е дека нема да формирам нова партија. Најважно е дека граѓаните масовно и отворено бараат мое лично политичко активирање, кое не можам и не смеам да го игнорирам.



Не се плашите дека можете повторно да влезете во филм како во минатото?

Не, цврсто газам на земјата. Претходниот пат, почесниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ми предложи да прифатам кандидатура, но ова што сега го правам не е затоа што јас го барам тоа. Има потенцијални кандидати кои бараат поддршка од неколку партии, само затоа што сметат дека биле многу талентирани во дипломатијата. Јас не живеам во филм, туку во реалност.


Статијата е прочитана 3584 пати.

Испрати коментар

Од: Objektiven
Датум: 26.12.2008 00:26:26
Dobro, sodrzajno i izdrzano intervju. Ocigledno Lj. Boskovski vece dejstvuva kako sozrean i izgraden politicar. Sepak, mislam deka negovata otvorenost vo iznesuvanjeto na problemite i iskrenosta vo pogled na negovata politicka idnina mozat da mu go oteznat patot kon realizacijata na zacrtanite celi.
Од: dejan
Датум: 26.12.2008 00:26:39
brate ajde vratetese vo politikata ve ceka cel makedonski narod gledate i sami kolkava doverba imate i vi vetuvam deka vo prviot krug ke pobedime zaednicki pozdrav od makedonsko i patriotsko kicevo
Од: goran makesoski
Датум: 26.12.2008 00:35:20
se nadevam deka vmro dpmne nema da ja napravi taja glupost i da ja poddrzi ovaa vasa avantura.gospodine boskiski vie za pretsedatel :)A JOKE!!!!!
Од: Pirin
Датум: 26.12.2008 00:43:16
Bosko ona sto ti dade za makedonija bese i pomina , taka e toa vo politikata ako ednas padnes i ne se vrakaj povtorno , najdi nesto drugo da rabotis, veruvam ako bides pretsedatel ne velam da ne si sposoben smo evropeeite nema a i albancite nema da te prifatat i ke im bide kako edna sansa da pravat neredi niz makeonija i za kodosenje, veuvam sprema politickata klima najdobar e izbor za pretsedatel toa e moe mislenje a ne navivanje ke je Kerim .
Од: od lj.g
Датум: 26.12.2008 00:46:04
premierceto e suetno i se ke napravi da go eliminira Ljube,pocnuvajki so namesteni rejtinzi,pa i da krajni t.e radikalni merki.Pa setete se deka na celo na partijata dojde so prevrat t.e kako vmrovski juda.Opasno malo covece.
Од: Boshko
Датум: 26.12.2008 01:02:33
Nemam nishto protiv Boshkovski no fakt e kako moze chovek koj ne zivee vo Makedonija i chovek koj ima DVE drzavjanstva da bide pretsedatel na edna Makedonija.Koga Toj moze da se kandidira za pretsedatel na Mak. Moze i da se kandidira i za Oret. I na Hrvatska. Edno drzavjanstvo i samo Makedonsko i samo taka bi bil Toj praviot chovek koj stvarno ke misli za dobroto na Makedonija.Do kolku Toj e izbran za pretsedatel,ako dojde do konflict Vo Makedonija i Toj so Tugo drzavjanstvo ke si zamine od Nea i ke ja ostavi sama na sebe da se spravuva .
Од: pablo
Датум: 26.12.2008 01:35:52
mozda nema pamet za pretsedatela ama faca ima :) jas licno bi glasal za brat Ljube...kolku poloso moze da bide od sega sto e
Од: Петар
Датум: 26.12.2008 01:41:45
Дојде Љубе и ќе ни ги реши сите наши проблеми од позиција на претседател! И после ова, во ист здив, вели дека е реален и цврсто гази на земјата. Господ да чува
Од: Бастион
Датум: 26.12.2008 01:44:11
Конечно Љубе Бошкоски почнува да се оградува од Вмро-Дпмне.Свака дека тоа не е партијата која што тој ја познаваше.Му изгледа некако многу видо-изменета,не ја најде таква каква што ја оставил пред да замине за Хаг.Тоа е така затоа што Љубе Бошкоски е реален,и објективен.Неговата чесност не му дозволува да каже дека во Македонија работите одат кон подобро.Затоа е` и ќе биде погрешно сватен од страна на Вмро-Дпмне,кои гледаат преку розови наочари.Но народот во Македонија е мудар,и веќе ги свака добрите намери на Љубе Бошкоски.
