Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Курбан до Бога за заштита на рударите во „Саса“

Населението смета дека наместо курбан, раководството на рудникот треба повеќе да вложи во безбедноста на јамите

Иван Бојаџиски



Штип - Населението од селата што гравитираат околу рудникот за олово и цинк „Саса“ го повика господ да ги заштити рударите што работат во рудникот. Неколку илјади жители заедно со рударите се собраа во вторникот пред училиштето во селото Саса на голем црковно-народен собир - курбан. Во десетина котли се вареа јадења карактеристични за овој крај, а на големата трпеза се најдоа и над двесте погачи. Курбанот беше во организација на рудникот. Насобраниот народ процени дека раководството на „Саса“ го пра��и курбанот со надеж и верба дека Господ ќе ги заштити здравјето и животите на рударите.

Само во последните две години во јамите на овој рудник ги загубија животите петмина рудари, нешто што не се памети во неговата 45-годишната историја. Рударските несреќи се случуваа иако раководството на рудникот, по секоја несреќа со фатален крај, ја убедуваше јавноста дека ги има преземено сите мерки на заштита. Но, било тоа вистина или не, факт е дека во рудникот згаснаа животите на дури петмина рудари, што ги наведе луѓето од овој крај да мислат и да зборуваат работи сосема спротивни од официјалните изјави на раководството. Населението коментира дека во „Саса“ се' е подредено на поголемо производство, односно на остварување профит, додека грижата за безбедноста во јамите не била на потребното ниво.

Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој во „Саса“, ги негира ваквите мислења. Тој тврди дека курбанот го организирале по повод петгодишнината од преземањето на рудникот од страна на инвеститорот, руската компанија „Солвеј“.

„Со голем народен собир - курбан, кој во минатото овде бил редовно организиран, само сакавме да им се оддолжиме на нашите рудари и на нивните семејства за придонесот што го даваат за доброто работење, што е од корист за сите. Постојано вложуваме во заштитата на рударите, имаме акти според кои секој рудар може да одбие работа ако оцени дека неговото работно место не е безбедно“, појаснува Прохоров.

Сепак, најголем дел од жителите на овој рударски крај мислат дека со повикување на Бога и принесување курбан нема да се намалат несреќите во рудникот доколку рудничкото раководство не направи многу повеќе на заштитата на рударите.

„Добро е тоа што од рудникот се сетија да го вратат курбанот како наша поранешна црковно-народна традиција, која со векови опстојувала на овие простори. Но, ако од ’Саса‘ мислат дека на ваков начин ќе ја решат безбедноста во јамите, во такво нешто не верувам. Сите имаме некој свој што работи во рудникот и се надеваме дека раководството наместо да се потпира на Бога, ќе вложува уште повеќе во заштитата на рударите,“ вели Зорка Христова од селото Саса.

Во организацијата на курбанот се вклучи и Рудничкиот синдикат. Прашан дали овој ритуал се прави поради немоќта на вистински начин да ги заштити рударите во јамата, Станко Димитровски, претседател на Синдикатот, рече дека рударството е една од најризичните професии. „Тоа е гранка во која колку и да вложуваш во заштитата на работното место, сепак, не можеш стопроцентно да ги предвидиш сите работи“.

Меѓу оние што го следеа со најголема тага црковно-народниот собир беше стариот пензиониран рудар Станко, чиј син, млад рударски инженер, загина во рудникот пред околу осум месеци. „Мојот син почина поради слабата безбедност во рудникот. Во овој рудник дочекав пензија, го школував синот за да работи во него, да остане на родното огниште, ама тој загина во јамата. Не треба да се повикува Бог напомош, треба да се работи на безбедноста на рударите. Тврдам дека мојот син загина поради слабата безбедност, а не од негова лична негрижа, како што сакаа да го прикажат тоа од инспекцијата“, со тажен и треперлив глас зборуваше бившиот рудар.

„Саса“ во вторникот организираше курбан за сите бивши и сегашни рудари кои во тоа време не беа во јамите на рудникот, а наредниот ден, во присуство на голем број деловни партнери и соработници, ја одбележа петтата година од моментот кога го рестартира рудникот. Во 2009 година овој рудник се вброи меѓу петте најуспешни македонски компании по висината на остварената добивка, која изнесуваше 26,7 милиони евра. Според раководството на рудникот, толку инвестиции биле вложени во рудникот во изминатите пет години. Во рударскиот град Македонска Каменица се' почесто се говори дека инвеститорот го бара невозможното од рударите во однос на исполнувањето на нормите заради поголемо производство и профит и дека тоа е една од причините за енормната бројка загинати рудари за последните две години.


#
Статијата е прочитана 486 пати.

Испрати коментар

Од: драгољуб марковски
Датум: 17.06.2011 12:00:16
Жална Макаедонијо, „Победија рформите“: со Курбан ќе одиш во Европа! По ветувачките „интернетски“ протести на младите, веста од Саса н` врати во стварност. Тоа што курбанот бил во организација на управата на рудникот, не е само скандалозно туку е и право злосторништво, бидејќи е „надомест“ за отсутво на безбедни услови за работењето во рудникот. Главен виновник за ваквите состојби во рудникот - поради кој има дури и загинати рудари - не е нејзината управа, туку бесчувствителната власт која вака толерира робовладетелска“ експлоатација. Но, гледаме, кај владетелите на Македонија приоритет имаат „перикловски“ проекти. „Нормално, нивни деца ги нема во рудници, нивните деца не ги затрупуваат багерите на градилиштата“.
Од: sani
Датум: 17.06.2011 13:09:22
dali vo pravoslavnata vera postoi KURBAN?
Од: jean luc picard
Датум: 17.06.2011 17:00:35
толку од православното христијанство. курбан е давање крвна жртва и тоа е пагански обичај за да се задоволат и умилостиват (лажните) богови. Ако во овие луѓе има барем трошка вера во вистинскиот и единиот Бог, треба да му принесуваат искрени и срдечни молитви, а за курбанов со плач да се покајат и засрамат. Обрнете се кон Бога во мислите и Тој ќе ви помогне и благослови во секоја корисна работа. Исто и свештенството треба да се погрижи да ги поучува постојано луѓето на вистинската вера.

Најди! во Утрински
Македонија
За градинкa ќе плаќаме помалку
И Гостивар го има Обама, па САД не се лутат
Годишнина од стрелањето на ваташките младинци
Сиромашни, а на хероин

"""