Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

И Гостивар го има Обама, па САД не се лутат

На гостиварци не им е јасно зошто се лути Грција за споменикот на Александар Македонски

Киро Кипроски


Гостивар - Веќе две години кафуле во Гостивар го носи името на претседателот на САД, Барак Обама. И внатре и на надворешниот дел од кафулето има неколку фотографии со ликот на американскиот претседател, додека пред самиот локал е поставен огромен билборд. Сопственикот на кафулето вели дека на Обама ќе му излие и споменик ако има пари. Сигурен е дека Американците нема да му се лутат. Исто како што Русите никогаш не се налутиле поради бистата на Ленин што со години го красеше центарот на Гостивар.

Гостиварци велат дека двете најголеми светски сили не ре��гираат за ова, ниту, пак, сметаат дека на овој начин некој им ги одзема ликовите од нивната историја. Оттаму тие се убедени дека непотребно се крева голема прав за пристигнувањето на Александар Македонски на Букефал во центарот на Скопје. Во целост го поддржуваат зафатот, со мала задршка за големиот износ на потрошените средства за реализација на проектот.

„Требаше многу порано македонската метропола да ја краси споменик на светскиот војсководец и стратег Александар Македонски“, смета 59- годишниот Цветко Стефановски, според кого, големиот Александар треба да го почитуваат сите, без разлика од каде се.

Голем број фирми, бутици, ресторани, кафулиња, бурекчилници, чајџилници во Гостивар носат имиња на светски метрополи и личности, на историски места од сите континенти, региони и слично. Можете да направите веселба во ресторанот „Мон Блан“, а за таа пригода да се снабдите со свечена облека во бутиците „Париз“, „Милано“, „Лондон“... Или, да појдете во ресторанот „Сиднеј“, или да ја почувствувате „Африка“. Ако ги сакате арапските игри, на пример, табла „шеш-беш“, на располагање ви е чајџилницата „Александрија“, а доколку сте љубител на добрата капка алкохол од светските брендови или на кондиторски производи, тогаш влезете во маркетите „Американо“, „Монтенегро“... А, Ориентот можете да го доживеете и во неколку ресторани, од кои најпознат е „Босфор“.

Од поширокиот регион на Гостивар печалбари имало и има речиси на сите страни на светот. Со враќањето во родниот крај, како знак на почит, благодарност или поради носталгија за местото каде што ја минале младоста и каде што добро спечалиле, тие своите фирми ги крстат со имиња на местата каде што биле, или со славни имиња од државите во кои престојувале. Сметаат дека со тоа не направиле ништо лошо, бидејќи, како што ни рекоа некои од нив, генијалците подеднакво им припаѓаат на сите луѓе во цел свет.


#
Статијата е прочитана 1065 пати.

Испрати коментар

Од: stevo-bojler
Датум: 17.06.2011 00:27:51
Bitna e porakata sto se prenesuva. Sigurno gostivarecot ne smeta deka Obama e od Gostivar?! No VMRO svesno ja falsifikuva i se koristi so tugja istorija. Zasto, neznam. No se plasam deka se ova, na kraj ke zavrsi so Golema Bugarija?!
Од: историк
Датум: 17.06.2011 07:43:41
Абре Стево Бојлер. Не ти пали бојлерот. Па зар би се откажал некој од историското наследство, од Александар Македонски, оној истиот кој тргна во големите походи и прво ги покори Елините (покасно наречени Грци, Грк како погрдно име за нив). Па на овие простори Македонија во 148 г.п.н.е. била завладеана или под Римска управа. И, што. Чие е тоа историско наследство, Или, 5 вековното владеење на Турците. Ние неможеме да се откажеме од таа историја. Нема тотална доминација на античката историја на еден народ кој на времето бил Полис, a сега се нарекуваат Грци. Од каде тие на север кога се знае дека тие биле по островите.
Од: makedonec
Датум: 17.06.2011 09:19:34
Do koga so vakvi komentari Makedonci
Од: I.G
Датум: 17.06.2011 09:29:51
SAMO SIGURNO OVOJ RESTORAN NE E PRAVEN SO DRZAVNI PARI.
Од: Tina
Датум: 17.06.2011 14:51:04
Obama Kafe, dobra idea. Nie trebame takvi idei na sekade vo Makedonija. Atina kafe, Kafe mesecina, Filip kafe, Solun kafe, Turist kafe, Zevs kafe, Herkules kafe, Shara kafe, kafe Hunzi, Afrodita kafe, Pindjur kafe-so pindjur na pecen leb so kafe,mmmm, Fantasticno, bravo na toj sto go pocna trendot. Taka raste economijata. Bravo.

Најди! во Утрински
Македонија
За градинкa ќе плаќаме помалку
Курбан до Бога за заштита на рударите во „Саса“
Годишнина од стрелањето на ваташките младинци
Сиромашни, а на хероин

"""