Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Сиромашни, а на хероин

Се' повеќе се зголемува бројот на Роми што употребуваат дрога. Најчесто употребувана дрога е хероинот, а повремено и поретко се употребуваат метадон, марихуана, седативи, бензодијазепини, аналгетици (трамадол), испарувачи (лепило), кокаин, екстази, ЛСД. Се забележува растечки тренд на употреба на дрога меѓу малолетните Роми, најчесто меѓу осум и 12 години, а има примери за деца што употребуваат дроги од петгодишна возраст.

Ова се дел од заклучоците од истражувањето што го спроведе ХОПС - Опции за здрав живот од Скопје во општината Шуто Оризари во периодот јануари - февруари годинава. Истражувањето се однесува за процена на знаењата, ставовите и практиките што се однесуваат на пристапот до социјални и здравствени услуги за Ромите што употребуваат дрога.

Постои практика овие дроги да се употребуваат на небезбеден начин, за личното здравје и за здравјето на околината, вели Вања Димитриевски, антрополог и истражувач од ХОПС - Опции за здрав живот од Скопје.

Тој додаде дека болниците за лекување зависности од дроги немаат регистрирано многу Роми што биле или се' уште се на третман поради зависност од дроги. Како најчести пречки се недостигот од документи за лична идентификација, недостиг од финансиски средства, оддалеченост на болниците за лекување на зависности од дроги од местото на живеење, сложени процедури за прием на третмани.

Според податоците добиени од Центарот за зависности во Кисела Вода, во 2010 година само два отсто од лицата што примале метадонска терапија биле Роми.

Како препораки од истражувањето се скопската општина Шуто Оризари да добие посебен Центар за лекување на зависности од дроги, да се разгледуваат потребите и можностите за отворање такви центри и во други населби со мнозинско ромско население, да се обрне внимание на лекување на малолетни Роми и да има посебни програми за нивен прием, лекување и ресоцијализација.

Ова истражување е во рамките на проектот „Унапредување на правото на здравје и пристапот до третман на зависноста на Ромите што употребуваат дроги“, финансиран од Институтот отворено општество Македонија. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1606 пати.

Испрати коментар

Од: robin hud
Датум: 17.06.2011 08:21:42
prvo da vi kazam deka ne se siromasni, postojano doagaat so 1000 ,bezobrazni se,nekulturni,kradat, pravat belji,prosat,go zagadija cel prostor na zgradite "Ilinden" sproti fikom ,pisuvame i peticija za da gi dislociraat no kolku ke bide uspesno neznam,go koristat prostorot na napustenata zgrada vo blizina,ve molam da prodolzite so tekstovi za ovoj problem,licno gi poznavam devojcinjata na fotografijata i za decata mi e zal,no ve molam da ni pomognete.blagodaram.
Од: Saska
Датум: 17.06.2011 12:45:03
Оваа појава е подолго време проблем, не е ништо ново, за жал. Она што треба институциите прво да го направат, е да ги згрижат децата од улица, а подоцна се погрижат и со проблемот на зависноста од дроги кои ја имаат. Сведок сум на секојдневни глетки, каде по улица Македонија, пред очите на сите минувачи (вклучувајќи ги и лицата задолжени за безбедност), каде децата Роми користат и вдишуваат дроги (лепак). Згрижување на децата, санкција за нивните родители. Ова е проблем, на кој треба да му се посвети ��овеќе внимание, за да се постигнат долгорочни резултати.

Најди! во Утрински
Македонија
За градинкa ќе плаќаме помалку
Курбан до Бога за заштита на рударите во „Саса“
И Гостивар го има Обама, па САД не се лутат
Годишнина од стрелањето на ваташките младинци

"""