Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

За градинкa ќе плаќаме помалку

Државата ќе го субвенционира одењето во градинка,
но засега не се знае со колку ќе учествува во цената,
која сега ја плаќаат родителите за услугите во овие установи

Жаклина Ѓорѓевиќ



Државата ќе го субвенционира одењето во градинки, но засега не се знае со колку ќе учествува во цената што сега ја плаќаат родителите за услугите во овие установи.

Ова вчера за „Утрински весник“ го потврди министерот за образование и наука, Никола Тодоров, демантирајќи ја информацијата што неодамна проструи во јавноста дека на училиште децата ќе одат штом ќе наполнат пет години. Најавите што сега доаѓаат од министерот се сосема спротивни од она што досега го најавуваше мини��терот за труд и социјала, Џељаљ Бајрами, кој најави зголемување на цената за градинките. Но, такво нешто досега немаше, барем не официјално, иако родителите добиваа и усни и писмени известувања со кои им се испитуваше пулсот како би реагирале на евентуалното покачување на цената.

Дали родителите ќе плаќаат 200, 300 или 400 денари, можеби, и повеќе, а државата ќе го доплатува остатокот, ќе зависи како за тоа ќе одлучува Владата. Но, сигурно е дека таа ќе учествува во цената, вели Тодоров.

„Не планираме децата од пет години да одат на училиште. Тоа сигурно ќе остане така. Она што ние би сакале е повеќе деца да бидат вклучени во предучилишното воспитание“, ни изјави Тодоров.

Тој појаснува дека планот за вклучување на повеќе деца во градинките е според предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, во која е предвиден проектот „Рана социјализација“. Во него се цитира анализата на УНИЦЕФ, според која, само 24 отсто од децата на петгодишна возраст се опфатени во предучилишното образование. За реализација на овој проект партијата предвидела 600 милиони денари, пари што, според министерот, ќе се употребат за нови градинки и за реновирање на постојните, но и за субвенционирање на цената. Со тоа, според него, ќе се мотивираат родителите да ги испраќаат своите деца на училиште.

Анализите со кои тие располагаат велат дека во некои помали места има и полупразни градинки, а децата ги чуваат бабите и дедовците. Но, секако, тоа не е случај со метрополата каде што бројот на деца кои чекаат за упис во градинките се движи дури околу 300.


#
Статијата е прочитана 950 пати.

Испрати коментар

Од: roditel
Датум: 17.06.2011 10:17:22
Наместо да ги субвенционираат градинките, нека ги вработат воспитачките и негувателките што со години работат со договор или како волонтерки и нека им ги покачат платите.
Од: Lepe
Датум: 17.06.2011 13:33:56
нема потреба да ја намалта цената, напротив ќе плаќаме 1000 ден повеќе само нека вработат повеќе негувателки а не како сега една воспитачка 7-8 бебиња....апсурд
Од: Ana
Датум: 17.06.2011 14:02:16
Нека ги вработат негователките и воспитувачките и нека работат на нивна професионализација и зголемување на нивната стручност. Субвенционирањето е глупост! Подобро да има поголеми плати!

Најди! во Утрински
Македонија
Курбан до Бога за заштита на рударите во „Саса“
И Гостивар го има Обама, па САД не се лутат
Годишнина од стрелањето на ваташките младинци
Сиромашни, а на хероин

"""