Од: FILIP-mkd
Датум: 26.12.2008 01:45:00
Bratot nas Makedonski Boskovski zasluzuva da bide podrzan od maticnata partija za predsedatelski kandidat,no ise nadevam deka Ljube e nasiot sleden predsedatel.Sepak se plasam od edna rabota da ne dojdeme vo situacija koga premier bese vojvodata Georgievski a za predsedatel se izglasa Boris Trajkovski ,i posle toa pocna eden raskol pomegu dvata najviatelni faktora vo drzavata.Da se nadevame do vakvi nepozelni raboti nema da dojdime,i da mu dadime podrska na bratot Ljube Boskovski kako sleden predsedatel na Makedonija.
Од: Tode
Датум: 26.12.2008 01:51:58
Boskovski se obiduva da igra poker so skrieni karti.Ako ima resenie,ako ima idei,sto ne gi kazuva vednas,tuku ako me izberete ke vi kazam.Neka nastapi otvoreno so svoja programa ako ja ima.Kako minister mnogu pati bese vo konfuzija,pred sopbranieto izbega pred narodot i branitelite a mercedesot mu go svrtea i iscukaa,nemase hrabrost da zastane kao maz pred toj narod vo koj se kolne.Ne treba toa da se zaboravi.
Од: Kicevo
Датум: 26.12.2008 01:57:55
Незнам дали има шанси г.дин Бошковски.Дејан не го лажи човекот Кичево цело е за крилото од Иле кое не го подржува Љубе,па дури и дома не го примил кога беше во Кичево.Превртливци се уште кога сите бегаат од Љубчо Војвода како од змија,а додека ги богатеше,сите се тогаш збогатени,затоа и народот го замрази Љубчо од Грофицата Снешка и „патриотите“.Исто и фирмите Војводата што ги продаваше кобајаги за „ 1 долар само да работеле работниците“,арно ама тие фирми ги купија “патриотите и предавниците“ништо од бизнисот на Македонците.......
Од: citatel
Датум: 26.12.2008 02:16:33
Polos kandidat za pretsedatel od 'brat Ljube' vo momentot ne postoi vo Makedonija
Од: anonimen
Датум: 26.12.2008 02:18:26
najdobar kandidat zaprestojnite presedatelski izbori----samo napred---->
Од: Македонец
Датум: 26.12.2008 02:51:47
Брат Љубе эа Македонија! Сдсм се предавници! Да живее Македонија!
Од: ukraina
Датум: 26.12.2008 03:05:16
Se obiduvam da te razberam ama tesko mi ide nekako.... posle se sto pomina vo 2001 i godinite minati vo Hag uste imas sila i energija za politika i dokazuvanje. Imas TOP kukja na more idi uzivaj si a u zima dojdi si na Vodno. Ne te negiram samo da ti ukazam deka zivotot e kratok i treba da se uziva. Respect Brate :))
Од: Gezim
Датум: 26.12.2008 03:40:19
jas bi go prasal lube>koj gi oblece pakistancite so uniformi na uck? koj gi ubi pakistancite? koj go orgnizirase nivnoto ubistvo? dokazi koj e vinoven , no sepak jas nikogas ne bi glasal za lube, lube e poznat samo za ekcesi i gluposti , makedonija ima potrba za pametni luge da ja vodat nea ko evropa a ne slatkari
Од: beti-detroit
Датум: 26.12.2008 03:48:25
citam i se cudam do kade moze covek da odi so svoite zelbi za dominacija.brat ljube,smiri se i pocekaj nekoi podobri vreminja,traumata narecena predsedatel crvenkovski ne se zaborava taka lesno.na makedonija i treba zrel i seriozen pretsedatel a ne izvikana licnost kako vas.gi vidovme vasite kvaliteti dodeka bevte so georgievski i premnogu ni se svezi sekavanjta na vas i vasiot lider.aj dajte prostor za nekoj drug koj seuste e cist i moze barem da se nadevame deka ke napravi nesto za makedonija
Од: blagojce
Датум: 26.12.2008 04:31:11
brat lube samo ti mozes da ne spasis kako toa sto go napravi vo 2001
Од: Десничар
Датум: 26.12.2008 05:28:45
Љубе Бошковски мислам дека згреши што не се приклучи кон ВМРО НП. Сметам дека многу му е јасно кој е Никола Груевски и од кога истиот стана вмровец, па затоа најдобро решение ке беше заедно со Љубчо Георгиевски да го воскреснат ВМРО!!!Очигледно дека ни треба една десничарска партија на политичката сцена во Македонија!!!
Од: bratski kazano
Датум: 26.12.2008 05:45:48
Ejdi bratu, ti ne si vo film, tuku vo crtan film.Dobra kombinacija ke bidete so Amdi Bajramovski,kako sovetnik za ekonomija,finansii,trgovija,lagi i trikovi. Samo znaj,Grujo ke te jade za ovie izjavi.Gotov si!
Од: Gastarbajter
Датум: 26.12.2008 06:58:48
Pred se, pretsedatelot bi trebalo da e barem prosecno inteligenten. Takov dosega ne e viden, a zaradi ovoj uslov , Ljube avtomatski otpagja.
Од: mk
Датум: 26.12.2008 07:38:59
Ke imas golema poddrska samo ako NE zastanat zad teba apasite od VMRO-NP.
Од: aleksandarmkd
Датум: 26.12.2008 07:44:25
Posto znaemo koj e Ljube , mu porucuemo od negovoto Tetovo kogaj ce ide u Celopek da ne proadza niz Tetovo, aj ne prodavaj pufke demek go sakal narodot , ne e od sto te saka tuku od sto te zali zatoa i doadza na tvojte sredbe so narodot, zatoa moja preporuka e da si teras biznis projde tvoeto politicko vreme
Од: Професор
Датум: 26.12.2008 08:06:06
Г-дине Бошковски. Немате престава колку народот ве сака!?
Од: Branko M
Датум: 26.12.2008 08:29:44
Bato, ako Nikola ne te pusti kako edinstven kandidat od VMRO so polna podrska, ne se kanidiraj. Za Makedonija treba da se misli, ke ima uste izbori. Na ova napatena zemja i treba takvi kako sto si ti da go splotuva narodot, a ne da prajme frakcii.
Од: dragance
Датум: 26.12.2008 08:48:09
ajde brat ljube cela makedonia e zad tebe te sakame site .... pozdrav od cel stip i cela bitola
Од: Pirinski
Датум: 26.12.2008 08:55:06
Vo prv krug pobeda.Vmro Dpmne mora da go predlozi i podrzi g-dinot Ljube Boskovski.Dokolku ne go podrzi ke napravi katastrofalna greska.Tandemot Gruevski -Boskovski e suguren uspeh na izborite .
Од: grk
Датум: 26.12.2008 09:06:51
abe uste ti da se kandidiras pa i matnata nema da ne isperi!!!!!!Zarem makedonceto e tolku glupavo da glasa za tebe(sarlatanu)posle se ........!
