Број 2872  петок, 26 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

ДИК на готовс за предвремена кампања

Државната изборна комисија итно ќе заседава доколку забележи предвремен почеток на кампања, најави претседателот Александар Новакоски на вчерашната седница на ДИК. Такви активности досега не биле забележани, а немало ни официјален предлог од политичка партија или институција.

„Во Комисијата не е примен предлог за предвремена кампања. Досега немаме такви сознанија, освен некои коментари дека е почната кампањата“, изјави претседателот на ДИК.

Тој нагласи дека се' уште не се знае точниот датум на одржувањето на локалните и претседателските избори планирани во март 2009. „Изборите не се распишани. Тоа е во надлежност на Собранието. Кога ќе се случи тоа, ДИК ќе донесе роковник“.

Експерти по изборно право ја повикаа ДИК да изработи правилник со упатства за изборни нерегуларности, за кои Изборниот законик не е прецизен.

На вчерашната седница Државната изборна комисија од своите редови конституира повеќе работни групи. Станува збор за групи за едукација на изборни органи и граѓани, за обрaсци за спроведување изборен процес, избирачки список, гласачко ливче, јавни набавки...

Во текот на наредната година се очекува ДИК да се пресели во нови простории во зградата на „Нова Македонија“ што и' ги додели Владата. „Со новиот деловен и магацински простор ќе има услови за непречена работа“, велат во ДИК. (К.Ч.)


Статијата е прочитана 174 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Не живеам во филм, туку во реалност
Падна првата отштета за судење во разумен рок
Наскоро авиолинија Скопје - Подгорица
Сто години синдикално движење