Број 3310  петок, 18 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Почна комисиското тресење на ребалансот

Владата да го преработи ребалансот на буџетот, бидејќи вака скроен ��ема да одговори на економската криза, порачаа опозициските пратеници на вчерашната Комисија за економски прашања, каде почна расправата за предложеното прекројување на државната каса. Според предложените измени, вкупните расходи во Министерството за економија се скратени за 25 проценти.

„Капиталните проекти се намалени за 239 милиони денари или за 40 проценти“, објасни Методи Хаџи Васков, заменик-министер за економија.

Според опозицијата, во услови на криза нелогично е што се крати од проекти клучни за развој. „Катастрофа, се убива и тоа малку што може да внесе дух во економијата“, смета Ристо Пенов од ЛДП.

„Се удираа темели на економските зони, а сега од нив се кратат 150 милиони денари“, истакна Марјанчо Николов од СДСМ. Со ребалансот вкупниот буџет се намалува за 76 милиони евра. Собраниската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет почнува в понеделник. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 248 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Сукцесијата на поранешна СФРЈ ќе чека подобри денови
„Скопско“ добитник на трофејот „Монд селекшн“
Македонија ќе се приклучи кон „Јужен поток“
Автомобилските гиганти посакувани инвеститори
Безжично сурфање низ поплавено Огњанци
Доаѓаат, ја пробуваат спалната и си одат
Грците во Битола само по бензин, друго не купуваат
Стечајците ќе се крстат само во опозицијата
Шведска најздрава, а Грција „тешко болна“
Ребалансот ќе ја зафати инфраструктурата