Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Професорска сајбер-војна околу младинските протести

Гордана Дувњак

Протестите на младите по повод бруталното убиство на 22-годишниот Мартин Нешовски ги раскара на социјалните мрежи и универзитетските професори. Двете познати интелектуалки, активистки за човекови права и блогерки, Билјана Ванковска и Мирјана Најчевска, деновиве влегоа во жесток судир на нивните профили на „Фејсбук“, кој на моменти дури изгледаше и невкусно поради речникот што го користат. Тоа предизвика и лавина реакции од корисниците на ФБ што се ставија во одбрана на едната или на другата страна, но ја искористија и можноста за изнесување сопствени ставови за самиот карактер на протестите.

Повод беше колумната на професорката Билјана Ванковска во еден од печатените медиуми под наслов „За политиката и човечкиот живот“. Во неа, меѓу другото, ќе напише: „По изборите, кои покажаа слика на политички (и етнички) биполаризам, оваа независна енергија што се манифестира на улиците е зрак на надеж дека нема да потонеме во мрак на целосна партитократија и етнократија. Единствената причина зошто ме нема на улиците е затоа што сметам дека ние што потфрливме како интелектуалци, професори, бивши министри, НВО-активисти и борци за човекови права и што ли уште не, треба да им го препуштиме водството. Тие го зграпчија денот! Нека им е со среќа!“

На ваквиот став на својата поранешна колешка, од Хелсиншкиот комитет бурно реагираше Најчевска, која на својот статус ќе го запише следново: „Интелектуалните инвалиди од сортата на Ванковска одамна го трујат цивилниот сектор и академската заедница. Ја поздравувам нејзината одлука да не излезе на улица затоа што според досегашното искуство со нејзиниот активизам се' што допрела го извалкала и го разрушила. Самата позиција што ја промовира за повлекување на возрасните и оставање на младите да ја бијат битката е толку морбидно одвратна што морам да ја оспорам“.

Да биде мешаницата уште поголема, се погрижи и Јанко од „Јади бурек“, кој на својот ѕид ќе ја постира преписката меѓу двете професорки и нема да одолее да се искаже во свој стил. „Баба Зумбула, алијас Најчевска, и нејзиниот наци-приод на подобност на ФБ. Ај ја разбирам да ме блокира мене, јас сум... секаков, нели... Но, да ја блокираш професорката Ванковска е акт што е рамен на климактерична хистерија. Срамно, ниско, подло, простачки, одраз на хормонален дисбаланс и интелектуален дегенеративен процес... премногу гледам д-р Хаус...“

Ни Ванковска нема да остане должна, па на својот профил ќе прокоментира: „Вака сега... Јанко употребил речник што не ми се допаѓа, и јас имам повеќе култура од д-р Најчевска, ама ова вреди да се сподели. Ај што политичариве немаат култура на дијалог, ама кога професор си дозволува уличарски речник - немам коментар“.

Дали во случајов со споменативе две дами се работи за несогласување и судир на идеи или, пак, во прашање е нешто друго? Професорката Ванковска не крие дека конфликтот со Најчевска е со постар датум и трае повеќе од пет години.

„Првите несогласувања се случија уште во времето кога јас бев член на Хелсиншкиот комитет, кога по една моја критички настроена колумна во еден неделник за состојбите во цивилниот сектор, Најчевска бараше да си дадам оставка. Но, нејзиниот обид за мое разрешување заврши со оставки на повеќе членови на бордот, кои се ставија на моја страна“, подвлекува Ванковска. Таа вели дека Најчевска дури и не и' е пријателка на ФБ, но затоа по објавувањето на нејзината колумна, побрзала да ја прокоментира на социјалната мрежа.

„Очигледно Најчевска не ја разбрала поентата и ја промашила, бидејќи мојата заложба не беше против тоа на протестите да се појават возрасните, туку дека таму не им е место на некои познати имиња што би можеле да им наштетат на младите и да ја дискредитираат нивната благородна идеја“, тврди Ванковска. Таа вели дека се срами од начинот на кој е водена полемиката, бидејќи не се води за ставови, туку користи лични квалификации, навреди, што е недолично за луѓе од науката кои образуваат млади кадри.

Најчевска, пак, објаснува дека била испровоцирана, бидејќи, како што вели, со Ванковска не се согласуваат во повеќе базични работи, но овде влогот бил преголем, а штетата што може да се направив голема. Таа смета дека со ваквите ставови, нејзината колешка и' оди од рака на власта. „Недозволиво е професор што има влијание кај младите да повикува возрасните да се држат настрана. Младите не смеат да се остават сами, а возрасните се должни да се појават на протестите, бидејќи ова е заедничка битка за демократија. Само активни граѓани, ослободени од апатија можат да ги коригираат негативните појави во општеството. Утре на протести, ќе излезат пензионери. Дали младите тогаш треба да се држат настрана и да не се интересираат за нивните проблеми. Силата е во заедничката акција“, потенцира Најчевска.


#
��татијата е прочитана 2432 пати.

Испрати коментар

Од: Od nekoj koj gi znae....
Датум: 17.06.2011 00:42:01
Aj sega i dvette po edna ostavka da si dadete :)
Од: Riste Risteski
Датум: 17.06.2011 01:43:22
Se gleda deka ovije dvete cel zivot zemat plata bez rabota i od so mu e dosadno cel den kisnat na socijalnite mrezi kako da se osmo odelenje. Kolku mnogu ce bidi polezna za niv edna dobra niva so tutun da berat i so kosojte na magare da go nosa tutuno do doma.
Од: Zvonko
Датум: 17.06.2011 05:23:42
Tesko na taa mldina koja bi bila povedena od Njaceska.Imav prilika da razmenuvam milsenja so nea na FB i koga se najde pritesneta pocna so navredi i koristenje na recnik kako najgolem klosar i koga ne uspea so provokaciite se otkaza od ponatamosna komunikacija.Zalosno e sto takva licnost ne predstavuva vo megjunarodni institucii i voopsto se javuva vo javnost so davanje na svoi mislenja i stavovi.
Од: Eвропеец
Датум: 17.06.2011 08:19:49
Јанко со својот потег ги извадил на светло и двете за да поголемо мнозинство од граѓани види каков капацитет и ниво имаат. И двете трескале и поголемо глупости на ФБ и на блог, ама до сега тоа не предизвикало поголема медимска застапеност. Нека си седат мадро во своите професорски кабинети кои едвај и да ги заслужуваат и нека останат по страна од протестите.Така многу повеќе шанси ќе имаат да оставарат било што дечките кои протестираат.
Од: mene
Датум: 17.06.2011 08:21:16
STVARNO...... I DVETE DA SE ZASRAMITE!!! I VIE STE BILE PROFESORKI i D-RI NA NAUKI!!! SRAMOTA
Од: Itar Pejo
Датум: 17.06.2011 09:47:13
Jas se slozuvam so Najcevska deka na protesti treba da odat site sto se cuvstvuvaat zasegnati i solidarni. Ama toa moze da se kaze so ljubezen recnik.
Од: MKD
Датум: 17.06.2011 10:28:57
Profesorkata Mirjana Nachevska e potpolno vo pravo i nema potreba zoshto da se srami - ja kazhala vistinata. Biljana Vankovska svesno a mozhebi i i platile za toa da pishuva takvi kolumni. Taa ja ZLOUPOTREBILA svojata pozicija i "avtoritet" da gi pottiknuva mladite da pravat nemiri niz zemjava i da gi reshavaat problemite PO ULICI namesto insitucionalno. Vistinski profesori vakvi "soveti" ne delat - a i samata si go znae toa, zatoa I NEMA shto da kazhe za vozvrat.
Од: realna
Датум: 17.06.2011 11:54:39
Na Najcevska principite za koi se bori se mnogu jasni, dodeka Vankovska saka da se trudi da izgleda nezavisna so toa sto ufrla po nekoja bllaga kritika za vlasta no potoa vednas balansira i pisuva vo prilog na vlasta stavajki linkovi deka vo sad vo hrvatska kaj ne bilo isto. niednas po ime ne ja prozva Jankulovska so takva zestina kako sto gi etiketira frcko i drugi demonstranti.vrega i omalovazuva sekoj sto ima poinakov stav, novinarot eftov go izvregja isto ama so janko e cudesno fina. bas e poltron na dpmne koj glumi nezavisnost
Од: valerija
Датум: 17.06.2011 12:01:44
Profesorkite mozat da si ja gledat rabotata i dvete, a mladite da gi ostavat na mira. Se vide nivnoto, da bea postarite nesto posebno do sega vo MK ke tecese med i mleko ama izgleda ne e taka. Zatoa neka ne se pletkaat kaj sto ne im e mestoto.
Од: ilija
Датум: 17.06.2011 12:16:58
Ama ste glupi,prvo sledete gi nivnite profili pa ke vidite deka ne se vo komunikacija a ne se ni prijateli na fb kade sto bi mozele da debatiraat a uste pomalku nekoj ili da gi brani nivnite stavovi vo "zestokata debata(od glup mozok zamislena)".
Од: Stefan
Датум: 17.06.2011 13:59:18
Ставовите на Најчевска се освежувачки искрени, директни и крајно издржани. Се прашувам дали во колумната на Ванковска има доза на лицемерие и додворување кон власта ...
Од: lulu
Датум: 17.06.2011 15:43:58
Jas povekje ja cenam Najcevska.
Од: jovana
Датум: 17.06.2011 15:49:34
Vankoska e sosema vo pravo
Од: В. Кратовалиев
Датум: 17.06.2011 17:28:53
Со проблематичен речник, како и некултурното однесување, пред десетина години Најчевска остана запаметена, кога "полемизираше" со З. Јанкуловски. За нејзина утеха, познати по ваквото однесување, има куп "интелектуалци", а барјакот го носи еден друг универзитетски професор.
Од: i.t.
Датум: 17.06.2011 21:28:20
Profesorkata Vankovska bi trebalo da se seti deka izleguvanjeto na ulica vo znak na poddrska na mladite, nuzno ne podrazbira i vodstvo. Na mladite, sepak im e nuzna komunikacija so poiskusnite intelektualci i obicni gragjani. Sosem e vo red angaziranosta na Vankovska na opstestvenata scena, no mi se cini deka e krajno vreme da izleze od sopstveniot egocentrizam.
Од: Пријател од ФБ
Датум: 17.06.2011 23:35:56
Ванковска е склона да БРИШЕ коментари кои не и се бендисуваат, но не и се бендисува кога ќе ја избришат и неа. Отворен дијалог подразбира отворен дијалог. Едно интервју кое и го овозможи Ицо Најдовски од Австралија и даде доволно простор да се изкаже без притисок на време и т.н Јуни 14 Мацедониан на 3ZZZ.com ). Ако го преслушате ќе сватите дека сите се играчки на околностите...пред светски аудиториум се однесуваат културно, а дома се разбира само што не фрлаат псовки...

Најди! во Утрински
Политика
ВМРО-ДПМНЕ денеска слави роденден
Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во ќор-сокак
МВР одговори, ништо не кажа
Стојковиќ

"""