Од: Мирчевски Петар
Датум: 26.12.2008 09:36:27
Господине Бошковски, во времето кога бевте министер за внатрешни работи токму денешниот „портпарол“ на вашата партија, медиумите на Ѕинго, водеа анти-Љубе кампања поголема од таа на Албанците. И покрај тоа што сте свесен дека и денес ќе се соочите со сета таа анти-Љубе кампања спроведувана од луѓе кои се уште живеат како „Југословени“, а притоа се „најголеми вмровци“, вие имате храброст јавно да проговорите за проблемите во државата и да ја критикувате сопствената партија која денес личи на се, но не и на „ВМРО“. Тоа е навистина храброст и заслужувате уште поголема почит. Ви посакувам многу успех и остварување на вашите цели! Со двете раце ќе гласам за вас!
Од: coraddo
Датум: 26.12.2008 09:52:24
lekovitosta na Sheveningen,e ocigledna kaj Boskoski,od kacaci i teroristi,sega se borci za covekovi prava,"braka i prijateli"? da ne go spricale so nekoi specijalni EU injekcii? eh brate Ljube,sto covek bese-sto covek stana
Од: commanddevil
Датум: 26.12.2008 09:55:47
zarem covek koj ne e vinoven bega vo gepek?zarem maz kako tebe...onoj ,,gooolem junak,, i ,,patriot,, nemase madinja da ostane i da ja dokaze ,,svojata nevinost.,,?..zarem na takva kukavica i mizerija dvolicna da mu dademe glas..ne gospodine ,,izbeglico,, ne! ..moze da se udvaras na makedono-arnautite da te glasaat no nas...JOK BURDA
Од: wow
Датум: 26.12.2008 09:59:21
Ljube.Ti zivees vo realnost ama si prais bajram so umot.Za Makedonija edina zrela licnost kako sto kaza i Pirin e samo g-din Srdzan Kerim.Edinstveno prifatliv kandidat za koj jas a se nadevam i sekoj racionalen gragjanin na Makedonija bi go dal svojot glas.
Од: celopecanec
Датум: 26.12.2008 10:00:37
gospodine boskovski mnogu po pametno ke napravis ako se vratis vo hrvatska ipravis burek otkolku da stanes pretsedatel na makedonija.ja kritikuvas segasnava vlada na site tvoj dosegasni tribini sto gi odrza niz makedonija treba da mu kazes na narodot sto napravija ministerite za pravda koga i ti bese minister na taa vlada uspeavte da go kaznat tvojot bratuced so samo tri godini zatvor za delo sto go stori nasvojata soselanka.kade za takvo delo vo demokratski drzavi se kaznuva so zatvor od 15 godini pa do smrtna kazna
Од: ljupco,bitola
Датум: 26.12.2008 10:03:09
Brat Ljube e simbol na Makedonskiot nepokor.Za nego treba da se glasa so dve race,pa neka puknat dusmanite.Napred Brate,Makedonija e so tebe!!!
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 26.12.2008 10:12:19
Гледајки го какво беше однесувањето на СДСМ кон покојниот председател Тајковски и сега на ВМРО-ДПМНЕ кон сегашниот председател/кој и не е китка за мирисње/-на Македонија сега најмногу би и одговарало за председател да биде од Албанскиот корпус-зошто не би бил еден современ политичар од калибарот на Имер Селмани-со тоа ќе се задоволни и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ,а за автохтоните Албанци и да не зборуваме,а секако и Европа и Светот ќе ја разберат оваа правата и цивилизирана Македонија,која ниту имала ниту ќе има предрасуди.А за брат Љубе сеуште не е моментот за да биде председател-трагите што ги остави,сеуште не се завеани.
Од: kika
Датум: 26.12.2008 10:52:13
Krajno vreme e Ljube da se povlece od politickata scena. Prvo treba da raskrsti so osudite vo Hag, hrvatska, ke ni se smee cel svet, predlagame i birame pretsedatel koj lezese vo Hag i koj e se uste pod istraga
Од: Nikola
Датум: 26.12.2008 10:58:07
Podrska za Ljube Boskovski,sqamo napred jas ke glasam za tebe.
Од: FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 26.12.2008 11:17:41
Samo bojkotot na "pretsedatelskite izbori" e makedonska opcija bidejki tie kako sto pokazuva dosegasnata praktika, vsusnost se izbor na pudlica na zapadot bez razlika dali e od sds"m" ili go iskoristila DPMNE kako topovska hrana i otskocna daska kako sto jasno i otvoreno ja priznava namerata brat Ljube a diplomatski ja sokriva Kerim. Prosto kazano, toj sto e za Makedonija nema sto da izbira i nema potreba da izleguva na izbori. Na izbori ke izleze samo tolpata na sds"m" pomognata od zapadot, za kako stampedo da jurne vo rusenje na vlasta.
Од: trajan
Датум: 26.12.2008 11:47:32
Se nadevam da Makedonsiiot narod vreme da se razbudi i da si izbere Pretsedatel koj ke go pocituva narodnoto i covecko pravo na sekoj graganin vo Makedonija bez razlika na etnicka,religiozna, partiska i bilo kakva pripadnost.Zatoa gi povikuvam i vladata isite partii svesno da go toa storat da nebi se izgubilo pak dragoceno vreme za novite predizvici.
Од: varvarin
Датум: 26.12.2008 11:52:34
za da nema poloticki presmetki kako sega branko so premierot i da trpi narodot za seto toa najdobro ke ni e brat lube da se kanditiras od partijata VMRO DPMNE za da ne ni se poftori istoto,naprotiv da imate edinsto so premierot za blagorodni odgovori na predizvicite koj treba uspesno da gi pomineme,nie sme generacijata koja odlucuvame za makwedonija da se bide ili ne,vie ste na poteg..
Од: Srgan S.
Датум: 26.12.2008 12:00:25
Ljube,i da si najdobar vo svetot SDSM-ovcite nikogas,uste ednas nikogas nema da glasaat za tebe,a bidejki VMRO-ovcite gi razocara so svoite izjavi uste poveke nema da glasat.Za Albancite i da ne zboruvame.Zatoa nakrivisija kapata i ostani vo dobri misli zaonija luge sto te podrzuvaa i sakaa, a toa bea samo lugeto verni na VMRO.Ne dozvoluvaj drugite da te vozat i rabotat kako bavca.
Од: mitre holandija
Датум: 26.12.2008 12:34:38
nemam nisto protiv ljube boskoski da se vrati vo politikata ali sepak mislam deka e mnogu mnogu daleku od pretsedatel na makedonija. eden, edinstven i najpameten covek za makedonija vo ovaj moment e samo Srgan Kerim
Од: martin
Датум: 26.12.2008 12:41:35
Pred se da ne zaboravime deka Hrvatska bese edna od republikite na bivsa SFRJ ,a covekot sto ziveel tamu pa po raspadot na Jugoslavija si dobil Hrvatsko drzavjanstvo toa ne treba da e problem pored maticnoto Makedonsko.Problem treba da pravat site drzavjanstva koi gi zemaat nasite politicari i gradjani sega od BUGARIJA;ALBANIJA, i red drugi drzavi za niv treba da ima STOP vo parlamentot,vladata i site gr.drzavni sluzbi.Mozda brat Ljube ce bide dobar predsedatel ama toa ostanuva da se vidi otkako ce se dobie bitkata,no vo sekoj slucaj treba da se proba.
Од: anita-Kavadarci
Датум: 26.12.2008 12:44:55
Љубе си го помина своето и треба да го отстапи местото на просперитетните и млади луѓе како Ставрески. Зашто дури и со подршка на Груевски нема реални шанси да биде избран за претседател.Мислам дека никој нема да си дозволи таква авантура да го подржи Љубе, а најмалку премиерот. А од неговите излети се гледа дека тој бара подршка од било која партија само да биде кандидат, зашто бара подршка и од СДСМ, водејќи се само од тој факт и кога би се отврлиле сите други работи тој не треба да смета на подршка од ВМРО-ДПМНЕ.
Од: neutralen
Датум: 26.12.2008 14:15:10
zarem sakate toj bugaroman kako georgieski poftornoda se obide da ja deli makedonija.ne se sejkavate na fotogafijite na negovijot sin so karakacanov,ljube e so svajcanje deka makedoncite se bugari .greska na vlasta sto go izvadi od hag.a sega go podrzuvat tie sto go stavija vo zatvor.
