Број 3310  петок, 18 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Шведска најздрава, а Грција „тешко болна“

Кога е во прашање „стопанското здравје“, Шведска е во врвна конд��ција, додека Грција е „тешко болна“, покажува вчера објавениот индекс на европската економска одржливост.

Според Европскиот политички центар, кој ја направи листата, Шведска го зазема првото место со 0,55 индексни поени, па следуваат Данска, Естонија и Финска со резултати меѓу 0,45 и 0,42 индексни поени. Во „висока стопанска форма“ се и Холандија, Германија, Луксембург и Австрија, со резултат од 0,28 до 0,20 индексни поени.

Во „златната средина“ се наоѓаат седум земји: Велика Британија, Чешка, Словачка, Полска, Белгија, Бугарија и Франција, чиј резултат се движи од 0,7 до минус 0,03 индексни поени, се наведува во извештајот на ЕПЦ. Во опасност се наоѓаат стопанствата на Ирска, Словенија, Кипар, Литванија, Малта, Унгарија, Романија, Летонија и Шпанија, кои се движат меѓу минус 0,08 и минус 0,23 индексни поени, додека неодржлива здравствена состојба имаат стопанствата на Португалија со минус 0,29, Италија со минус 0,38 и Грција, чиј резултат изнесува дури минус 0,93 индексни поени. ЕПЦ секоја земја ја оценува во шест области.

Скалата се составува врз основа на анализата на буџетскиот дефицит, националниот долг, економскиот пораст, конкурентноста, државната управа и корупцијата и трошоците за нега на повозрасните граѓани. Грција не само што се наоѓа на дното туку е и многу блиску до тоа да биде најлоша земја во сите шест области на индексот, се додава во извештајот на ЕПЦ. (МИА)


#
Статијата е прочитана 584 пати.

Испрати коментар

Од: stojna
Датум: 18.06.2010 00:59:55
grcija e amerika vo sporedba so nas nie sme za zalenje a ne grcija
Од: k2
Датум: 18.06.2010 04:32:53
Stojna pa zasto be zlato ne odis vo Grcija .... odi tamu i zivaj si go zivotot....
Од: pitagora
Датум: 18.06.2010 12:09:53
drzavava ni e polna samo so kodoshi. MVR shpiunita se zivo i divo. I kjoro i sakato, a taka napredilak nema :)

Најди! во Утрински
Економија
Сукцесијата на поранешна СФРЈ ќе чека подобри денови
„Скопско“ добитник на трофејот „Монд селекшн“
Македонија ќе се приклучи кон „Јужен поток“
Автомобилските гиганти посакувани инвеститори
Безжично сурфање низ поплавено Огњанци
Доаѓаат, ја пробуваат спалната и си одат
Грците во Битола само по бензин, друго не купуваат
Стечајците ќе се крстат само во опозицијата
Почна комисиското тресење на ребалансот
Ребалансот ќе ја зафати инфраструктурата