Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Американскиот дипломат Ричард Холбрук во критична состојба

ВАШИНГТОН - Ричард Холбрук (69), специјален пратеник на американскиот претседател Барак Обама за Авганистан и за Пакистан, е во критична состојба откако лекарите извршија хируршки зафат на неговата скината аорта, соопшти Стејт департментот. Искусниот американски дипломат, кој посредуваше за мировниот договор од 1995 година за завршување на балканските војни, е клучен играч во напорите на Обама да ја прекине деветгодишната војна во Авганистан, каде што насилството се зголемува и само оваа година загинаа најмалку 477 американски војници.

На Холбрук му се слоши во петокот, во зградата на Стејт департментот, и беше пренесен во околната универзитетска болница „Џорџ Вашингтон“. „Утринава лекарите извршија хируршки зафат на неговата скината аорта“, се вели во соопштението од Стејт департментот од саботата. „Тој е во критична состојба и со него е неговото семејство“. Кинењето на главната артерија во телото - познато како отворање на аорта - е болна и животозагрозувачка состојба, со ризик за компликации како што се мозочен удар, срцев напад и откажување на бубрезите, вели д-р Дјук Камерон, шеф на одделот за кардиохирургија во болницата „Џонс Хопкинс“ во Балтимор. Закрепнувањето често пати подразбира еднонеделен престој во болница, а уште три-четири месеци се потребни за целосно закрепнување, вели Камерон, кој не е дел од лекарите на Холбрук.

Пролонгираното отсуство на Холбрук би можело да значи удар за напорите на Обама да демонстрира брз напредок во Авганистан следната година, кога Вашингтон се надева дека авганистанските сили ќе го преземат водството и американските војници ќе почнат да се враќаат дома во јули. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 749 пати.

Испрати коментар

Од: Toso
Датум: 13.12.2010 12:19:16
Steta za taka dobar diplomat.... Ke sredese uste nesto
Од: девичанецот
Датум: 13.12.2010 15:41:57
Растурајќи ја човекот Југославија, се растури самиот себе си. Секако во стилот: Ми градимо пругу, пруга гради нас.

Најди! во Утрински
Свет
Австрија го уапси Санадер, Загреб чека екстрадиција
Два бомбашки напада во центарот на Стокхолм
Седуммина загинаа од експлозија на автомобил-бомба
Косово гласаше на првите парламентарни избори
Се преврте двокатен автобус
Редуцирање на тенковските сили
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary