„Скопско“ добитник на трофејот „Монд селекшн“

Производот „скопско“ на Пиварница „Скопје“ е годинешен добитник на трофејот за највисок квалитет и четири златни медали на Институтот за селекција на квалитет „Монд селекшн“, една од најрепрезентативните организации за проверка на квалитетот на пијалаците и прехранбените производи во светот. Во конкуренција од околу 2.000 производи, од 83 земји на светско ниво, на 49. светска селекција во Брисел, „скопско“ во стаклена амбалажа од 0,5 литри и 0,33 литри го понесе трофејот за највисок квалитет. „Прославуваме голем успех, бидејќи вкусот на Македонија доби уште едно големо признание. Покрај многубројните успеси, минатата година Пиварница „Скопје“ доби признание од „Кока-кола“ за висок квалитет“, изјави вчера генералниот директор на компанијата, Константинос Спанудис. Првиот медал од „Монд селекшн“ на „скопско“ му е доделен во 1978 година. (МИА) |