Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Се' уште се испитува јулскиот инцидент

Анкетната комисија за јулскиот инцидент веќе го проби рокот - 23 октомври (60 дена од формирањето на 23 јули ), во кој требаше да достави извештај до Собранието. Претседателот на Комисијата, Харјула Мисини, е оптимист дека работата ќе финишира до петок. Тој вчера најави дека ќе ја редуцира листата на лицата што треба да бидат анкетирани. Сепак, прилично дискутабилно е колку се реални неговите очекувања со оглед на тоа што се' уште не сведочеле: директните учесници во инцидентот, двајцата потпретседатели на Собранието, Јани Макрадули и Светлана Јакимовска, како и спикерот Трајко Вељаноски.

Инаку, вчера пред членовите на Анкетната комисија даваше исказ потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, кој делумно претседаваше за време на пленарната седница на 1 јули кога се случи инцидентот. Алити рече дека забележал нервоза меѓу пратениците, особено кај координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека имало злоупотреби на процедуралните обраќања. Но, според него, „во Собранието немало ништо друго невообичаено“.

„Тој ден низ Собранието се движев како и секогаш и не забележав дека се шетаат вооружени неуниформирани лица“, рече Алити. Притоа додаде дека ниту од собранискиот спикер ниту од генералниот секретар не бил известен дека „во парламентот има лица без беџови и дека е побарано дополнително обезбедување“. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 417 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Алфа ќе го додаде Пинк, новите газди скенираат
Анкетна и за „кодошката работа“?
Правда е глува за пристапот до информации
Ќе нема ВИП-столче за Груевски?
Да оживеат спомените за генерал Апостолски
Земјиште за хотел - две евра квадрат






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis