Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Годишнина од стрелањето на ваташките младинци

Свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Моклиште

КАВАДАРЦИ - На споменикот на дванаесетте ваташки младинци во Моклиште вчера се одбележа 68-годишнината од ѕверското убиство што го изврши бугарскиот фашистички окупатор. Роднини на стреланите и претставници на општествено-политичкиот живот во Кавадарци положија свежо цвеќе на гробницата во Ваташа.

Во спомен-костурницата во Моклиште се погребани посмртните останки на 12 ваташки деца. Историските податоци за гнасниот чин што го извршил бугарскиот фашистички окупатор говорат дека на кобниот 16 јуни се приведени и сослушувани 17 младинци од селото Ваташа, меѓу кои и четири девојки, сестри на младинците. По сослушувањето и малтретирањето, со цел да ги издадат партизаните и илегалците, откако ништо не откриле младинците во строј и со воени команди биле однесени до Чаирот. Машките биле построени пред бугарските фашистички војници, а девојките зад убијците за да сведочат за масакрот. Потоа момчињата биле стрелани, па масакрирани.

Споменикот со спомен-костурницата на дванаесетте ваташки скоевци е подигнат на два километра јужно од селото Ваташа, во месноста Чаирот во Моклиште. Автор на спомен-костурницата, која свечено е откриена на 11 октомври 1961 година, е Јордан Грабуловски, академски вајар од Прилеп. На јужниот ѕид на споменикот е запишано: „Смртта стана немоќна пред нашата младост, исправена пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 630 пати.

Испрати коментар

Од: Ивајло
Датум: 17.06.2011 07:36:52
Еееее, да е саамо овој масакар на Бугарите! А колежот во с. Дабница, прилепско, познат како дабничко клање! А Холокаустот и 7.200 македонски Евреи, а Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Цветан Димов, Васил Антевски-Дрен кој го обесија во Софија и на кој не му дозволи фашистичкиот суд да се брани на Македонски јазик па тоа го стори на француски, Кузман Јосифовски-Питу, Киро Бајрамчето од Прилеп извонреден херој и уште колку ли не Македонци чии соборци ја формираа македонската држава. Па после Бугарите први не признале. Да не се заборави.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 17.06.2011 17:11:40
Слава им!Партизаните ја донесоа слободата на Македонија и нејзината државност!Сите останати,се само бедни удирачи во градите дека нешто сториле за својата земја!
Од: Тонче
Датум: 18.06.2011 00:23:31
А бре Иваjло, оти си крстен со татарско име? Па добре си ориентиран.

Најди! во Утрински
Македонија
За градинкa ќе плаќаме помалку
Курбан до Бога за заштита на рударите во „Саса“
И Гостивар го има Обама, па САД не се лутат
Сиромашни, а на хероин

"""