Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Земјиште за хотел - две евра квадрат

Штипската фирма „Оаза“ ДОО купи државно земјиште од близу 3.000 квадрати за малку повеќе од 5.600 евра. Покрај „Оаза“, вчера лицитираа фирмата „Дасто“ од Скопје и лицето Зоранчо Петров од Штип. Се наддаваше со минимален чекор од 10 денари за квадрат и притоа почетната цена од 61 денар квадратен метар штипската фирма ја зголеми на 120 денари, со што како најповолен понудувач стана сопственик на градежното земјиште. За целата парцела ќе треба да плати вкупно 345.240 денари.

Компанијата „Оаза“ е во сопственост на Славе Ивановски и на Љупчо Манџуков, познати штипски хотелиери, кои со овој бизнис се занимаваат подолг период. Во Штип се познати како газди на главниот хотел во градот, некогашниот „Астибо“, а денес хотел „Оаза“, како и по тоа што имаат повеќе угостителски објекти. Во последно време бизнисот го прошируваат и на полето на оранжериското производство.

„Оаза“ е должна да ги уплати средствата во рок од 15 дена од приемот на писменото известување што го издава Комисијата по завршување на јавното наддавање. Доколку не го стори тоа во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено и нема да се склучи купопродажниот договор, а депонираните средства нема да бидат вратени. (Б.A.)


#
Статијата е прочитана 1064 пати.

Испрати коментар

Од: Обсервантес
Датум: 09.11.2010 12:28:18
А каде се наоѓа тоа земјиште? Не успеав да најдам таква информација во текстот. И уште нешто, зарем не е пологично оваа информација да се наоѓа во рубриката „Економија“?
Од: trebaat pari
Датум: 09.11.2010 14:12:06
Ajde uste toa sto ostana drzavno, da se dade na bliskite do familijata. Trebaat pari za spomenici.A kupecot, bidejki kje nema pari, kje se "zdruzi" so nekoja stranska firma i kje "lapne" baznosloven iznos za zemjisteto. Ostvaruvameeeeeeeeeeeeee!!!!

Најди! во Утрински
Политика
Алфа ќе го додаде Пинк, новите газди скенираат
Анкетна и за „кодошката работа“?
Правда е глува за пристапот до информации
Ќе нема ВИП-столче за Груевски?
Да оживеат спомените за генерал Апостолски
Се' уште се испитува јулскиот инцидент






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis