Косово гласаше на првите парламентарни избори
ПРИШТИНА - Косоварите вчера гласаа на првите парламентарни изб��ри како граѓани на независна држава, нетрпеливи да видат како новите лидери ќе ги извлечат од сиромаштија. Анкетите предвидуваат тесна трка меѓу владејачката Социјалдемократска партија (ПДК) и нејзиниот поранешен коалициски сојузник, десноориентираната ЛДК. И двете партии водеа кампања со ветувања дека ќе почнат економско закрепнување, ќе ја намалат невработеноста од 48 отсто и ќе се борат против корупцијата.
Сепак, етнички Срби од поделениот град Митровица ги бојкотираат изборите, што укажува на се' уште присутните тензии од отцепувањето на Косово од Србија. Девет српски партии се кандидираа за парламентот. Европската унија и САД сметаат дека предвремените избори се тест за демократската зрелост на Косово. Слободни и фер избори се услов за членство во ЕУ.
Во утринските часови гласачите се упатуваа на гласачките места во Приштина, кои беа отворени во седум часот, но нивниот број бавно се зголемуваше. „Единствената работа што ја сакам е подобра економија и подобрување на здравствен сектор. Болниците се во катастрофална состојба“, изјави болничкарката Дурие Жупи, на гласачко место во Приштина.
Новата влада, најверојатно, коалиција од повеќе од две партии, ќе треба да ги продолжи напорите за признавање на Косово како држава од над 72 членки на ОН и да седне на преговарачка со Србија за практични прашања. (Ројтерс) |