Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Два бомбашки напада во центарот на Стокхолм

СТОКХОЛМ - Шведската полиција, која спроведува истрага за двете експлозии што го погодија центарот на Стокхолм во саботата вечер, при што едно лице загина, а две се повредени, вчера соопшти дека има добри информации за, како што смета, „терористички акти“. Пред да се случат експлозиите, шведската новинска агенција ТТ доби заканувачко писмо поради военото присуство на Шведска во Авганистан, и карикатурите на пророкот Мухамед нацртани пред неколку години од шведски карикатурист.

Висок претставник на шведската полиција изјави на конференција за печатот дека експлозиите се водат како „терористички акти“ и дека полицијата има добри наведувачки информации. Андерс Торнберг, директор за операции во безбедносните полициски сили, рече дека полицијата не може ниту да потврди дека човекот што загинал бил напаѓач-самоубиец ниту да дискутира за неговиот идентитет, бидејќи членовите на семејството се' уште не се информирани. „Го истражуваме како терористички акт во согласност со шведскиот закон. Не го зголемивме нивото на безбедност“, рече Торнберг, додавајќи дека полицијата го засилува присуството во главниот град.

Драмата почна кога автомобил се запали во близина на прометна шопинг-улица во центарот на градот, по што следеа експлозии во автомобилот, за што полицијата соопшти дека биле предизвикани од канистри со гас. Во втората експлозија, што се случи 10-15 минути подоцна, на оддалеченост од околу 300 метри, загина едно лице и повредени се двајца. „Ова е најзагрижувачки обид за терористички напад во преполниот центар на Стокхолм. Неуспешен, но можеше да биде навистина катастрофален“, пишува министерот за надворешни работи, Карл Билт, во порака на „Твитер“, која, исто така, беше објавена на неговиот блог.

Полициски комбиња затворија неколку улици наоколу и го извлекоа автомобилот. Состојбата на останатиот дел од центарот на градот беше мирна, а луѓето минаа нормална саботна ноќ. Неколку часови по експлозијата, телото на загинатиот се' уште лежеше на асфалтот покриено со бел чаршаф. Шведските весници пишуваат дека загинатиот се разнел. „Дагенс ниетер“ цитира човек, Паскал, инаку лекар, кој вели дека „се чини како човекот да носел нешто што експлодирало во неговиот стомак. Нема повреди на лицето или телото, генерално, а продавниците наоколу не се оштетени“. Весникот „Афтонбладет“ цитира извор кој вели дека човекот носел шест рачно изработени бомби, од кои само една експлодирала, имал ранец полн со шајки и експлозивен материјал. Весникот цитира очевидци што велат дека човекот викал на арапски јазик.

Агенцијата ТТ јавила дека и-мејл пораката што ја добила била испратена и до безбедносните полициски сили и имала аудиофајлови на шведски и на арапски јазик. „Нашите акции зборуваат за себе, се' додека не ја завршите вашата војна против исламот и понижувањето на пророкот и вашата глупава поддршка за свињата Вилкс“, јавува ТТ цитирајќи ги зборовите од снимката. Агенцијата јави дека заканата е поврзана со придонесот на Шведска во силите на НАТО во Авганистан, каде што има 500 војници, главно, во северниот дел. Исто така, се укажува на карикатурите на пророкот Мухамед од шведскиот уметник Ларс Вилкс, кој го прикажа пророкот со тело на куче во карикатура од 2007 година.

Еван Колман, американски консултант за тероризам, изјави за Ројтерс дека мала милитантна исламска заедница некое време е стационирана во Шведска. Но, тој смета дека инцидентот од саботата, доколку е напад, е дело на еден човек. (Ројтерс)

 


#
Статијата е прочитана 736 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Австрија го уапси Санадер, Загреб чека екстрадиција
Седуммина загинаа од експлозија на автомобил-бомба
Американскиот дипломат Ричард Холбрук во критична состојба
Косово гласаше на првите парламентарни избори
Се преврте двокатен автобус
Редуцирање на тенковските сили
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary