Број 2872  петок, 26 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Падна првата отштета за судење во разумен рок

Поради долготрајноста на постапката, штипјанецот Милан Митров треба да добие надомест од 62.000 денари

Гордана Дувњак

Падна првата пресуда на Врховниот суд поради повреда на правото за разумен рок. Поради долготрајноста на судската постапка, штипјанецот Милан Митров треба да добие паричен надомест од 62.000 денари, кои најдоцна во рок од три месеци од денот на правосилноста на пресудата треба да му бидат исплатени од Судскиот буџет. Тужителот има право на жалба во рок од 8 дена по приемот на пресудата, за која ќе одлучува второстепениот совет на Врховниот суд. Пресудата вчера беше потпишана и испратена до странките.

Иако, исплатениот износ од малку повеќе од 1.000 евра некому ќе му се чини како симболична сума, сепак, претставува "мала револуција" во судството, кое првпат на ваков начин ги обесштетува оние кои изгубиле многу години по судските коридори.Оваа новина е воведена со измените од Законот за судови, кога највисокиот суд доби нова надлежност, која досега беше во рацете на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Врховниот суд, разгледувајќи го барањето на подносителот, оценил дека неговото барање е основано, бидејќи во конкретниот кривичен случај постапката започнала на 31 август 2001 година, кога е поднесена кривичната тужба од страна на Миланов како приватен тужител, а завршила на 12 декември 2006 година, кога е донесена правосилна судска пресуда. Или поточно, кривичната постапка траела цели 5 години, 3 месеци и 12 дена и покрај тоа што не станувало збор за сложен предмет, туку за кривичните дела „телесна повреда“ и „навреда“.

Судот оценил дека во конкретниот случај должината на кривичната постапка била неразумна. Најголемо влијание за одолжувањето имало неоправдано долгото недоставување на жалбата до второстепениот суд, за што е оценето дека бил заслужен штипскиот Основен суд.

„Во решението јасно се вградени сите елементи и сето она на што внимава Европскиот суд за човекови права во своето вообичаено право, а ние, покрај тоа, го имавме предвид и Деловникот за работа на Судот во Стразбур", појаснува врховниот судија Александар Бошњаковски, кој е претседател на Кривичниот совет што одлучувал по овој предмет. Покрај судијата Бошњаковски, Советот го сочинувале и врховните судијки Невена Крцковска-Малинковска и Мила Камбовска.

„Ова прво решение не е само наш успех, туку и успех на македонското судство од едноставна причина што онака како што е поставен овој институт во Законот за судови, произлегува дека судството е завртено кон север. Со ова судството однатре ги уочува грешките или несоодветните однесувања и токму ова прво решение претставува уочување на таа неадекватност“, додава Бошњаковски.

Оваа прва пресуда по многу нешта е оригинална, бидејќи првпат внесува и големи новини во начинот на изготвување на самото решение. За разлика од поголемиот број вообичаени судски пресуди, кои обично се долги, нејасни и конфузни, новиот тип на пресуда е спротивното. Дури и на обичен лаик во правото му е лесно да разбере од образложението за што точно се работи, бидејќи пресудата е прегледно напишана, ослободена од непотребна фактографија и стерилен правнички јазик.

Од образложението веднаш може да се уочи на што се однесува, следува хронолошко редење на фактите и околностите, но без непотребни детали и описи. Во третиот дел од пресудата јасно се набележани причините поради кои Судот ценел дека е основано барањето, обрнувајќи внимание на однесувањето на судот кој претходно постапувал и сложеноста на предметот. На крајот, пресудата завршува со епилог, а во конкретниот случај со правичниот надомест, како и со задолжителна правна поука.


Статијата е прочитана 815 пати.

Испрати коментар

Од: Maja
Датум: 26.12.2008 00:33:44
Paricna osteta ne e dovolna treba da se vovedat i kazneni merki za sudiite koi gi odolgovlekuvaat sudskite procesi od samo niv poznati pricini, za nekoi sitni sudski procesi sto moze da se resat za nekolku meseci a ne nekolku godini. Za da moze narodot povtorno da si ja vrati doverbata vo instituciite na drzavata. Kazna za sudiite sto gi odolgovlekuvaat postapkite.
Од: Osteten
Датум: 26.12.2008 00:39:50
Celosno se soglasuvam so komentarot na Maja!
Од: зоран87
Датум: 26.12.2008 01:00:27
Конечно дојде и тој ден правдата не само да излегува на виделина, меѓутоа и наврема да излегува. Затоа што задоцнетата правда е поголема неправда. Честитки за врховниот суд за храбрата пресуда и се надевам дека наскоро ќе дојде време кога повторно ќе се врати довербата во судството. Сето ова е резултат на реформите во судството спроведени од министертвото за правда кои наскоро ќе доведат до тоа да имаме едно модерно судство по европски терк
Од: baba Bota
Датум: 26.12.2008 07:23:26
Во многу судски процеси судиите изигруваат адвокати на обвинетите, секој присутен може да ја забележи пристрасноста. Е ако се размисли за мотивите за таквото нивно однесување, тогаш се работи за тежок криминал, кој за жал многу тешко се докажува.
Од: Petar
Датум: 26.12.2008 07:51:30
Конечно нешто светло во судството. Но не ми е јасно зошто оштетата да се плаќа од буџетот односно да ја плаќаме сите ние кога е познат кривецот. Треба судијата или судиите кои го влечеле предметот, во целост да си ги сносат овие трошоци
Од: marina
Датум: 26.12.2008 08:36:07
...sudiite shto slavat desetgodishen jubilej vo rabotenjeto drzhavata kje gi chesti 1000 evra... mozhebi povod e i azhurnosta vo rabotenjeto! Shto kje reche Popovski vo vcherashna kolumna, "da stanam i da si odam odovde"
Од: Citatel
Датум: 26.12.2008 09:45:27
Za pozdrav ova ni trebase uste mnogu odamna, no ne se soglasuvam ovoj trosok da padne na tovar na budetot odnosno od gebot na graganite, tuku na teret na sudiite involvirani vo procesot, odnosno na soodvetnoto ministerstvo. Oti nisto od taa merka ako nekoj ne oseti direkno od dgeb.
Од: VTOROSTEPENI VLADINI KOMISII
Датум: 26.12.2008 10:55:56
ZA odgovor po zalba vtorostepeni komisii(konkretno po premer i katastar) od vladata odgovaraat posle najmajku 3 godini !!!!!!??????.A toa se zalbi po pogreski napraveni od drzavnata administracija!! A plateni se za toa . i toa debelo.Za pobrzo resavanje treba poseta do niv a pri toa nemoj slucajno da pomislite da im donesete kafe . Nikogas nema da se resi predmetot

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Не живеам во филм, туку во реалност
Наскоро авиолинија Скопје - Подгорица
Сто години синдикално движење
ДИК на готовс за предвремена кампања