Стојковиќ: Немам врска со „Надеж“ и со „Сорос“
На интернет-блоговите, социјалните мрежи, но и до медиумите постојано пристигнуваат официјални деманти за пристрасно и лажно информирање околу протестите. Во текот на вчерашниот ден, Петар Стојковиќ, кој е дел од Координативното тело за односи со јавноста на граѓанската иницијатива против полициската бруталност, испрати демант и бара јавно извинување за клевета, етикетирање и нарушување на неговиот углед од неколку медиуми. Стојковиќ негира каква била политичка поврзаност со проектот „Надеж“, но и со фондацијата Институт отворено општество - Македонија и нејзиниот извршен директор, Владимир Милчин. Тој тврди дека е неточна информацијата дека бил на обуки во Белград за организација на протести, а вели дека единствена поврзаност со Милчин е неговото студирање на ФД��, каде што Милчин му бил професор. Стојковиќ вели дека, во контекст со спонтаните протести против полициската бруталност, неговата улога и иста како и на секој граѓанин на Македонија што го користи своето уставно право на протест. Доколку не добие јавно извинување од медиумите, ќе поднесе кривична тужба против нив. (Б.Ш.) |