Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Австрија го уапси Санадер, Загреб чека екстрадиција

Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, откако во петокот попладне беше уапсен од австриската полиција, мина уште една ноќ в затвор во Салзбург. Тој вчера требаше по втор пат да биде сослушан од истражен судија во регионалниот суд, чиј идентитет судот го држи во тајност. Потпретседателот на судот во Салзбург, Филип Бауер, потврдил дека Санадер ќе биде сослушан вчера до 17 часот, при што ќе му биде изнесено обвинението што хрватските власти го имаат против него. Потоа поранешниот премиер требаше да се изјасни дали сака брзо испорачување или не во Хрватска. Адвокатот Вернер Супан јавил дека Санадер се согласил за брза екстрадиција во Хрватска. Се' уште не е познато дали Санадер го избрал Супан за адвокат или му бил доделен по службена должност.

Хрватскиот државен обвинител Младен Бајиќ ќе побара максимална казна од 15 години затвор за казнените дела за кој е осомничен Санадер, се дознава од хрватското Обвинителство. Хрватското законодавство не предвидува поголема казна за казнени дела здружување поради извршување казнено дело, односно злоупотреба на положба и овластување. Дури и ако против поранешниот премиер се поведе нова постапка, судот во завршниот дел би му одредил единствена казна за т.н. казнени дела во стекнување - низа кривични дела за кои истовремено му се суди, и тие повторно би изнесувале максимални 15 години затвор.

Иво Санадер сега е осомничен за здружување поради извршување казнено дело во случајот „Фими-Медија“ и поради злоупотреба на положба и овластување во предметот „ХЕП-Диоки“. Во првиот случај станува збор за извлекување 120 милиони куни од составот на јавните претпријатија со помош на маркетиншки агенции во сопственост на Невенка Јурак, за што е осомничен и Младен Баришиќ, поранешен благајник на ХДЗ, директори на неколку јавни претпријатија и Иво Санадер. Обвинителството се сомнева дека Санадер ја злоупотребил положбата премиер за да го наговори Иван Мравк, поранешен претседател на управата на ХЕП, на незаконско давање заеми од 15 милиони куни на фирмата „Диоки“, која била и најголем должник на ХЕП, а чиј сопственик е пријателот на Санадер, Роберт Јежиќ.

Државното обвинителство и Министерството за правосудство на Хрватска во барањето за екстрадиција на Санадер во Австрија ќе испрати документација за тие два предмета, кои потоа ќе ги разгледува меродавен австриски суд. Но, Иво Санадер е под криминалистичка постапка во уште пет истраги на „Ускок“, кои би можеле да завршат со нови казнени пријави против него. Како што се дознава од извори блиски на истрагата, улогата на поранешниот премиер се испитува во повеќе криминалистички истраги: продажба на електрична енергија од ХЕП на мостарски „Алуминиј“ преку шибенскиот ТЛМ, купопродажба на трафостаници на автопатот Сплит - Загреб меѓу „Хрватских аутоцеста“ и ХЕП, аферата „Спице“, односно обидот за преземање на „Подравка“ од страна на нејзините менаџери, потоа во истрагите за договорите на ХАЦ со фирмата „Складградња“, но и други кооперанти на „Хрватских аутоцеста“. Во соработка со австриското Обвинителство се испитува и улогата на Санадер во посредувањето за давање кредити на Хипо банка.

За евентуално процесуирање на Санадер во овие постапки ДОРХ е обврзан да упати нови барања до австриското правосудство, на кои тоа треба да одговори во рок од 30 дена. Според законот за екстрадиција, лицето што се испорачува може казнено да се прогонува без одобрување на државата што врши екстрадиција, само по предметите поради кои е побарано испорачување. За секоја нова казнена пријава хрватското Обвинителство ќе бара одобрување од австриското правосудство.
(Јутарњи лист)

Каде се' се испитува улогата на Иво Санадер

1. Во продажбата на електрична енергија од ХЕП на мостарски „Алуминиј“ преку шибенскиот ТЛМ. Штета: 13,5 милиони евра.

2. Во купопродажба на трафостаници на автопатот Сплит - Загреб меѓу „Хрватских аутоцеста“ и ХЕП. Штета: 135 милиони евра

3. Во аферата „Спице“, односно обидот за преземање на „Подравка“ од страна на нејзините менаџери. Штета: 54 милиони евра.

4. Во истрагите за договорите на ХАЦ со фирмата „Складградња“, но и со други кооперанти. Штета од речиси три милиони евра.

(Јутарњи лист)


#
Статијата е прочитана 914 пати.

Испрати коментар

Од: Цветан
Датум: 13.12.2010 15:00:06
Санадер го упасија. Кога “нашите“ власти на кои народот им верува ке имаат храброст да ги уапсат за криминал: Љ.Георгиевски, Даравеслки, Тамбурковски или ги тргнат од фотељите неработниците а “заслужните“ за партијата пр. Флоров кој молчи како глушец во паркови и јаде козорози и муфлони и ред други.
Од: nekoj
Датум: 13.12.2010 17:42:22
Cvetan, koga ke ni dise i na nas vo vrat EU. A toa brzo ke se desi.

Најди! во Утрински
Свет
Два бомбашки напада во центарот на Стокхолм
Седуммина загинаа од експлозија на автомобил-бомба
Американскиот дипломат Ричард Холбрук во критична состојба
Косово гласаше на првите парламентарни избори
Се преврте двокатен автобус
Редуцирање на тенковските сили
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary