Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Ќе нема ВИП-столче за Груевски?

По уништувањето на дел од трибините, управата преку ноќ ги замени обичните столчиња, зашто такви има на лагер, што не е случај со ВИП-от

Деспина Трајковска


Премиерот Никола Груевски за прв пат нема да се чувствува како „многу важна личност“, оти за него ќе нема соодветно столче за седење на отворањето на 40. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ в четврток, на 11 ноември.

Неофицијално, управата на спортската сала „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржува турнирот, не е во можност да обезбеди нови ВИП-столчиња, кои заедно со уште триста „обични“ седишта беа демолирани во минатонеделното дивеење на дел од публиката за време на скопското кошаркарско дерби.

Така, премиерот ќе треба да седи или на некое од столчињата наменети за обичните смртници или, пак, можеби воопшто нема да го отвори „Златен гонг“, настан што се наоѓа на неговата неделна агенда. Извори за „Утрински“ велат дека на извесната скопска фирма, која, практично, е посредник за опремување на дел од салата, уште во петокот и' било укажано дека итно мора да обезбеди нови ВИП-столчиња, бидејќи премиерот треба да го отвори „Златен гонг“, а непримерно и несоодветно било тој да седи на обично столче меѓу публиката. Сепак, од оправдани причини, тоа нема да биде изводливо.

Како што напоменува нашиот извор, минимални се шансите столчињата да се испорачаат и да се монтираат до четврток. Првенствено, затоа што допрва треба да се изработуваат оти за нашата спортска арена тие, всушност, се вонсериско производство поради бојата. Изработени се од еден вид екокожа во црвено-жолта комбинација. Во случајов, како што посочува нашиот извор, залудни се инсистирањата за обнова на ВИП-ложата, која дури не може ниту приближно да се приспособи за да може премиерот, сепак, да седне на предвиденото место. Рамките биле специјално изработени и наменети исклучиво за таков вид столчиња. Според најавите, ВИП-столчињата, кои се изработуваат во Шпанија, евентуално би можеле да се испорачаат некаде кон крајов на ноември.

Директорот на салата, Ратко Капушевски, вчера не беше достапен за да ги потврди нашите сознанија и да каже како евентуално ќе обезбеди место за седење на премиерот, соодветно на тоа што налага протоколот.

Инаку, по уништувањето на дел од трибините, управата на „Борис Трајковски“ речиси преку ноќ ги замени обичните столчиња, зашто такви има на лагер, што не е случај со ВИП-от.

Само од демолирањето на „специјалните“ столчиња, направена е штета од над 10.000 евра, додека според првичните процени на надлежните, вкупната штета од дивеењето на публиката изнесува околу 50.000 евра.


#
Статијата е прочитана 7355 пати.

Испрати коментар

Од: upatana
Датум: 09.11.2010 12:11:26
kako taka da nema stolce za bivsot a sega najpoznat makedonski boxer Gvujo vi se molam ili e nekoja greska ili G-dinot nest pocnal da andari...
Од: Zmej
Датум: 09.11.2010 12:12:30
Dobro, mene mi lici kako tuka da mesame dve raboti: sedenje na VIP stolce i sedenje megju obicna publika. Ne li postoi moznosta da se sedi na obicno stolce vo VIP delot?
Од: Сакам вистински вести
Датум: 09.11.2010 12:24:38
Па и не е некоја вест оваа за која пишувате. Еве еден предлог, пишувајте на пример за старите луѓе по македонските села кои немаат никаков пристап до обичен лекар и се препуштени сами на себе. А за тоа каде Груевски ќе седел, кај јадел Бранко Црвенковски, кој кого озборува .... верувам дека никому не му ни важно во Македонија.
Од: navivac
Датум: 09.11.2010 12:25:48
Vo taa sala ne treba da se dozvoli prisustvo na divjaci, osobeno onie od aerodrom
Од: b
Датум: 09.11.2010 12:50:30
Како така, неможат да најдат столче за премиерот, како ке седи човекот на обично столче. И никој неможе да ми каже дека и овде СДСМ и лицето БЦ не умешале прсти. А и оние соросоидите. Ако одговорните за оваа работа не го решат случајоот до отварањето на Златен Гонг, тие се против премиерот и против државата. Тие се предавници!
Од: забеган.
Датум: 09.11.2010 13:08:17
Абре не штедете толку земете од ЛОПАТИТЕ три-четири дршки и направетему СТОЛЧЕ.Лопатите пак ќе останат за во музејот на В млото
Од: Луда Мара
Датум: 09.11.2010 13:11:50
Ич да си немаат гајле!Тој ќе си ја донесе фотелјата од канцеларијата во Владата!И онака му е залепена з...
Од: realen
Датум: 09.11.2010 13:28:28
Nema mesto za nego vo VIP lozata, bidejki toj, pametniot, i togas ke pametuva kako e poarno da se uci od svoi greski po povod izvestajot. Taka, vo osama, so nemu blisku-dalecnite ke se obide da dojde do formulata kako se stanuva drzavnik - se nadevam deka e toa obicno stolce, za da moze poveke da se koncentrira, a ne protrca frustrirano na ring. Ima mnogu koi bi go nokautirale.
Од: трајко
Датум: 09.11.2010 13:33:28
А да не седи никаде туку да се испроба на рингот.
Од: Милан
Датум: 09.11.2010 13:36:06
Деспино кој ви ги излажал уредниците и вас да трошите хартија за вакви тривијални работи да пишувате.Ова вест треба да биде???,новост??
Од: Никола
Датум: 09.11.2010 13:37:10
despina, pa pobogu, ako treba a napises nesto za plata napisi... sto e ova leba ti???
Од: Nato-Jato
Датум: 09.11.2010 13:45:07
Dajte mu lopata i sam kje si napravi stolce:)))
Од: cane
Датум: 09.11.2010 13:55:23
Navistina ne e jasno sto se slucuva so ovoj ozbilen vesnik. Pa vcera na poseta bese ministerot za naevoresni raboti na edna Polska, a seriozen vesnik na naslovna se zanimava so toa kade ke sedel Gujo.
Од: pernice
Датум: 09.11.2010 14:01:42
Edno pernice so slama Pasko Kuzman ke napravi za VIP lozata.Nema da kosta mnogu.Nekolku stotina EU. Ke bide isto kako vo nakolnata naselba ili kako sto ke bide vo novoto selo. Zar mnogu pari se za seloto 3-milioni EU? A perniceto?
Од: Trpe
Датум: 09.11.2010 14:57:40
smesno... ako treba ke go nosat na race, vo lezalka za maharadja, za 1 den stolar i tapetar ke napraat.. no ne se raboti za 1 stolce, treba 2-3 duzini,.. diplomati, eu.ambasadorot, pratenici...
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 09.11.2010 15:21:30
Eh sto me raduva, na komsijata mu crknala kravata !! Za mojata gajle nemam od drug ke ja zemam!!
Од: Трпе
Датум: 09.11.2010 15:38:42
Како што има висок рејтинг,местото на пастирот е да си ги проба силите во рингот.Можеби ке се докаже,секојдневно тренира со лопатарење.Не верувам дека е слаб во рацете.
Од: Marko
Датум: 09.11.2010 15:39:04
Нешто почна Утрински Весник да станува како жолт печат ? Какви теми ставате на насловна да се чудиш. Вашите читатели не сакаат да читаат Вест или Шпиц. Јас токму поради сериозниото и одговорно пристапување кон темите избрав со години да го читам Утрински. Ама нешто почнав да се мислам дали и понатаму да го правам тоа. Дали газдите ви рекле да смените пристап или новата главна уредничка така избира, не знам, ама не ми се допаѓа воопшто.
Од: karokan "gambit"
Датум: 09.11.2010 16:28:39
G-dine b,vo tekstot gi spomna "sorosoidite",aj ti se molam vo nekoja druga prilika objasni mi sto se podrazbira pod toj poim,tolku cesto upotrebuvan vo negativna konotacija.Mene navistina ne mi e jasno. Kolku sto mi sece "brdnicata" (umot) toa se lugje koi Soros gi placa za da bidat protiv interesite na svojata zemja,a vo korist na Grcija????????????. Eden pratenik od partijata na ultranacionalistot Karadzaferis istoto im go rece na clenovite na partijata na makedoncite vo Grcija-Vinozito ,odnosno deka Soros gi placa da bidat protiv interesite na Grcija.Znaci nasite gi placa da bidat za Grcija,a makedoncite od Grcija gi placa da bidat protiv Grcija.Ovoj kuklen teatar li si igra?????????
Од: kitka
Датум: 09.11.2010 19:54:35
Не му ја мислете вие за него ке има и посебно столче и меко и топло, зашто го заслужува да биде на мандат уште долги години и да е жив и здрав
Од: девичанецот
Датум: 09.11.2010 23:31:02
Многу некако сте се засекирале за столчето на Груевски. Како да е тоа најбитно. Па гледате како е човекот скромен, во вистинска смисла на зборот. Дури и Вилата на Водно, за која има право, не ја кроисти. Важно Б.Ц. си има пензионерско столче. И седејќи на него успева да ве влече за нос сите Вас, кои сеуште верувате во еквилибристи.
Од: Manta
Датум: 10.11.2010 00:50:40
Novinarkava zasluzuva svoja emisija vo Alfa Pink. Pa da ne se maci da pisi, tuku onaka po naski da istresi so glupost ke i dojdi…

Најди! во Утрински
Политика
Алфа ќе го додаде Пинк, новите газди скенираат
Анкетна и за „кодошката работа“?
Правда е глува за пристапот до информации
Да оживеат спомените за генерал Апостолски
Земјиште за хотел - две евра квадрат
Се' уште се испитува јулскиот инцидент






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis