Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Алфа ќе го додаде Пинк, новите газди скенираат

„Сега немам намера да заминам во друг медиум. Напротив, останувам да видам како ќе се одвива новиот концепт на телевизијата“, вели уредникот Кабранов

Светлана Унковска


Екипа на српската ТВ Пинк деновиве е постојано присутна во ТВ Алфа за целосно да ги скенира состојбите и вкупните капацитети на телевизијата. Откако сопствениците на двете телевизии, Жељко Митровиќ и Штерјо Наков, минатата недела постигнаа договор ТВ Пинк целосно да ја откупи ТВ Алфа, тимови на познатата српска телевизија забрзано работат не само на снимање на целокупните состојби во телевизијата туку и на подготовки за промена на програмската шема.

Иако договорот меѓу Митровиќ и Наков се' уште официјално не бил потпишан, извесно е дека програмата на скопската телевизија ќе се емитува до четврток, а од петок започнува емитувањето на новата програмска шема.

Неизвесно е кои од емисиите што досега се емитуваа на програма на Алфа ќе останат, но едно е сигурно, ќе ечи турбофолк со ѕвездите на „Гранд“.

Законот за радиодифузија не дозволува да се емитуваат емисии од странска продукција без да биде обезбеден превод, па затоа, пред да бидат пуштани на програма, претходно ќе мора да бидат титлувани.

Новото име на телевизијата ќе се избира меѓу „Алфа Пинк“ и „Алфа Македонија“, но се вели дека првата опција е многу поверојатна.

Новите сопственици засега тврделе дека не планираат отпуштања не само на новинарите туку и на сите што работат, бидејќи според она што досега го скенирале, нивните процени се дека телевизијата имала мал број вработени.

Со информациите дека ТВ Алфа е продадена, во јавноста протекоа шпекулации и дека ќе има големи промени во раководството. Во медиумските кулоари се зборува дека местото на програмскиот директор на телевизијата, Љубомир Николовски, ќе го преземел контроверзниот Боки 13. Но, тој од неделата влезе во реалното шоу „Фарма“ на ТВ Пинк каде беше пречекан со големо воодушевување. Неговото останување таму, како што е познато, зависи од гласовите што ќе ги добива, но иако бил во блиски релации со сопругата на сопственикот на Пинк, сепак, никој не сака да поверува дека тој би имал капацитет да застане на кормилото на телевизијата.

И за уредникот на Информативната програма, Ацо Кабранов, веднаш почнаа да кружат информации дека планира да си замине и дека веќе е во преговори со Велија Рамковски за негово повторно враќање, но овој пат во телевизијата А2. Тој вчера ги демантираше овие информации, иако, сепак, остава простор дека и таа опција останува отворена.

„Засега немам намера да заминам во друг медиум. Напротив, за мене ќе биде предизвик да останам и да видам како ќе се одвива новиот концепт на телевизијата. Но, не се знае како ќе се развиваат натаму работите. Ако не се најдам во овој нов концепт, секогаш останува можноста да заминам во друг медиум“, ни изјави Ацо Кабранов, главен и одговорен уредник на ТВ Алфа. Тој не сакаше да ги коментира шпекулациите дека на негово место се планира да дојде заменикот главен и одговорен уредник на „Вечер“, Ивона Талевска.

Новата програмска шема ги укинува последните вести во 22 часот, бидејќи терминот бил потребен за некоја од новите емисии. Со тоа телевизијата останува само со вестите во 17,30 часот, што се смета дека е неприфатливо толку рано информативно да се заокружи денот. Поради тоа, многу е веројатно уредниците да преговараат да добијат нов термин за последните вести.

Пинк инаку е позната комерцијална телевизија не само во Србија туку и во регионот, а сопственикот Митровиќ почна да се шири на бившите ЈУ-простори во почетокот на годинава кога откупи телевизија во Словенија.

„Утрински весник“ вчера се обиде, но не успеа да обезбеди коментар и од бизнисменот Штерјо Наков за тоа кои биле мотивите за продажба на телевизијата. Од тие причини непотврдени останаа шпекулациите што се шират во јавноста, а кои говорат дека сумата што тој ќе ја добиел за телевизијата ќе била доволна не само за да се покрие првичната инвестиција, како и загубите што ги продуцирала ТВ Алфа во изминативе години туку и дека ќе му останеле средства во вид на чиста заработка.


#
Статијата е прочитана 2838 пати.

Испрати коментар

Од: roker
Датум: 09.11.2010 12:27:32
e super, taman pomisliv deka konecno edna TV kuca ima kulturna programa , za pismeni lugje sega i toa se raspadna. Od ubavo poubavo, stvarno faleshe turbo folk , malku ima turbo po drugive TV , bas ni treba non stop turbo folk
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 09.11.2010 12:30:55
Штета, умре последниот урбан медиум во државава....
Од: Da se kupat A1 i Sitel
Датум: 09.11.2010 12:55:05
Kamo sreca nekoj da gi kupi i Sitel i !1, pa da gledame asal programa./ najverojatno NOVA TV od Zagreb ce ja kupi A!. E togas novinarite na A1 ce vidat kako se pravat debatni politicki i zabavni emisii.
Од: gledac
Датум: 09.11.2010 13:42:11
Штета! Некои работи од оваа ТВ ми оставија убав впечаток, особено културните. Останува уште само Телма!?
Од: забеган.
Датум: 09.11.2010 13:43:13
Штета ако се измени програмата на ова телевизија.Мислам беше една од подобрите во Македонија.Но штое тука е ќе видиме.
Од: steta
Датум: 09.11.2010 14:09:08
Navistina golema steta. Edna od najdobrite, najobjektivnite,mozebi i najgledanite televizii ( zaedno so A1), zgasnuva. Sega Alfa kje bide ispolneta so glupavi emisii, slicni na Pink. Povekje nikoj nema da ja gleda, uste povekje ako Ivona ili Boki 13 stanat "glavni faci".
Од: наивен
Датум: 09.11.2010 15:19:52
Зар и ти, брате Штерјо...
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 09.11.2010 15:29:05
Steta,edna TV na nivo ke ja frlat vo sund!! Arno ama sami si go baraa !! Vesti crni pocrni samo na A! ,i nemoze da se stekne publika normalno !! Za sreka ovde se pokaza deka samo crna vest e vistinska vest kaj nas ne pominuva !! Pamet za pstanatite TV kuki !!
Од: s.m
Датум: 09.11.2010 16:03:16
steta.......
Од: realen
Датум: 09.11.2010 16:32:08
Ova e katastrofa, a A1 si e A1, a Sitel e najgledana TV koja siri animozitet megju makedoncite i taka, leka poleka, MKD ke stane eden crn bumbar na radost na site VMRO OVCI. Stom e Gruevski i od Vladata, prevedi od kal sa e , dobro e. Wake up call, pod itno, bidejki ojde drzavata.
Од: Stojance 2
Датум: 09.11.2010 17:59:20
Navistina zalno e sto edinstvenata urbana TV se gubi vo eterot.... imaa najsodrzajna programa, najubavi serii i najpismeni preveduvaci... nesto sto e spansko selo za ostanatite TV-kukji.Ke mi ostanat vo sekjavanje maestralnite makedonski prevodi na Kafuleto na zdravje i odlicnite politicko-debatni emisii. Steta...
Од: DJOLE
Датум: 09.11.2010 20:10:04
ajdeeeee ke puka zemjodelska srpska muzika offf leleeeeeee tesko nas
Од: film
Датум: 09.11.2010 20:25:55
E paneka vi e nazdravje bricenje na pogolemiot broj tv gledaci vo makedonija. Od loso vo poloso. Izbor: a1, sitel, pink, mtv.... po po po po.... Luge kupuvajte si satelitski anteni. Vreme e. Ke se zatupite skros
Од: ЗАРАДИ МАНИТЕ СЕ КУПУВА
Датум: 09.11.2010 20:46:55
Jaс лично не гледам и не слушам српска музика и тв. Со години се расправам по автобуси да не пуштаат по ресторани такви не влегувам од продавници со српска музика не купувам. Ама ме победивте манчиња. Многу сте. А бе мачја кашлица е бугарофилството спрема србоманството. Е заради вас ја купуваат. ако нема овци што ке стрижат.
Од: sebastian
Датум: 09.11.2010 23:46:24
не разбирам како ивона талевска би можела да биде уредник на една забавно ориентирана телевизија како „пинк“??? па таа води емисија од областа на економијата и финансиите ... како сега наеднаш ќе се „прешалта“ кон светот на забавата..????
Од: ilija
Датум: 10.11.2010 09:18:23
Shokiran sum...shteta.
Од: ремоте цонтрол
Датум: 10.11.2010 09:27:42
Среќа што има делечински управувач. Инаку пинк не е ништо покич од она со кое сега не малтретираат А1 и Сител, тежок шунд. Погледнете ја програмската шема на А1. Така да кометарите: " еве влезе кичот кај нас " не држат. Децата во дискотеки и на журки ви слушаат и се опиваат на турбофолк,и сега "пинк не чинел". ДЕМАГОГИЈА !!!

Најди! во Утрински
Политика
Анкетна и за „кодошката работа“?
Правда е глува за пристапот до информации
Ќе нема ВИП-столче за Груевски?
Да оживеат спомените за генерал Апостолски
Земјиште за хотел - две евра квадрат
Се' уште се испитува јулскиот инцидент






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status