Од: Stewie
Датум: 26.12.2008 14:26:31
Ljube za pretsedatel?! Najsmesno i katastrofalno nesto... Najprvicno kako moze ovoj covek da ne pretstavi po svetot koga vo 'rezumeto' mu stoi deka pukal po novinari!
Од: pejo itriot
Датум: 26.12.2008 14:31:43
abe odi praj slatki i ne si igraj so seriozni raboti,zas i za drugo, sarlatan ko tebe ne go biva! pozdrav od najpatriotskio Prilep
Од: Petre
Датум: 26.12.2008 16:18:42
Tolku posetiteli na sajtot i tolku komentari za eden bivs cirkuzant. Tesko tebe makedonski narode!
Од: kumanovec
Датум: 26.12.2008 18:43:51
partiski sum neopredelen mi e gajle koj ke bide kandidat za pretsedatel i koj ke bide predsedatel vo makedonija da si predsedatel e da si zrtveno jagne i site vie gore sto zboruvate za patriotizmot prilep, bitola,i site vie od toj juzen del na mk kaj bevte vie vo 2001 godina koga bese konfliktot ne smeevte da dojdete na gosti vo kumanovo i skopje a za tetovo da ne zboruvam i vie ke mi zboruvate za patriotizmot kako se brani i cuva tatkovinata mi e maka od takvite pametni patrioti kako vas patrioti samo na list hartija i vo poraki kako ovie ovde tuka site ke bideme jaki kaj ste na delo da ve vidime i mozebi kerim e eden od podobrite kandidati za predsedatel ama i boskovski ima da bide nakaj vrvot pri izborot ,
Од: od bobby
Датум: 26.12.2008 20:45:23
Po moe e ednas kriminalen uvek kriminalen za precedatel samo naj posten bez nikakvi fleki i duri i vo devet pokolenia da nemo osuduvani koj i zivotot bi go dal za makedonia a ne koga ke mu zgusti ke menva drzavjanstvo tie nese makedonci odi ljupco skrise negde i nese pojavuvaj.
Од: Brat Ljube POMNI i ne zaborava
Датум: 26.12.2008 23:23:52
Pozdrav na Brat Ljube. No vo krajna analiza za zal, zaradi nerascistenite raboti od minatoto nekoi faktori sakaat da go upotrebat Brat Ljube kako zrtveno jagne koristejki ja pogresnata percepcija na t.n. megjunaroden factor. Makedonija mora da ima izbor od Makedonci i od Dijasporata koi sto se vo platformata bliski so Brat Ljube I VMRO DPMNE. Ne zaboravajte go Prof.Nestor Oginar Pretsedatelot na POMNI , koj sto isto taka poteknuva od Volkovija, Tetovo. Na Brat Ljube ke mu pravat kakvi ne opstrukcii, zatoa imajte vo predvid deka siguren kandidat e i Prof.Nestor Oginar sto gi vplotuva site ideali na Brat Ljube i na nemu slicni, a koj sto nemoze da bide kontroliran od nikakvi nadvoresni "faktori". Vo sekoj slucaj dvajcata bi moralo da gi vidime na ista bina kako duet za Makedonija, zosto I obajcata se za Makedonija. Sto e alternativata za Makedonija? Drugi kandidi kako Kerim, Stavrevski ne mozat ni voda da im nosat nitu vo dosegasna istorija, karakter I licen integritet.
Од: jule
Датум: 26.12.2008 23:59:29
ovaa drevna drzava zasluzuva precedatel so vizija i lavovsko srce a toa go ima samo lube boskoski i konecno ke ne ogree sonceto so 16 kraci

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Падна првата отштета за судење во разумен рок
Наскоро авиолинија Скопје - Подгорица
Сто години синдикално движење
ДИК на готовс за предвремена кампања