Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во ќор-сокак

Неофицијално се тврди дека причина за блокирање на преговорите е тоа што на чело на тимот на ВМРО-ДПМНЕ бил поставен Сашо Мијалков

Светлана Унковска



Меѓукоалициските преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ западнаа во криза и од вчера партиските работни групи ги прекинаа средбите. Извори од ДУИ ги потврдуваат ваквите состојби и велат дека не се знае кога повторно ќе се сретнат партиските групи. Истовремено додаваат оти нивните очекувања се дека во овој процес ќе се вклучат претставници на меѓународната заедница во земјава со цел да се деблокираат разговорите.

Според неофицијални информации, главна причина за тоа бил фактот што на чело на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ бил поставен директорот на УБК, Сашо Мијалков. Иако и претходно одржаните средби не течеле ни малку лесно, сепак, исклучително напната атмосфера се создало на завчерашната средба, кога целиот преговарачки тим на ДУИ бил изненаден од тоа што Мартин Протоѓер бил заменет со Мијалков. Интегративците ваквиот потег го толкуваат како еден вид тактички потег на ВМРО-ДПМНЕ, со кој сакаат да испратат лоша порака. Истовремено тоа го доживуваат и како силен притисок врз нивниот преговарачки тим. Ова се подразбира, особено откако пред изборите на „Викиликс“ беше објавена информацијата дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се жалел кај американскиот амбасадор, Филип Рикер, од Никола Груевски, кој, како што тогаш изјавил, бил под силно влијание токму од Сашо Мијалков.

Муса Џафери, како дел од преговарачкиот тим на ДУИ, за „Утрински весник“ изјави дека информациите за наводна загрозеност на процесот на преговори се чиста шпекулација и оти и двата тима одговорно и темелно работат на постигнување договор за утврдување заедничка владина програма.

„Не постојат несогласувања, се работи на заедничка програма и сите страни се одговорни и многу се внимава како да се состави владината програма. Глобално се залагаме нашата партиска програма да биде и дел од владината и моите процени се дека 70 проценти од таа програма веќе е готова“, ни изјави Џафери. Сепак, тој не беше многу убедлив во отфрлањето на информациите дека постојат сериозни тешкотии во преговорите, за што говори и самиот факт дека, иако немаат постигнато договор околу степенот на нивното суштинско учество во власта, Џафери не знаеше да одговори дали и кога повторно ќе имаат средба како работни тимови.

„Ќе се состанеме кога ќе имаме потреба. Досега имавме редовна комуникација“, кусо одговори Џафери.

Доброупатени извори потврдуваат дека има големи тешкотии во постигнувањето заеднички договор меѓу коалиционите партнери и тоа за барањата на ДУИ околу решавање на статусот на борците на ОНА, затворање на хашките предмети, за нивно суштинско учество во заедничката владина програма, како и за одредување договор околу забрзување на евроинтеграциските процеси на земјава, што подразбира и затворање на спорот со името.

Министерот за образование, Никола Тодоров, запрашан дали ќе остане на истата функција или е можно и тој да ротира, како што се тврди или во Министерството за транспорт и врски или во МВР, вчера не сакаше ниту да потврди ниту да демантира.

„Нема ништо да коментирам, но каде и да одам ќе работам исто, професионално“, рече Тодоров. Засега остануваат информациите дека ДУИ инсистира на тоа да има баланс во ресорите. Партијата на Ахмети, покрај местото шеф на парламентот за кое сериозен кандидат е Теута Арифи, ќе бара и клучни министерства, меѓу кои и МВР. Доколку не го добие ова Министерството, ДУИ ќе ја бара директорска позиција во УБК. Исто така, и Министерството за финансии е во списокот на интегративците, потоа и министерствата за одбрана, за транспорт и врски или за економија.




#
Статијата е прочитана 6043 пати.

Испрати коментар

Од: beni
Датум: 17.06.2011 00:29:45
DUI ne e vo sostojba da postavuva nikakvi uslovi kon VMRO-DPMNE kako prvo ionaka nemaat poveke opsolutno mnozinstvo dvete partii a ni badenterot...taka sto ne zavisi Gruevski od DUI......a kako vtoro moze da se vospostavi vlada koja isto tolku ke funkcionira moze i podobro medju VMRO-DPMNE i DPA na Thaci......a posto e sigurno deka od toa najpoeke se plasi DUI.Na kraj ke pfihvataat sve od DUI dur i tie mali troski od vladiniot kolac ke im bidaat dovolni samo da ostnaat del od vlasta za i ovie malku da G/Kradaat :)
Од: pandelka
Датум: 17.06.2011 00:59:19
G-gjo Unkovska, naslovot voopsto ne vi korespondira so tekstot. Od izjavite od pregovaracite od nigde ne moze da se zakluci deka razgovorite se vo kjor sokak. Maliciozno e da ja zloupotrebuvata funkcijata novinar koja bi trebalo da bide krajno objektivna bez vlijanija od odredeni politicki centri (site znaeme za koi se raboti vo slucajov-Bihacka). Taka da ke ve zamolam za objektivno i sustestveno prenesuvanje na informaciite, a ako vi e do vasa analiza slobodno napisete edna. Pozdrav
Од: trpe od gradsko
Датум: 17.06.2011 01:42:12
Podrska za DUI kako prv priroritet da go postavi resvanje na problemot so imeto so Grcija i pobrzo da vlezeme vo NATo i da zapocneme pregovori so EU...dosta mi e od izolacija...zaostanvme zada site na Blakanot vo siromastija...Zatoa podrska za DUI za koalicijata prvo da se stavi resvanje na problemot so imeto i vlez vo NATo i otpocnuvanje pregovori so EU...dosta siromastija i izolacija...Podrska za DUI za EU i NATO kako priroritet
Од: Goran
Датум: 17.06.2011 03:19:00
Trpe, odi i selis e vo EU. Koj ti brani? Imame bezvizen rezim i ajde sikter. Prodadeni dusi ko tebe ne ni trebaat.
Од: zoki
Датум: 17.06.2011 05:06:22
Eeeeee trpe trpeee, za pusta evropa I na gjaolot dupkata ke bacish.imas li trpe (namerno so mala) barem ronka dostoinstvo I samopochit??? Eh trpe trpe...
Од: bezimen
Датум: 17.06.2011 05:36:16
podrska za DUI, samo oni moze da ne spasat od kandzite na ovie klerofasisti koi ne vodat vo celosen propast.
Од: petko
Датум: 17.06.2011 05:46:20
E pa nazdravlje neka e procistuvanjeto na dosieata gospoda od DUI, kako ve izigra Mialkov ko mali deca ve procisti deka ne ste spioni ama sega ve drzat za jajca i ako ne igrate po nivno ke izlezat pak dosieata, hahahahahahah, MAMA, VUJCE, STRINA, TETKA i ostanata familija .
Од: ванчо
Датум: 17.06.2011 08:24:14
За жал самите со несериозниот пристап кон темите кои ги пишувате Вие новинарите од почитуваниот весник го правите несериозен.Секогаш е добро суштински да се критикува со аналитички приод кон работите,кое ние читателите и најмногу го бараме од Вас новинарите.
Од: Емин Дураку
Датум: 17.06.2011 08:25:26
ДУИ да го прифати предлогот на Руфи Османи и да створи пост-изборна албанска коалиција. На тој начин ќе се отворат и други опции и ќе можат да им се спротистават на уценувањата на ДПМНЕ.
Од: Od strana gledano
Датум: 17.06.2011 08:30:21
Nesoodveten naslov za izmislen tekst, shpekulacija do shpekulacija toa ne e novinarstvo!
Од: Трпе од Арачиново
Датум: 17.06.2011 08:31:01
``Мартин Протоѓер бил заменет со Мијалков``?! А Муса Џафери појма нема за тоа? А какви се тие `неофицијални информации`? Сигурно доаѓаат од Министерството за вистина лоцирано на Бихачка бр 8. Патетично.
Од: xxL from PP
Датум: 17.06.2011 08:45:38
konecno se vide koj e gazda vo dpmne! Mijalkov ,razbirase.
Од: Goran
Датум: 17.06.2011 08:55:48
Abe Trpe,što misliš i da go smenime imeto kako sakaat grcite deka odma će ne primat vo EU i NATO?Abe će čekame ušte 20 g.togaš će baraat drugo da ispolnime,će ni nametnuvaat novi baranja čim nekoe ispolnime,a koj ne saka goltari-nikoj.Što misliš deka vo EU teče med i mleko?treba batka rabota a ne politika i mlatenje na prazna slama.Od što si izoliran?Od sam sebe,možeš da odiš kade sakaš po EU,ama ti trebaat batka pari,bez pari će si sediš na nekoja livada vo gradsko i će fantaziraš.
Од: Tina
Датум: 17.06.2011 09:02:49
Zar ne e DUI, regionalen stvoritel na stabilnata i podrska na zemjata? Iniciator na idei za reonot? A ne nekoj si predstavnik na sporot so imeto. Toa e rabota na Pretsedatelot na zemjata, za koja DUI raboti so eden cilj na stabilnosta i ekonomija. Toa e cel, a potoa se ke si legne na mesto, za site drzavni raboti.
Од: Gargamel
Датум: 17.06.2011 09:24:33
Me začuduva ograničenosta na komentatorite i političko stručnata fela,nezavisno od koja i so kakva orientacija doagja.Se prašuvam zošto VMRO mora da koalicira isklučivo so albanskite politički,no i edinstveno nacionalni,partii.Zarem e naučna fantastika koaliciranjeto so SDSM.Što ke se prevrti na dunjava ako se zaboravat profitabilno političkite orientacii na dvete partii i so izbor na najkvalitetnite i najkvalificiranite kadri zastanat zaedno vo borbata za idninata na Makedonoja,se razbira vklučuvajki go i albanskiot kvaliteten i kvalificiran faktor,no ne po sekoja cena "procentualna zastapenost".Što golemata makedonština vo gradite na Grojo i Branko ne im dava da si podadat raka za idninata na našite i nivni deca.Se razbira deka tie ne se samite nitu VMRO,nitu SDSM.Pa se raboti za nas.Što ke im se i kukji i koli i jahti ako nadvor e beda,siromaštija.Eve Idi Amin,eve Selasie,eve Gadafi,a?
Од: flying-monaco-ZA MIKI
Датум: 17.06.2011 10:32:29
Naslov za teshenje alagi za nevervenje....Zelba na avtorkata, a vistina ni troshka...Ne e chudno sto i Utrinski eden den ke go snema so izjavi na vakvi gluposti.
Од: Александар, никако антички
Датум: 17.06.2011 10:50:19
Во тесно сте а? Не ви оди со ДУИ? Сакате со Тачи? Или со СДСМ? Ке гобарате и црниот ѓавол,само да не ја изгубите власта, но и тој не би коалицирал со вас. Никој не ве сака, што ке е работава.........................
Од: realen
Датум: 17.06.2011 11:52:30
Kako neophodnost se nametnuva pravenjeto prioriteti za prosperitet na ovaa drzava. Koj na koe mesto ke bide e cist pazar. Gruevski ne dzabe molese, ama galiba ne dovolno, pa DUI ima pravo EU/NATO integraciite da gi stavi na prvo mesto, sto e sosema normalno i kon sto postojano "malicioznite" domasni i stranski eksperti ne opomenuvaat. Reformi da prodolzat-da sekako, no koi i vo koj pravec. Mislam deka odgovorot go znae Latas & company.
Од: Stipjanec
Датум: 17.06.2011 12:15:11
Ovoa na licni pretpostavki i zelbi li se bazira ili na fakti?? Alal da im e za naslovo i sodzinata..nema sho..Ama aj mos nekoj da gi plaka taka da pisuvat ..niven problem...samo tie so komentirat me iznenaduvat.. demek nema da se dogovorat..i posle sdsm , dui i dpa ke napravile vlada :D.. Epa ako vie losa ovaa vlada..so mislete deka taa ke bide dobra.. so..ke go smene imeto, ke ulezeme u Nato, eu i gotovo..u avgust site na odmor kaj priajtelite grci :Daj be ne se zanesuvajte tuku problemite si gi resavajte od pricinite a ne od posledicite...
Од: K2
Датум: 17.06.2011 14:45:38
Vie od Utrinski ste kako gladna kokoska sto proso sonuva.....pa DUI ima 15 pratenici dali e vo sostojba da postavuva uslovi edno....a onie prikazni za "pritisok od clenstvoto" ne se nisto drugo tuku da se zazeme podobra pozicija vo vladata....Dali vie mislite deka od DUI se budali da izlezat od vladata i komotnite fotelji zaradi "clenstvoto" .... Hahahah...luge vie mislite ziveete vo demokratija.....taa ne postoi vo Makedonija kako sto ne postoi nikade vo SVETOT.....
Од: Мичо
Датум: 17.06.2011 17:11:17
Како закана до ДУИ, од Г*ујо е испратен Мијалков поради неговите фашистички ставови кон помалите заедници во Македонија, но ДУИ ова одма го увидоа и сега сигурно ќе постават уште поцврст став за да не изгледаат уценето. Преговорите се навистина се поставени на една уценувачка разина, но ДПМНЕ уште не е свесна дека ја нема позицијата од пред изборите, што ќе им се одрази максимално! Мислам дека ВМРО и ДУИ ќе состават Влада, од две причини: Првата: Дуи ќе излезат коректни и ќе ги испоитуваат ДПМНЕ поради тоа што беа земени како партнер во 2008! Второ: Г*ујо, може се да си дозволи да изгуби, но нипод разно нема да дозволи да не биде Премиер, зошто знае дека така криминалите ќе се откријат многу брзо и дека, заедно со цела тајфа ќе лежат во Идризово, или може да не ги собере па да во некој друг затвор!!!
Од: jonko
Датум: 17.06.2011 22:46:06
ahhaha mu dojde krajot dmpne.game over

Најди! во Утрински
Политика
Професорска сајбер-војна околу младинските протести
ВМРО-ДПМНЕ денеска слави роденден
МВР одговори, ништо не кажа
Стојковиќ

"""